Демократите продолжија со постапката – Трамп пред отповикување

Одборот на пратеничкиот дом , каде мнозинство имаат Демократите денеска ги одобри обвинувањата за злоупотреба на службената должност и попречување на истрагата за претседателот Доналд Трамп.

Со оваа постапка скоро сигурно Трамп ќе стане третиот претседател на САД во историјата што ќе биде отповикуван.

Судскиот комитет со 23 гласа „за“ и 17 „против“ усвои обвинение против Трамп за злоупотреба на службената должност наводно преку вршење притисок врз Украина да го испита Џо Бајден, можен ривал на изборите во 2020 година.

Комитетот исто така го одобри второто обвинение за спречување на истрагата на Конгресот за аферата со тоа што Трамп ги повикал поранешните и сегашните членови на администрацијата да не соработуваат во истрагата.

Целиот Претставнички дом, каде Демократите имаат најголем дел од обвиненијата, треба да го одобрат следната недела, со што ќе се стави крај на процесот на отповикување и испраќање на Трамп на судење во наредните недели.

Но, голема е веројатноста Сенатот, во кој доминираат Републиканците, да не го прогласи претседателот за виновен и да не го прифати процесот на отповикување.

Трамп е обвинет за злоупотреба на неговите претседателски овластувања за лична политичка корист со притисок над Украина за да се меша во изборите во САД во 2020 година.

Републиканците го бранат Трамп и ги обвинуваат Демократите за политички мотивирана фарса, тврдејќи дека ривалите се обидуваат да го соборат уште од почетокот на неговиот мандат во јануари 2017 година.

Трамп , доколку заврши постапката , ќе стане третиот претседател што ќе биде отповикан. Демократот Бил Клинтон имаше инпичмент во 1998 година затоа што лажеше дека имал секс со практиканката Моника Левински во Белата куќа, но беше ослободен од Сенатот.

Демократскиот претседател Ендру Џонсон се соочи со импичмент во 1868 година, но не беше осуден во Сенатот.

Републиканскиот претседател Ричард Никсон поднесе оставка во 1974 година пред да биде отповикан за аферата Вотергејт.

По разводот, ја видел жената со друг, па ѝ ја разнел куќата и ѝ го убил кучето

Инцидентот што се случил минатиот месец во Есекс, Велика Британија, доби сосема нова димензија откако судските документи станаа достапни за јавноста.

Инспекторите сметаат дека инцидентот е поврзан со семејни односи, а го предизвикал сопственикот на куќата, маж кој се развел од сопругата, пишува ABC Baltimore.

Сѐ се случило на 20 април на Крафтон Роуд.

Дејна Гринсфелдер ја делела куќата со нејзиниот сопруг Мајкл до нивниот развод пред околу еден месец.

Во овој период Мајкл останал со својата мајка, на помалку од еден километар.

На денот на експлозијата, Дејна отишла на скара со друг маж. Мајкл се возел и ги видел двајцата како излегуваат.

Дејна им кажала на детективите дека Мајкл неодамна се заканил дека ќе ја убие неа или себеси.

Според неа, Мајкл имал клуч од куќата, иако таа ноќта ја оставила отклучена.

Камерата од куќата на соседот го снимила Мајкл како се враќа и влегува во куќата околу 19:38, додека Дејна била отсутна.

Само неколку минути по 23 часот, куќата експлодирала. Две минути подоцна, Мајкл бил виден како излегува од куќата и гледа од патот, пред да замине.

Друг сосед го видел Мајкл во близина на шупа во дворот 45 минути пред експлозијата.

Шупата подоцна одиграла клучна улога во решавањето на случајот.

Но, најголемиот пресврт се случил околу 23:50 часот, кога истражителите биле повикани во куќата на мајката на Мајкл.

На местото на настанот, Мајкл имал изгореници од прв и втор степен по целото тело.

Тој признал дека бил во куќата на Дејна и дека бил повреден за време на експлозијата, но негирал дека има некаква врска со тоа.

Куче од противпожарната служба открило запалива течност на облеката на Мајкл, како и на остатокот од урнатините како што е софата.

Инспекторите извршиле увид во подрумот и забележале дека на цевката за гас недостасува железната капа.

Детективите веруваат дека Мајкл користел алатка од шупата за намерно да го отстрани капакот и да дозволи гасот да истече во домот.

Во тој момент, мерачите на BGE покажале проток на природен гас речиси 10 пати од нормалниот, што е во согласност со отстранувањето на капачето.

Првиот и вториот кат целосно се урнале, а куќата е целосно уништена.

За жал, едногодишниот Јоркширски териер на Дејна, по име Ники Минаж, загинал во пожарот.

Поради неговата тежина од едвај повеќе од еден килограм, иследниците мислат дека кучето било зафатено од пламен.

Мајкл сега се соочува со бројни обвиненија, вклучувајќи подметнување пожар, злонамерно палење и суровост кон животни.

Тој во моментов е притворен без право на кауција.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска- Давкова 67,87%, Пендаровски 27,61%

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова освоила 46.037 гласови или 67,87 % од гласовите.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски освоил 18.730 гласа или 27,61 % од гласовите.

Ова се обработени резултати од 8% од избирачките места.

притисни ентер