Ден пред лидерската средба власта и опозицијата остануваат на своите позиции

Пред утрешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски, власта и опозицијата остануваат на ставовите околу можниот датум за избори.

Од СДСМ велат избори на 14 јуни се можни. Од владејачката партија, ги отфрлија како неточни тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, дека според Венецијанската комисија се потребни 60 дена за избори после вонредна состојба, што би значело некаде во јули.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека засега нема да лицитираат со датуми за избори, бидејќи приоритет е здравјето на граѓаните. Велат на утрешната лидерска средба ќе настапат со план којшто ќе води до избори, но очекуваат одлуката за изборен термин да се донесе со консензус на партиските лидери.

ДПА ја поддржува идејата за избори во средината на јуни. Лидерот на партијата Мендух Тачи смета дека брзи избори се важни за стабилизирање на економијата во наредниот период. Според него треба да се отворат верските објекти, бидејќи битката со вирусот ќе трае.

-Мислам дека после празникот Бајрам по 21, 22 дена да имаме избори. Многу е важно да има избори затоа што покрај оваа битка со вирусот ни претстои уште една голема битка, битка за економско опоравување на нашиот народ, изјави Тачи.

Позицијата на ДУИ што деновиве ја соопшти вицепремиерот Бујар Османи е дека треба да се исполнат два услова за одржување на избори – да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР. Ставот на другите партии се уште се чека.

На лидерската средба кај шефот на државата во Вила Водно поканети се лидерите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, на ДПА, на БЕСА и на Алијансата на Албанците, а ќе присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.

За конечниот датум за одржување на изборите освен партиските лидери, позитивен сигнал треба да даде и Комисијата за заразни болести која се очекува да да даде насоки за спроведување на чинот на гласање и како граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

притисни ентер