Демостат: „Де факто признавањето“ на Косово е паричката на Западот за Курти - Канал 5

Демостат: „Де факто признавањето“ на Косово е паричката на Западот за Курти

„Де факто признавање“ е паричката што Западот првенствено ја има наменето за премиерот на Косово, Албин Курти, пишува порталот Демостат, јави дописникот на МИА од Белград.

Демостат: „Де факто признавањето“ на Косово е паричката на Западот за Курти

Како што соопшти Демостат „според толкувањето на познавачите на состојбите, на Курти ќе му биде полесно на домашен терен да објасни дека е неопходно конечно да се формира Заедницата на српските општини (ЗСО), која косовските власти и западната „петорка“ од ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија ја нарекуваат „Заедница на општини со српско мнозинство“.

Изразот „де факто признавање на Косово“, кој деновиве често се споменува во српската јавност, не претставува ништо ново, ниту е знак дека Србија ќе се откаже од ставот дека Косово е нејзин составен дел.

Како што објаснуваат за Демостат извори од дипломатски кругови, Бриселскиот договор, потпишан во април 2013 година, претставува признавање на „новата реалност“ на Косово, бидејќи Србија, меѓу другото, се согласила општините со српско мнозинство на север да бидат интегрирани во Косовскиот правосуден систем.

Во изминатите десет години, Белград и Приштина усвоија низа договори во рамките на Бриселскиот дијалог под покровителство на ЕУ, вклучително и оние за телекомуникациите и енергетиката.

Веќе во јуни 2013 година двете страни разменија офицери за врска. Договорот за телекомуникациите му овозможи на Косово да добие шифра (+383). На крајот на јуни 2022 година, Белград и Приштина го прифатија „Патоказот за спроведување на енергетските договори во рамките на бриселскиот дијалог“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која оваа недела беше на „мини балканска турнеја“, во Приштина по разговорот со косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово треба да го прифати формирањето на ЗСО, додека Србија „де факто“ да го признае Косово.

Фон Дер Лајен во своето обраќање пред новинарите во Белград не е првата која го спомена терминот „де факто признавање“ на заедничката прес конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но како одговор на новинарско прашање, таа објасни дека тоа всушност значи спроведување на договорот постигнат во Охрид.

- За што се работи: имплементација на Охридскиот договор, кој предвидува различни чекори, кои вклучуваат признавање на документите и институциите на Косово од страна на Србија и што оди заедно со формирањето на ЗСО, што треба да го спроведе Косово, рече таа, повикувајќи ги Србите да го поддржат европскиот предлог за статутот на ЗСО, а Косово да го спроведе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ во телефонски разговор со Путин ја договорија цената на гасот

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор.

Вучиќ во телефонски разговор со Путин ја договорија цената на гасот

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор, како и дека разговарале за продолжувањето на гасниот аранжман што истекува на 30 септември и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави Телеграф.

„Верувам дека, по денешниот разговор, тој (гасниот аранжман) ќе биде продолжен и дека ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Граѓаните на Србија треба да знаат дека ќе продолжиме да имаме добра, ниска цена на гасот од 318 евра за 1.000 м3, наместо да плаќаме пазарна цена, која денес е 868 евра“, рече Вучиќ на Инстаграм buducnostsrbijeav.

Тој рече дека за време на долгиот, едночасовен разговор, опфатиле голем број теми - билатералните односи, ситуацијата во регионот, конфликтот во Украина, како и сите други од значење за Србија и Русија.

„Разговаравме и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија, со надеж за решение што е добро за двете страни“, нагласи Вучиќ.

Тој изрази благодарност до претседателот Путин за испраќањето помош во гаснењето на пожарите во Србија и со тоа спречување на поголеми штети.

Тој додаде и дека го информирал Путин дека утре ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија.

„Го информирав претседателот на Руската Федерација дека утре поднесувам оставка и изразив благодарност за досегашната соработка, која трае четиринаесет години, со надеж дека идните претседатели на Србија ќе знаат како одговорно да ја водат надворешната политика на нашата земја, одржувајќи некаков баланс кон сите фактори на меѓународната сцена“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници демнонстранти во Мадрид бараат оставка од Санчез поради мигрантите на Сеута

Илјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.

Илјадници демнонстранти во Мадрид бараат оставка од Санчез поради мигрантите на Сеута

Илјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, каде што пред два месеци влегоа 72.000 мигранти од Мароко.

Демонстрантите, собрани од конзервативната платформа Sociedad Civil Española под слоганот „За достоинство и одбрана на Шпанија“, побараа оставка од премиерот и распишување предвремени избори. Лидерите на десничарските опозициски партии Partido Popular (PP) и Vox учествуваа на состанокот.

„Сеута е сè уште окупирана затоа што Санчез е сè уште марокански слуга“, рече шефот на Vox, Сантијаго Абаскал. Демонстрантите го поздравија со аплауз и извици „Претседател, претседателе!“. „Денес сме на улица заедно со граѓанското општество“, рече тој додека се обраќаше пред медиумите.

Околу 8.300 мигранти се сместени во различни прифатни центри во Сеута

Демонстрантите се упатија кон Триумфалната капија, која се наоѓа во близина на владината зграда. Маршот се одржа во време на заострена политичка и социјална дебата за ситуацијата во градот Сеута, каде што сè уште има голем број мигранти кои влегоа во градот за време на масовниот прилив на крајот на јули.

Околу 8.300 мигранти се сместени во разни прифатни центри во Сеута, додека околу 4.000 сè уште живеат на улиците и плажите. На почетокот на септември, на официјалниот Ден на Сеута, илјадници луѓе учествуваа во протести низ цела Шпанија во поддршка на локалните жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)

Ријана продолжува да ја промовира својата линија долна облека Savage X Fenty. 

Ријана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)

Пејачката и претприемачка објави серија нови фотографии на Инстаграм на кои позира во црвен чипкаст ансамбл од свој бренд.

На фотографиите, таа носи црвен чипкаст градник и соодветни гаќички. Станува збор за модели во нијанса Timeless Red, а градникот е направен од еластична чипка, нема постава и има прилагодливи ремени и копче на задната страна.

Колку чини комплетот?

Цените на производите на Savage X Fenty варираат во зависност од членството и тековните промоции. Сличен црвен чипкаст модел од понудата на брендот, кој е означен и како „Rihanna's Pick“ на нивната страница, чини 56,95 евра за клиенти кои не се членови, додека новите членови моментално можат да го купат за 22,78 евра.

Таа постојано ја промовира својата облека на Инстаграм

Новите фотографии се само продолжение на промотивната стратегија на Ријана. Таа редовно ги претставува своите колекции долна облека лично, па неодамна објави фотографии во црно-бел сет со огрмушки, како и во жолто летно издание. Пред тоа, таа позираше во неглиже со животински принт и сет од три дела во корално црвена боја со цветен дезен.

Нејзините објави редовно го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници. „Токму тоа ни требаше“, е еден од коментарите. Други напишаа: „Го испуштив телефонот! Ни треба предупредување за оваа голема жештина!“ и „Кралицата се врати“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер