Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаДен на победата над фашизмот Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер. Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари. На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба. Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка. По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, бројни делегации денеска ќе положат цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата и на партизанските гробишта во Бутел.Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте200-те повици дневно во брзата помош од граѓани кои имале проблеми, заради влошена здравствена состојба со високите температури. Најчесто се колапси, проблеми со крвниот притисок и сообраќајни незгоди. Докторите од брза помош објаснуваат дека влошено и психичкото здравје кај граѓаните кои веќе имале здравствени психички проблеми, а кај дел од граѓаните и заради проблеми со крвниот притисок од топлото време имаат пониска концентрација и се понервозни. Од Институт за јавно здравје со препораки до граѓаните да не се изглегува во најтоплиот период. Во случај на прегревање на телото сончаница, може да се појават симптоми како слабост, вртоглавица, гадење, грчеви во мускулите. Во потешки случаи може да има има из забрзано чукаање на срецето, и губење на свест. Посебно внимателни треба се трудните жени, лицата над 60 годишна возраст и малите деца. Граѓаните да не излегуваат без вода за пиење, светла облека и зашита на главата и очите. Црвениот крст на терен во најтоплите денови во заштита на граѓаните. Тие на граѓаните им даваа вода и им кажуваа совети. Она што е важно во случај на некој да му се слоши треба да се даде прва помош и да се повика итна помош. Од Црвениот крст посебно внимаваат бездомните лица на кои им треба лекарска помош. Граѓаните во брзање ги завршуваат обврските до пладне, иако топлото е уште рано од сабајле. УХМР најавуваат топла работна седмица до 40 степен каде на некои места може да достигнат и над 40 степени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%И ова може да биде вест во Република Македонија.Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај. 27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe. Меѓународниот аеродром Скопје е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6%. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја. Во текот на јули, охридскиот аеродром има раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Овие бројки се потврда дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија. Бојан СтојаноскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзвршени 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јулиПриведени две лица, запленети 702 парчиња риба и 25 рибарски мрежи.Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото од Струга, ги приведоа во полициската станица и против нив се поднесени соодветни пријави. Во текот на акциските контроли, пронајдени се вкупно 25 т.н. висечки рибарски мрежи со должина од четири километри и деветстотини метри кои се најстрого забранети за лов на риба и вкупен улов од 702 парчиња риба охридска белвица, односно вкупно 97.1 килограми. Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, и во текот на наредниот период ќе врши акциски контроли по овој основ, како и по одредбите од Законот за внатрешна пловидба.Тагови: незаконит риболов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08