3Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
БалканДемостат: ЕП со остра резолуција, бара меѓународна истрага за изборите во СрбијаЕП ја повика Европската комисија да покрене иницијатива за испраќање експертска мисија во Србија, во која би можеле да бидат вклучени експерти од ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија и Советот на Европа. Европскиот парламент побара независна меѓународна истрага за изборите во Србија што се одржаа на 17 декември, со посебен осврт на изборите во Белград, по примерот на „Извештајот Прибе“ за владеењето на правото во Македонија, се наведува во предлог резолуцијата за српските избори, за кој се усогласија сите пратенички групи во ЕП, јави дописникот на МИА од Белград. ЕП ја повика Европската комисија да покрене иницијатива за испраќање експертска мисија во Србија, во која би можеле да бидат вклучени експерти од ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија и Советот на Европа, за да ја проценат ситуацијата со неодамнешните избори и пост- изборните случувања, со цел да се олеснат предусловите за воспоставување на потребниот дијалог, што би довело до враќање на довербата на јавноста и вербата во институциите. Според неофицијалните информации на Демостат, одредени пратенички групи во ЕП се заложиле за уште поостар текст на предложената резолуција, што би значело целосно прекинување на преговорите за членство на Србија во ЕУ, доколку не се покрене меѓународна истрага. Меѓутоа, како што дознава Демостат, Европската народна партија, чиј член е СНС, не се согласила со тој предлог. Во предложената резолуција, ЕП ги повикува Комисијата и Советот да применат строги условувања и да го намалат или замрзнат финансирањето што се дава за српската Влада преку Инструментот за претпристапна помош III (ИПА III) и други финансиски инструменти, доколку српскатите власти не се подготвени да ги спроведат клучните препораки од изборите, или ако не се подготвени да започнат независна меѓународна истрага за изборни нерегуларности или ако наодите од оваа истрага покажуваат дека српските власти биле директно вмешани во изборна измама. Во предложената резолуција се наведува дека ЕП го поддржува брзото распоредување на ад хок мисија за утврдување факти во Србија како дел од оваа меѓународна истрага, со учество на Европскиот парламент и се додава дека резултатите од оваа истрага треба да се известат до Европската Парламентот. Како што е наведено, мисијата треба да ги процени и адресира систематските прашања за владеењето на правото во Србија, по примерот на „Извештајот Прибе“ за владеењето на правото во Македонија и Босна и Херцеговина. Исто така, Европскиот парламент изразува жалење за недостатокот на институционален одговор на сериозните сомнежи за вмешаност на актуелните власти во изборни манипулации и злоупотреби, со што, како што се наведува, се одржува неказнивоста и се обезбедува континуитет на овие практики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаСДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјатаНова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој.Арамијата од Вашингтон повторно ја промени бајката. До вчера дата-центрите беа иднина без последици. Граѓаните рекоа: вода. Сега вели: затворен круг, воздушно ладење, фреон. Кој зборувал за вода и бучава, не се разбирал во технологија. Се разбира. Физиката не е кампања. Серверите прават топлина. Топлината мора да излезе. Ако не излезе со вода што испарува, излегува со вентилатори, клими и компресори. Тоа "јаде" струја. Воздухот ја пренесува топлината лошо. Затоа воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот е голема клима. Значи, пари на броило. Бучава околу објектот. Водата може да се тргне од приказната. Сметката не. Првата варијанта веќе беше скапа струја за самиот центар. Сега, со „новата“ технологија што ја продава како спас, ладењето станува уште "пожедно" на киловати електрична енергија. Водата е помалку загрозена. Граѓанинот е повеќе загрозен. Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата. А кој тргува со струја знаеме. Мицкоски. И партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија. Омилен бизнис на арамијата: увоз, разлика, провизија. Дата-центарот е нова станица на истата мрежа. Разговори со пет-шест фирми. Имиња под радар. Договор без бројки. Гаранција на камера. Не може да избега од лагата, затоа што зад секоја лага стои криминал и корупција. Прво ја скри водата. Сега ја крие струјата. Америка носи закон да ги заштити домаќинствата од сметките на серверите. Тој дава интервју каде вели - кој прашува на темата е од 19 век. СДСМ бара видлив проект на маса: колку мегавати, каков систем, која цена, кој ја плаќа разликата кога ЕСМ нема. Без тоа сето ова не е технологија. Туку е увоз, облечен во фреон. Водата ја тргнаа од соопштението. Струјата ја оставија на народот. Провизијата кај арамијата. СДСМ не е против дигитализација. Дата-центрите што ги увезува Мицкоски се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПредупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовностПолска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина. Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Како што е соопштено, преземени се мерки за заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите што се граничат со зоните погодени од нападите. Активирани се потребните сили и средства, а системите за противвоздушна одбрана и радарско извидување се ставени во состојба на готовност. Одлуката на Варшава уследи неколку дена откако руско беспилотно летало се урна на само четири километри од полската граница, погодувајќи бензинска пумпа на територијата на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАБраќата Томпсон испишаа историја во НБА – договори вредни 363 милиони долари Младите кошаркари, Аусар и Ајмен Томпсон испишаа историја во НБА, станувајќи првите браќа кои потпишале договори во вредност од најмалку 100 милиони долари.Вкупната вредност на нивните нови договори изнесува 363 милиони долари. Кошаркарот на „Детроит Пистонс“, Аусар Томпсон, се договори за продолжување на договорот на пет години во вредност од 155 милиони долари, при што договорот е целосно загарантиран, пренесува ESPN. Неговиот брат близнак, Амен, претходно овој месец потпиша петгодишен договор вреден 208 милиони долари со „Хјустон Рокетс“. Браќата Томпсон пристигнаа во НБА во 2023 година. „Хјустон“ му укажа доверба на Амен избирајќи го како четврти пик на драфтот, додека „Детроит“ веднаш потоа, од петтата позиција, го избра Аусар. Аусар беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА минатата сезона, откако оствари просек од 9,9 поени, 5,7 скока, 3,1 асистенција и 2,0 украдени топки по натпревар – најмногу во лигата. Во гласањето за најдобар одбранбен играч во лигата, тој го зазеде третото место. Тој исто така одигра одлични натпревари во плејофот, каде што оствари просек од 2,0 украдени топки и 1,8 блокади по натпревар на вкупно 14 средби. Томпсон стана и првиот играч по Ентони Дејвис во 2020 година кој забележал најмалку 25 украдени топки и 25 блокади во една плејоф-серија. Ниту Ајмен не заостанува многу зад својот брат кога станува збор за одбраната. Минатата сезона, тој беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА-лигата, додека во нападот ги оствари најдобрите бројки во својата кариера. Минатата сезона, тој имаше просек од 18,3 поени, 7,8 скока, 5,3 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар во дресот на Хјустон. Браќата Томпсон уште во раната фаза од своите кариери обезбедија договори што ги вбројуваат меѓу најплатените млади играчи во НБА.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook