Ден без автомобили во Брисел - Канал 5

Ден без автомобили во Брисел

Во рамки на „Европската недела на мобилност“, што годинава се одбележува од 16 до 22 септември, денеска во Брисел се организира манифестацијата „Ден без автомобили“, при што во целиот град ќе биде забрането движење на возила.

Ден без автомобили во Брисел

Во рамки на „Европската недела на мобилност“, што годинава се одбележува од 16 до 22 септември, денеска во Брисел се организира манифестацијата „Ден без автомобили“, при што во целиот град ќе биде забрането движење на возила, со цел да им се даде простор на локалните жители и туристите „да го откријат задоволството на пешачењето, возењето велосипед или патувањето со јавен превоз“.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, забраната за движење на возила ќе трае 09:30 до 19:00 часот, период во кој „неговото величество автомобилот“ ќе им отстапи простор на пешаците и велосипедистите да се движат слободно низ вообичаено закрчените со возила градски улици.

Во рамки на манифестацијата ќе се организираат групни возења на велосипед и улични забави во многу делови од градот, а на улиците ќе бидат поставени и штандови за храна и пијалаци.

Групни возења на велосипед ќе има на неколку траси по кои велосипедистите околу 14 часот би требало да стигнат во бриселскиот парк Порт де Нинов.

Во Куќата на активна мобилност во Етербек ќе се организира Голем саем за велосипеди, каде локалните жители ќе може да ги продаваат своите стари велосипеди. Предвидено е Саемот да започне со бесплатен појадок.

На различни локации ќе бидат поставени велосипедски патеки за деца и детски игралишта, а ќе бидат организирани и предавања за безбедноста на патиштата и едукативни работилници за велосипедистите, на кои ќе можат да научат да заменат дупната гума, да го поправат својот велосипед или да се справат со непријатното шкрипење на синџирот.

Во мултидисциплинарниот центар за уметност „Буршхаубург“ во центарот на Брисел во периодот од 11 до 13 часот посетителите ќе бидат послужени со пржени јајца и лубеници, а од пладне ќе може да уживаат и во музиката на уметницата Ленгелер.

На децата уште од претпладневните часови во „Буршкафе“ ќе им се нудат безалкохолни коктели, ќе може да учествуваат на работилници за танц организирани од професионален танчер, како и да се забавуваат со музиката на Ди-Џеј Мекс Даб.

Во попладневните часови на улицата „Огист Ортс“ ќе се одржи концерт на Рита Јашари и Оџу.

За време на „Денот без автомобил“ целиот регион на Брисел ќе биде забранет за движење на моторни возила. Исклучок од забраната ќе има за јавниот превоз, таксистите, возилата на службите за итни случаи и на дипломатскиот кор, како и за возачите со посебни потреби. Трамваите, метрото и автобусите на бриселскиот јавен превоз ќе возат бесплатно, а белгиската националната железничка компанија СНБЦ ќе нуди патувања до дестинации низ цела Белгија со повратен билет за цена од 8 евра.

Од безбедносни причини бриселските тунели ќе бидат целосно затворени за сообраќај, како за возила, така и за велосипедисти и пешаци.

Европската недела на мобилност е годишна манифестација што од 2002 година се организира на иницијатива на Европската комисија со цел да се промовира одржлива урбана мобилност. Секоја годишна Европската недела на мобилност се организира под специфично мото, кое оваа година гласи „Заштедете енергија“./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер