Денес е Света Петка – Летна: Чуда се случуваат на овој ден - Канал 5

Денес е Света Петка – Летна: Чуда се случуваат на овој ден

Култот кон света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. 

Денес е Света Петка – Летна: Чуда се случуваат на овој ден

Култот кон света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска.

Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и со домашни слави се празнува на 27/14 октомври. Поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид. Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхристијанскиот период саботата била празник.

Оттука Параскева значи подготовка. Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани, дека биле христијани и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви. Уште од мала била воспитувана во христијански дух, а и самата влијаела врз луѓето да се однесуваат христијански. Рано ѝ умреле родителите, а таа целиот имот го раздала на сиромаси и се замонашила. Како монахиња со уште поголема жар го проповедала христијанството иако во тоа време оваа вера била забранувана и најжестоко прогонувана од римската власт. Пакосните Евреи први ја наклеветиле кај императорот Антониј Пиј, кој најпрвин со ласкања се обидел да ја придобие да се откаже од својата вера. Но кога во тоа не успеал ја подложил на жестоки измачувања ставајќи и на главата вжештен шлем.

Но и од овие страдања на чуден начин се спасила, побегнала од Рим и продолжила да ја проповеда вистинската вера Христова. Уште на два пати, односно уште во два града Параскева била измачувана, но пак на чуден начин се спасила, неверојатно брзо излечувајќи се од раните. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, а кога била фрлена во котел со врело масло и со катран, таа останала неповредена, а од течноста му прснало на императорот во очите по што тој ослепел. Параскева се помолила на Господа и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале многумина ја примиле христијанската вера. За да ја скријат вистинската причина за нејзиното брзо оздравување, паганите нејзините чуда ги објаснувале со маѓии, а оздравувањето му го припишувале на нивниот Бог. Но самата Параскева еднаш на мачителот му рекла: „Не ме излекуваа твоите Богови, туку мојот единствен Бог Исус Христос.“ Најпосле, некој кнез по име Тарасиј ја исекол со меч. Тоа се случило во II век. Подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пр. Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

-Мини-фустанот малку криеше.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг.

Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание.

Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња.

Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките.

Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации.

Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Организираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. 

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Касно е за перење.

Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ.

Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО.

Граѓаните паметат и знаат.

Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап.

Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште.

Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија.

Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски .

Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.

Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот.

Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ.

Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО.

Но ние знаеме зошто е паниката.

Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност.

Скопје, 27.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакција

Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.

Скандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакција

Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом.

Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“.

Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк.

Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост.

Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“.

Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп.

Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И

сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп.

Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер