Демначот на Радукану се обидел да купи билети за Вимблдон 2025 година - Канал 5

Демначот на Радукану се обидел да купи билети за Вимблдон 2025 година

Човекот кој ја демнеше светската тенисерка број 36, Ема Радукану, се обиде да купи билети за Вимблдон 2025, пренесува „Sky Sports“. Неговиот обид беше блокиран.

Демначот на Радукану се обидел да купи билети за Вимблдон 2025 година

22 годишната Ема прв пат била прогонуван од овој човек на ВТА 1000 турнир во Дубаи.

Тој седел во првиот ред на трибините на мечот со Каролина Мухова (6:7 (6:8), 4:6).

Поради ова Радукану се расплакала за време на мечот. Таа се приближила до судијата и се сокрила зад кулата.

Ден пред мечот, тенисерката го сретнала овој човек на јавно место. Тој демонстрирал „несакано наметливо однесување“ кон неа.

Потоа властите во Дубаи го откриле идентитетот на мажот и преку суд му забраниле да и се приближува на Радукану. Неговите податоци ги пренеле и на другите тениските федерации.

Главниот турнир на Вимблдон 2025 година ќе се одржи од 30 јуни до 13 јули.

Фото: Серена Вилијамс во теретана ги покажа стомачните

Една од најдобрите светски тенисерки во историјата, големата шампионка Серена Вилијамс ги импресионираше своите следбеници  на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од теретана на кои ја покажува својата затегната фигура.

Фото: Серена Вилијамс во теретана ги покажа стомачните

Една од најдобрите светски тенисерки во историјата, големата шампионка Серена Вилијамс ги импресионираше своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од теретана на кои ја покажува својата затегната фигура и истакнатите стомачни мускули, изглед што го немаше дури ни за време на нејзините најголеми спортски успеси.

Откако се пензионираше во 2022 година, Серена се посвети на интензивни тренинзи, вклучувајќи HIIT, кардио и тренинг за сила, а третманите со криотерапија на -110 степени Целзиусови ѝ помагаат да остане во форма.

Серена инаку, покрај фотки од теретана објави и фотографии на кои може да се види во елегентен свилен фустан на бретели, кој повторно ја истакна нејзината нова совршена става.

Иако нејзината нова фигура предизвика лавина од позитивни коментари, некои шпекулираа и за нејзината употреба на популарниот лек Оземпик.

Салиу: Отворени се патиштата за директна системска интеграција на Ромите во сите сфери

Минатата година се ангажирани 20 образовни медијатори во 16 општини со претежно ромско население.

Салиу: Отворени се патиштата за директна системска интеграција на Ромите во сите сфери

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, во отчет за сработеното во изминатата година оцени дека се отворени патиштата за директна системска интеграција на Ромите во сите сфери во живеењето. Најголеми постигнувања, според него, има во интегрирањето во образованието, а се работело и на пристапот до здравствени услуги и конкретни проекти насочени кон обезбедување пристапно и достојно домување.

- Нашата држава е лидер и на Балканот и во Европа во поддршка за интегрирање на ромската заедница во образовните институции. Ромите имаат можности, отворени се патиштата за директна системска интеграција со сите сфери. Лидери се во сите области, имаме прецизни податоци, колку се запишани и колку работат, никаде во светот нема Ром министер, во тој дел нашата држава е лидер, рече Салиу денеска на прес-конференција во Владата.

Салиу соопшти дека во образованието обезбедени се средства за поддршка на ромските образовни политики преку две буџетски програми, а вкупниот буџет наменет за имплементација на мерките од Националниот акциски план за образование изнесува 42.442.000 денари, што претставува 60 проценти од вкупниот буџет наменет за Роми на ниво на државава.

Минатата година се ангажирани 20 образовни медијатори во 16 општини со претежно ромско население, со можност, како што рече, за зголемување на 50 медијатори во 30 општини.

- Кај бројот на стипендии за ученици Роми во средното образование и за учебната 2024/2025 година има зголемување од 920 на 1.200. Во постојан пораст е и запишувањето на високообразовни институции. Денес, повеќе од 50 проценти од ромските матуранти продолжуваат на високо образование. За академската 2024/2025 година, Министерството објави конкурс за 150 стипендии за студенти Роми. Особено е значаен порастот на бројот на студентки Роми, рече министерот Салиу.

Во делот на здравството, според него, има значајни постигнувања во подобрувањето на пристапот до здравствени услуги за ромската заедница. Во текот на 2024 година, ангажирани се 19 здравствени медијатори преку договор за дело во различни општини, а годинава издвоени се 6.000.000 денари за имплементација на таа мерка и ангажирани се нови 20.

Во рамките на проектот на Советот на Европа, а во кој учествуваат сите земји потписнички на Познанската декларација, меѓу кои е и Република Северна Македонија, како што рече, се реализираат бројни активности насочени кон решавање на проблемите со домување и имотни прашања во ромските населби, како и образование, вработување, граѓанска документација. Овие активности имаат за цел да обезбедат сигурност во домувањето и подобри услови за живот на ромските семејства, како и зајакнување на правниот статус на оваа заедница. Кабинетот обезбедува поддршка во овие активности преку ангажирање правни советници за конкретни општини и решавање на законските проблеми. Активностите вклучуваат легализација на домови на социјално ранливи домаќинства, што е од особено значење за овие заедници.

Ги посочи капиталните проекти што ги реализира Министерството за транспорт за домување на социјално ранливи групи и подобрување на комунална инфраструктура, во општини со претежно ромско население информирајќи дека до почетокот на 2025 година, завршена е изградбата на 28 објекти со 1.527 станови. Распределбата на становите, укажа, се врши врз основа на јавно објавени огласи и утврдена методологија за бодирање, според која, освен како посебна категорија, припадниците на ромската заедница можат да аплицираат и во други категории согласно критериумите што ги исполнуваат.

Се спроведува, соопшти Салиу, и студија за условите за домување и пристапот до основна инфраструктура (вода, струја, канализација) во: Битола, Гази Баба, Гостивар, Карпош, Кочани, Прилеп, Шуто Оризари, Струмица, Тетово и Велес. Целта е да се креираат насочени политики и да се прибираат средства за подобрување на животните услови.

Министерот Салиу сподели информација дека до 2025 година успешно се решени 21 случај на легализација на имот, од кои во Велес 13, во Кочани пет, во Виница три.

- Подобрена е безбедноста на домување и пристапот до јавни услуги за засегнатите семејства, оцени Салиу.

Во текот на 2024 година, активни биле пет ромски информативни центри сместени во центрите за социјална работа во Неготино, Гостивар, Кичево, Тетово и Шуто Оризари. Преку тие центри се обезбедени вкупно 1.504 услуги, претежно за социјална заштита (1 325 лица), а другите услуги се однесуваат на образование (154 лица), здравствена заштита (8 лица), издавање лична документација (7 лица), вработување (6 лица) и домување (4 лица).

Салиу посочи дека се преземаат активности за справување со антициганизмот кој оцени дека претставува сериозна пречка за социјалната инклузија на ромската заедница и е идентификуван како стратешка точка во националната Стратегија за инклузија на Ромите. Остварена е средба со претставници на Државната комисија за спречување на дискриминација, за потребата од координирана и системска акција во борбата против антициганизмот, на која се разгледале можностите за зајакнување на институционалната поддршка, унапредување на механизмите за заштита од дискриминација и јакнење на свеста за правата и достоинството на Ромите во општеството.

Од активностите за помош на населби и локации каде што живеат најранливите категории, меѓу останатото, информираше дека е остварена посета на населбата Тунел-Бараки во Велес каде живеат 18 семејства со 105 лица кои како последица на природна катастрофа ги изгубиле своите домови, иако за нив поседувале целосна документација. Формирана е Работна група за преземање конкретни активности во врска со препораките дадени од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација,

- Со започнување со работа на Работната група, започнато е и сѐ уште е во тек реновирање на веќе постоечките објекти, до изнаоѓање на трајно решение, соопшти Салиу.

Информираше дека Кабинетот во партнерство со ЕВН е во процес на организирање национална кампања за паметно користење на енергијата, насочена кон целата територија на државата, со посебен фокус на ромската заедница. Кампањата ќе вклучува информативни средби, едукативни материјали и локални активности со цел подигање на свеста за енергетска ефикасност и одговорно користење на ресурсите.

Салиу потсети дека во ноември лани се одржа донаторска конференција за обезбедување помош и поддршка за Ромите на која беа презентирани стратешки проекти за изградба на 1001 дом за лица без домови, културен центар за Ромите, вработување на Ромите преку преквалификација на обуки, дигитална инклузија на Ромите.

YouTube video

Пратениците Ковачки и Сали учествуваа на Рос-Рот Семинарот на ПС НАТО во Брисел

Делегатите од земјите членки на НАТО разговарале и на темaта „Обезбедување на демократијата преку силата: Одбрана, Отпорност и Подготвеност“.

Пратениците Ковачки и Сали учествуваа на Рос-Рот Семинарот на ПС НАТО во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, во состав Драган Ковачки, шеф на делегацијата и членот Беким Сали, присуствуваше на 107. Рос-Рот Семинар, што се одржа вчера и денеска во Брисел, Белгија, во организација на ПС НАТО и Европскиот парламент.

Како што информираат од собраниската прес-служба, ова е прв Рос-Рот Семинар на ПС НАТО, чиј домаќин е Европскиот парламент, со единствена цел да се зајакне и промовира потребата од заеднички и координиран пристап во справувањето со предизвиците и ризиците со кои се соочува денешнината, а кои се закана за демократскиот свет.

Воведни обраќања на семинарот чиј главен фокус бил „ЕУ - НАТО соработка: Суштинско партнерство и отпорност на демократијата“, имале Салваторе Ди Мео, кој е шеф на Делегацијата на Европскиот парламент во ПС НАТО; преку видео обраќање се обратил претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола; Маркос Перестрело, претседател на ПС НАТО; како и амбасадорот Жак Пителуд, шеф на Мисијата на Швајцарија во НАТО.

Говорниците биле единствени во ставот дека ЕУ - НАТО соработката е клучна, доколку сакаме да изградиме Европа која е стабилна, отпорна и целосно посветена на заедничка одбрана на демократските вредности.

На главниот панел, кој бил посветен на соработката меѓу НАТО и ЕУ, како основа за отпорност на демократијата во ера на хибридна војна и надворешни мешања, излагања имале еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и Радмила Шекеринска, заменик-генерална секретарка на НАТО.

Еврокомесарката за проширување, Кос нагласила дека ако сакаме да ги браниме нашите демократски и заеднички вредности, тогаш мораме да се обединиме. Во овој контекст, оценила таа, најголем геополитички успех на ЕУ е токму проширувањето и посочила дека е клучно ЕУ да го обедини европскиот континент, со што безбедносно ќе се зајакне и ќе спречи надворешни недемократски влијанија.

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Шекеринска истакнала дека клучен партнер за НАТО е ЕУ, при што нагласила дека приоритет треба да биде зголемување на военото индустриско производство, зголемување на отпорноста од сајбер напади и саботажи, како и создавање услови бруталната руска агресија врз Украина да заврши побрзо, бидејќи украинската безбедност придонесува за нашата безбедност.

Во рамките на петте сесии на Семинарот е дискутирано за најважните предизвици со кои се соочува денешнината, како што е „Спротивставување на надворешните влијанија во демократските процеси“, но и „Соработката меѓу ЕУ и НАТО во справувањето со дезинформациите и манипулациите со информациите“.

Делегатите од земјите членки на НАТО разговарале и на темaта „Обезбедување на демократијата преку силата: Одбрана, Отпорност и Подготвеност“.

Шефот на македонската Делегација во ПС НАТО, пратеникот Ковачки истакнал дека Македонија, како членка на НАТО, се соочува со пречки на патот кон членство во Европската Унија поради прашања поврзани со идентитетот, покренати од земја сојузничка која е членка и на НАТО и на ЕУ.

Тој нагласил дека евроинтеграцијата е вистинскиот пат и стратегиска заложба на нашата држава, но изрази загриженост за насоката во која се движи овој процес, бидејќи постои реален ризик истиот да биде искористен од трети страни за свои интереси, алудирајќи на гласањето во Европскиот парламент за отстранување на референците за македонскиот идентитет и јазик, чекор што сериозно ја наруши довербата што со години внимателно ја градиме.

Ковачки истакнал дека довербата е темел на секое партнерство, сојузништво и пријателство. Усвојувањето на амандмани за бришење на македонскиот идентитет и јазик испраќа порака дека „силата е право“, со што се остава впечаток дека помоќните актери можат да ја наметнат својата волја, игнорирајќи ги принципите на еднаквост и взаемна почит врз кои се темелат и ЕУ и НАТО.

Тој потенцирал дека како држава остануваме целосно посветени на напредокот кон полноправно членство во Европската Унија, но неопходни се и искрени, реципрочни напори од нашите партнери за да се зајакне довербата и да се зачуваат вредностите на еднаквост и почитување.

Во рамките на 107. Рос-Рот Семинар се разговараше и за „Градење на глобални сојузи за демократска отпорност“, а посебно внимание беше посветено на Белорусија и предизвиците со кои се соочува демократијата во оваа земја, како и за предизвиците за демократската отпорност со кои се соочуваат Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.

Последната сесија била посветена на „Поддршката на украинската борба за демократија и парламентарното управување на безбедносниот сектор“.

Во рамки на 107. Рос-Рот семинар била отворена и изложбата „ПС НАТО - 70 години парламентарна дипломатија“.

Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО) е мултилатерална организација која воспоставува суштинска врска меѓу НАТО и парламентите на НАТО нациите, обезбедува поширока транспарентност на политиките на НАТО и придонесува да се зајакнат трансатлантските вредности на Алијансата.

ПС на НАТО брои 281 делегат од 32 земји членки на НАТО, како и делегати од асоцијативни земји членки, регионални партнери и од Медитеранските асоцијативни земји членки како и парламентарни набљудувачи од други земји и парламентарни собранија (ПС на ОБСЕ и ПС на СЕ) и делегација од ЕП, кои исто така, земаат учество во неговите активности. Собранието претставува критички форум за меѓународен дијалог на парламентарци за стратешки и безбедносни теми од заеднички интерес на НАТО.

притисни ентер