Демири за Канал 5: Нема ограничување, на прес конференцијата може да ги поставите сите прашања - Канал 5

Демири за Канал 5: Нема ограничување, на прес конференцијата може да ги поставите сите прашања

По еднонеделен молк министерот Демири се очекува денеска да даде одговори на сите прашања поврзани со скандалот со Хируршките клиники. 

Демири за Канал 5: Нема ограничување, на прес конференцијата може да ги поставите сите прашања

Нема ограничување, можете се да прашате, одговори на прашање на Канал 5 министерот за здравство Илир Демири околу најавената прес конференција. Граѓаните чекаат објаснување зошто веќе девет дена салите се затворени, и дали непријатната миризба е поврзана со проблеми со системот за довод на кислород.

Канал 5 веќе објави дека обвинителството ќе истражува дали има кривично дело во овој случај...Од ВМРО-ДПМНЕ прашаа дали салите се затворени поради системот за компримиран воздух или се работи за бактеријата МРСА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Се што ќе договори опозицијата за Изборниот законик ќе прифатиме, се додека дијаспората ќе може да гласа

Денеска одржавме уште една средба на работната група за Изборниот законик, на којшто по наша иницијатива сакавме да го искористиме моментот да ги прашаме другите партии коишто се соучесници на тој кворум.

Стојаноски: Се што ќе договори опозицијата за Изборниот законик ќе прифатиме, се додека дијаспората ќе може да гласа

Денеска одржавме уште една средба на работната група за Изборниот законик, на којшто по наша иницијатива сакавме да го искористиме моментот да ги прашаме другите партии коишто се соучесници на тој кворум, дали има одредено унапредување во однос на ставовите од претходниот пат. Нашиот став беше да дадеме можност во законот и да отвориме простор за дијаспората да се изјаснува на модел којшто е различен од овој сега. Знаете дека нашиот предлог беше прво електронско гласање, потоа заради одредените различни ставови со опозицијата го променивме во поштенско гласање и укажавме дека гласањето треба да се регулира со поздаконски акт којшто ќе биде донесен на Државната изборна комисија, до крајот на 30.09.2028 година. Од политичките партии коишто се дел од опозицијата бевме информирани дека нема промена на ставовите, со што ние како коалиција, заедно со Влен и со ЗНАМ понудивме еден друг модел, којшто сметаме дека треба да биде прифатен, бидејќи нашата цел е дијаспората да може да се изјасни на помасовен начин од тоа што може сега. И ние понудивме вака, да седнат политичките партии коишто се дел од опозицијата, тоа се ДУИ, СДС, Левица, како и некои други помали политички партии. И меѓусебе да се договорат за сите различности коишто ги имаат, отприлика 4 клучни работи, бидејќи гледаме дека платформите им се исти, но се разликуваат во деталите. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи и да седнат и меѓусебе да се договорат дури и за моделот за изјаснување на дијаспората. Сето тоа коешто овие опозициски партии кое ќе го понудат до нас преку еден пречистен текст на закон, ние тоа ќе го прифатиме. Повторувам, сето тоа коешто ќе го доворат, Левица, СДС, ДУИ и другите опозициски партии, од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изброна единица и сите детали коишто се инкорпорирани ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно-загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно вклучени алармите: Оваа европска земја „гори“

Француската метеоролошка служба соопшти дека 61 департман во Франција денес се под портокалово ниво на предупредување и дека се очекува топлотниот бран да трае до крајот на оваа недела.

Повторно вклучени алармите: Оваа европска земја „гори“

„Метео Франс“ најави температури меѓу 35 и 38 степени низ целата земја, додека на југозападот на Франција тие би можеле да достигнат 41 степен, пренесува BFMTV.

Пожарот во департманот Источни Пиринеи, кој зафати површина од 4.900 хектари, сè уште не е локализиран, соопшти префектот на департманот, Пјер Рењо де ла Мот.

„Опфатот на пожарот изнесува 40 километри. Пожарникарите ја продолжија жестоката борба со огнот во текот на ноќта“, рече тој. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека пожарот не е локализиран, но додаде дека сепак е „стабилизиран на неколку места“.

Околу 800 пожарникари се сè уште ангажирани во гаснењето на пожарот, а се очекува и дополнителна помош од воздухопловните сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина повредени на трката со бикови во Памплона

Петмина тркачи беа повредени денес за време на трката со бикови – првата од овогодишниот фестивал „Сан Фермин“ во градот Памплона во северна Шпанија – но никој од нив не се здоби со повреди опасни по живот. 

Петмина повредени на трката со бикови во Памплона

Тие главно се здобија со модрики. Долгите и остри рогови на биковите не предизвикаа сериозни повреди, извести државниот радиодифузер РТВЕ (RTVE) од овој познат, но контроверзен настан. Три лица беа пренесени во болница.

Фестивалот во чест на заштитникот на градот, Свети Фермин, започна во понеделникот и завршува следниот вторник.

Секое утро, шест бикови за борба – од кои некои тежат над 600 килограми – предводени од неколку питоми волови, се насочуваат да трчаат низ тесните улици на стариот град кон арената, каде што во доцните попладневни часови се одржуваат борбите со бикови.

Секоја година, десетици тркачи - претежно млади мажи - се повредуваат додека ја тестираат својата храброст на патека долга приближно 825 метри.

Од 1924 година, регистрирани се 16 смртни случаи, а последниот се случил во 2009 година. Протести и контроверзии Оваа година, како и во претходните години, групите за заштита на животните протестираат против овој традиционален настан - кој се одржува од 1591 година - кој станува сè поконтроверзен во Шпанија.

Активистите за права на животните долго време се спротивставуваа на трчањето со бикови, опишувајќи го како „средновековна тортура“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер