БалканДен на жалост: Хрватска денеска им оддава почит на жртвите од земјотресотСо знамиња на половина копје на сите државни и локални институции, во Хрватска денеска им се оддава почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес што на 29 декември ги погоди централните делови на земјата, и во кој настрадаа седум лица.Со знамиња на половина копје, Хрватска денеска им оддава почит на жртвите од силниот земјотрес од 29ти декември. Седуммина ги изгубија животите во рушевините кога тлото во Петриња, Сисак, Глина и околните места се тресеше со јачина од 6,2 степени по рихтер. Најмладата загината е Лаура, која имаше само 13 години. За жителите на најпогодените места, годината започна на ист начин како што заврши. Борбата со студот во доцните часови во шаторите и автомобилите е тешка и за младите и за постарите, но уште потешка за родителите кои имаат мали бебиња. Давид е првото родено бебе во хрватска во 2021 година чии родители се од Петриња, а домот во кој требаше да го помине детството, три дена пред неговото раѓање стана рушевина. ,,Во болницата рекоа дека нема доволно место. Таа и бебето треба да дојдат дома можеби уште вечерва. А каде јас да ги сместам, во автомобил? Каде да ги носам, не можеме во автомобил да спиеме. Овде спиевме па смрзнавме сите тројца, тогаш жена ми се уште беше бремена., вели Ферид Сафиќ – татко на првороденото бебе во Хрватска во 2021 г. Мобилизацијата за парични донации и материјална помош продолжува и понатаму - преку солидарност се обединини целиот регион. ,,Од Австрија, поточно од Тулн, близу Виена. Екипата се собра и тргна? - За краток рок, за еден ден се собравме и одлучивме да дојдеме. Што донесовте? - Се што е потребно за секојдневието, од облека до храна, се. , рече волонтер од Австрија во Глина. Но при распределбата на финансиите од Владата се налути градоначалникот на Петриња. ,,Сите кои добија, добија малку. Премиерот ми даде збор и ми рече: Немојте воопшто да мислите дека нема да ви дадеме повеќе. Тоа мене ми требаше. Мене на некој начин, не можам да речам жал, но пред се бев сигуен дека пораката која ја давам мора да е јасна. Нема никогаш да дозволам политички клуч, освен професионален да доделува финансиски средства. , рече Даринко Думбовиќ – градоначалник на Петриња Според досегашните проценки оштетени се повеќе од 2000 објекти. Помош до Хрватска испратиле 16 држави Уништени се бројни куќи, згради и институции, а најмногу е погоден центарот на Петриња, кој е речиси срамнет со земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook