Демир Капија доби библиотека - Канал 5

Демир Капија доби библиотека

Во Демир Капија почна да работи библиотека, која располага со книги за сите љубители на пишаниот збор од македонски и странски автори, како и со лектирните изданија за основното и средното образование.

Демир Капија доби библиотека
Во склоп на библиотеката, која се наоѓа во Домот на културата „Мирка Гинова" има и читална во која граѓаните секој ден можат да ги прочитаат дневните весници.

- Бидејќи во Демир Капија подолго време немаше библиотека, потребата од истата беше неопходна што се гледа и од податокот дека секојдневно ученици, вработени и пензионери ја посетуваат за подигање на книги и за читање на дневен печат. Со моја заложба и поддршка од Министерството за култура успеавме да добиеме библиотека со близу 10 илјади наслови, рече демиркапискиот градоначалник Трајче Димитриев.

Библиотеката денеска ја посетија и директорите на јавните и државни претпријатија, пензионерите и учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери.

Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери, бидејќи, како што вели, наш партнер во НАТО станува прибежиште за осудени или лица против кои се водат судски постапки.

Случајот со Михаилова и нејзиниот татко, рече Мицкоски може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да да ја избегнат правдата, бегајќи во Бугарија.

-Не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму“кажа Мицкоски.

Според премиерот, има политички сили кои очекуваа емотивна реакција од властите во Македонија во врска со случајот, но, напротив, рече тој, земјава реагира надвор од ваквите очекувања, повикувајќи на дијалог за изнаоѓање решенија за проблемите.

Тој го повтори ставот што го кажа претходно во изјава за медиумите, дека Ива Михаилова и нејзиниот татко кога-тогаш ќе се соочат со правдата.Во однос на заминување на Михаилова во Бугарија, Мицкоски во интервјуто уште еднаш ги отфрли како невистинити тезите дека таа и нејзиниот адвокат ја поминале границата на регуларен граничен премин.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ рече дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, оценувајќи дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора

Српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на „Алта пеј груп“ (Alta Pay Group), бил вратен од аеродромот во Подгорица, откако му било врачено решение со кое му се забранува влез во Црна Гора од причини поврзани со националната безбедност. 

Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора

Ова за црногорскиот весник „Вијести“ го потврдиле неколку независни извори. Мацура е поранешен сопственик на ланец менувачници, чиј деловен подем, според неделникот „Радар“, се совпаднал со доаѓањето на власт на Српската напредна странка.

Овој медиум објави дека неговата компанија „Алта пеј груп“ за пет години остварила нето-добивка од 59 милиони евра.

Мацура е и претседател на Управниот одбор на „Алта банка“, а неговите деловни активности опфаќаат финансиски сектор и недвижности. Неговата компанија „АБЛ Солвент“ (ABL Solvent) го купи имотот на поранешната Индустрија за мотори и трактори (ИМТ) во Нов Белград за 70 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени, известуваат од УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер