Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотДемонстранти ја полија Мона Лиза со супаУште еден инцидент во парискиот Лувр. Демонстранти ја полија со супа сликата на Мона Лиза во Париз, заштитена со стакло.Сликата на Леонардо Да Винчи од 16 век е едно од најпознатите уметнички дела во светот и се чува зад непробојно стакло, па малку е веројатно дека е оштетена. На видеото се гледа како двете жени кои бараат право на здрава и одржлива храна, велејќи дека земјоделскиот систем е болен истураат супа врз сликата, а потоа се протнуваат под заштитната ограда и во знак на протест стојат пред испрсканото уметничко дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од УставотФилипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот.Филипче сака да стане партизан, откако со Заев им дозволија на Бугарите да не потценуваат и да ни го негираат идентитетот, јазикот и културата. Филипче сака да стане партизан откако јасно со Заев подвлекоа дека бугарските фашисти во Втората светска војна биле администратори и ослободители. Филипче треба да одговори зошто маршираа во Прилеп, кога ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот? Дали Филипче ги знае целите на оние кои ги положија животите во Втората светска војна? И конечно да одговори, дали Бугарите во Втората светска војна биле фашисти или ослободители? Филипче, јасно ти порачуваме да не си играш со македонскиот народ. Граѓаните не ти забораваат што направи со Заев додека беше на власт. Филипче и Заев никогаш повеќе! Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Започнаа градежните активности за изградба на новиот мост преку Луда Мара во село МаренаСо уривањето на постојниот мост, започнува реализацијата на проектот за изградба на нов и побезбеден мост, кој ќе овозможи подобри услови за движење и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Проектот е со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. Новиот мост ќе има две коловозни ленти, тротоари од двете страни и вкупна ширина од 8,5 метри. Продолжуваме со вложувања во подобра инфраструктура и побезбедни услови за живот на нашите граѓани! –објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаШтерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија МихаиловаБараме одговорност за сите што ја пуштија Ива Михаилова.Прв политичка одговорност треба да понесе министерот Панче Тошковски. Бараме негова оставка веднаш. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Граѓаните гледаат што се договорало под маса и „под радар“ откако Муцунски беше во Софија. Тошковски ја пушти Михаилова. Ја напуштила земјата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел македонскиот и бугарскиот пасош. Таа јавно вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека граничните службеници знаеле. МВР вели нема евидентиран излез. Јасно е се. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат. Ова е договорено! СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат. Јавноста мора да дознае кој го реализирал договорот и по чив налог. Пет тони дрога поминаа преку граница, нарко дилер побегна од полициската станица, на северната граница серија инциденти, бегства, пречек со црвен килим. Телохранителот на Мицкоски не одговораше, не се реагира на пријава за насилство во семејство што доведе до самоубиство на дете и мајка. Ова се прашања за небезбедност на граѓаните, за нееднаквост пред законот и за неспособноста на МВР да ги исполнува своите обврски. СДСМ бара целосно расчистување на случајот, одговорност за сите вмешани и оставка од Панче Тошковски. Прес-конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter