Деми Мур конечно за причината за разводот со Брус Вилис: Малку жени ќе го издржеа тоа - Канал 5

Деми Мур конечно за причината за разводот со Брус Вилис: Малку жени ќе го издржеа тоа

Брус Вилис и Деми Мур беа еден од најубавите парови во Холивуд. Успешни, заљубени и со прекрасно семејство.

Деми Мур конечно за причината за разводот со Брус Вилис: Малку жени ќе го издржеа тоа

Меѓутоа, во 2000-тите одеднаш објавија дека се разведуваат по 13 години брак. Иако однадвор изгледаше совршено, се покажа дека нивниот брак има многу проблеми.

Во далечната 1987 година, Брус Вилис и Деми Мур се сретнаа на премиерата на еден филм.

„Тој рече: „Мислам дека треба да се венчаме“. Се шегувавме, се разбира, но одеднаш се чинеше дека тој воопшто не се шегува“, изјави еднаш Деми.

Во нејзините мемоари од 2019 година Inside Out, таа искрено ги откри своите лични борби и го опиша своето детство и врските, вклучувајќи го и бракот со Брус. Од првиот момент беа целосно луди еден по друг. И двајцата биле подготвени да основаат семејство, па таа останала бремена само четири месеци по свадбата, односно првата брачна ноќ. Во бракот имаа три ќерки Румер, Скаут и Талула.

Таа сакала да се врати на актерството, но тој не се согласил. Сакал да остане дома и само да им биде мајка на нивните ќерки.

„Ова никогаш нема да успее ако работиш“, ѝ рекол тој.

И покрај неговите желби, Деми добила неколку понуди и повторно почнала да работи. Таа во книгата напишала дека има болки. Тој беше премногу „напорен“ и контролирачки, а таа била „бунтовничка која не се откажуваше“.

Брус и отежнувал, инсистирајќи на тоа дека не можат да работат и да бидат родители. За да му го докаже спротивното, Деми ја однела својата ќерка на филмски сет, приспособувајќи го нејзиниот распоред на неговиот. На крајот, Брус одлучил дека не сака повеќе да биде во таков брак. Не можел да го поднесе вниманието што таа го добивала.

„Тој сакаше семејство, но копнееше и за возбуда. Во основа, тој сакаше да го прави она што го сака. Имаше 36 години, додајте слава и пари во таа равенка. Математиката е едноставна“, се присети Деми.

Меѓу работите што ги сакал Брус биле и други жени, убедена е Деми, која се сомневала дека нејзиниот сопруг ја изневерува со актерката Џануар Џонс.

Тие поминувале многу време одвоени поради работата, а нивните блиски пријатели откриле дека барањата за работа и долгорочното снимање во различни делови на светот го оптоваруваат нивниот брак.

„Нашето пријателство продолжува. Институцијата беше ставена на страна“, изјави Брус по разводот.

Тоа го докажаа сите овие години. Тој го помина локдаунот поради Ковид-19 во нејзината куќа, а неговата сегашна сопруга Ема и Деми се пријатели. Неговата поранешна сопруга му е голема поддршка дури и за време на неговата болест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар

Од полноќ нови цени на горивата. По само две недели дизелот повторно ќе се продава со цена повисока од 100 денари.

Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг.

Новите повисоки цени регулаторна ги откри попладнево. Повеќе детали има Игор Манасиевски. Регулаторна непшто подоцна од вообиучаено ги соопшти новите цени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски се сретна со Ландау: Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.

Мицкоски се сретна со Ландау:  Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области

„Во Њујорк остварив официјална средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

На средбата беа и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик помошник-државен секретар за Европа.

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави.

Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери. Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи.

Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, за економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и за улогата на земјава како сојузник во НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност.

Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери. Градиме односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која треба да носи резултати за граѓаните и за државата.

Особено значајно е што имаме директен и отворен дијалог со американската администрација. Ваквите средби се можност нашите позиции да бидат јасно претставени и македонските интереси да бидат слушнати таму каде што се разговара за важни регионални и глобални прашања.

Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет.

Токму таква држава градиме. Исправена, со јасен став и сигурна иднина.“- Обрави Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвото

Во извештајот на Обединетите нации се наведува дека неодамнешните американски воздушни напади врз бродови осомничени за шверц на дрога го прекршиле меѓународното право и би можеле да се сметаат за злосторства против човештвото.

ОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвото

Во извештајот на специјалниот известувач Бен Сол се наведува дека од септември минатата година, во Карипското Море и во Тихиот Океан, надвор од територијалните води на САД, биле извршени најмалку 68 американски напади во кои загинале повеќе од 220 луѓе, пренесува Би-би-си.

Извештајот беше објавен два дена откако американската војска соопшти дека убила четворица луѓе во напад врз брод на Карибите. „Потврдени разузнавачки податоци открија активна вмешаност на пловниот објект во трговијата со дрога. Во операцијата беа убиени четворица нарко-терористи“, се вели во соопштението на „Southcom“ – командата на американските сили во регионот – која исто така објави видеоснимка од нападот.

Американската војска ја започна операцијата наречена „Southern Spear“ на почетокот на септември. Сепак, официјалните лица не понудија цврсти докази дека целните бродови навистина биле вклучени во шверц. Министерот за одбрана Пит Хегсет претходно изјави дека целта на операцијата е да се отстранат „нарко-терористите од нашата хемисфера“ и да се заштитат САД од „дрогата што ги убива нашите луѓе“.

Кршење на правото на живот

Сол истакна дека целите, дури и ако можат да се идентификуваат како припадници на одредени терористички групи, не извршиле вооружен напад врз САД што би го активирал правото на самоодбрана според меѓународното право. Во извештајот објавен денес од Советот за човекови права на ОН, Сол наведе дека „таквите напади претставуваат низа вонсудски убиства со кои се крши правото на живот, бидејќи не се оправдани со национална или лична самоодбрана“.

Сол додаде дека за нив не постои оправдување според меѓународното хуманитарно право, правото на море, конвенциите за борба против наркотици или меѓународното право за борба против тероризмот. „Постојат разумни основи да се верува дека 68-те пријавени напади, во кои загинаа 223 лица, претставуваат злосторства против човештвото во форма на убиство според обичајното меѓународно право“, заклучи Сол.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер