Дембеле: Ако одиграме како што знаеме можеме секого да победиме - Канал 5

Дембеле: Ако одиграме како што знаеме можеме секого да победиме

Македонскиот женски ракометен првак Вардар вечер ќе го одигра мечот со Хипо од 2. коло во Лигата на шампионите.

Дембеле: Ако одиграме како што знаеме можеме секого да победиме
Најдоброто лево крило од минатата сезона во елитното натпреварување, Сираба Дембеле, очекува Вардар да биде се подобар и подобар од натпревар во натпревар и во Виена да ги освои бодовите.

- Мислам дека полошо од првиот натпревар не можеме да играме и затоа моите надежи се дека ќе бидеме подобри и подобри во секој нареден натпревар. Не знам за Хипо и не треба да гледаме како играат тие. Мора да се фокусираме на нашата игра и да се обидеме секогаш да играме најдобро што можеме. Ако играме така мислам дека можеме да победиме секого, дури и кога играме на гости, изјави Дембеле.

Хипо исто како и Вардар загуби во 1.коло. Австријките беа совладани од Митјиланд со 21:33.

Почетокот на натпреварот е во 20 часот и 15 минути. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила

Вечерва со дуелот меѓу бранителот на титулата Арсенал и тимот на Ковентри стартува новата сезона во најсилното светско фудбалско првенство англиската Премиер лига. Во новата сезона ќе има и неколку нови правила. 

Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила

Новата сезона во англиската Премиер лига, која започнува денес со натпреварот меѓу бранителот на титулата Арсенал и Ковентри (во 21:00 часот), воведува низа важни измени во правилата.

Овие мерки, чија цел е да се забрза играта и строго да се казнува губењето време, се однесуваат на изведувањето на прекини, протоколите при повреди и примената на ВАР-технологијата.

За разлика од Светското првенство одржано летово – каде што играчите добиваа картони доколку ги покриваа устите со рацете додека комуницираа – Премиер лигата одлучи да не воведува такво правило.

Покрај тоа, нема да се применуваат ниту задолжителните паузи за освежување, какви што се гледаа на Светското првенство во 2026 година.

Промени во Премиер лигата: Пет секунди за изведување на аут и гол-аут. Ако судијата процени дека играчот одолговлекува, започнува видливо одбројување од пет секунди. Ако времето истече, топката му припаѓа на противникот за изведување аут, додека по гол-аут се доделува корнер.

Повреден играч мора да остане надвор од теренот една минута – зголемување од претходните 30 секунди – доколку играта била прекината поради неговата повреда. Постојат исклучоци, како на пример кога повредата настанала како последица на прекршок за кој противникот добил картон.

Симулирање повреди од страна на голманите. Ако голман падне и предизвика прекин што тимот го користи како еден вид тактички тајм-аут, тренерот мора да одреди еден играч од својот тим кој ќе го напушти теренот на една минута.

Замената на играч не смее да трае подолго од десет секунди. Ако играчот премногу бавно го напушта теренот, на неговата замена нема да ѝ биде дозволено да влезе во игра во наредната минута.

VAR за првпат добива надлежност во врска со вторите жолти картони. Системот може да интервенира ако вториот жолт картон бил доделен поради очигледна грешка – на пример, ако всушност не бил направен прекршок. Сепак, VAR не може да побара доделување втор жолт картон доколку судијата на теренот не го доделил.

VAR исто така ќе може да интервенира во врска со прекршок во напад направен пред изведување прекин (стандардна ситуација), под услов акцијата што следи да резултира со гол, пенал или дисциплинска санкција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

Пет лица се исчезнати, а осум се повредени во пожарот што синоќа уништи станбена и деловна зграда во швајцарскиот град Тусис.

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си.

Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле на местото на настанот. Интервенцијата била исклучително тешка бидејќи скалите на зградата се урнале, па пожарникарите морале да користат кран за да го пробијат покривот за да пристапат до внатрешноста. И покрај тешките услови, 14 лица биле спасени од запалената зграда.

Состојба на повредените и истрага

Од осумте повредени, двајца се здобиле со сериозни повреди, двајца умерено сериозни, додека четворица се здобиле со полесни повреди. Сите се однесени во болниците во Хур, Тусис, Иланц и Цирих. Првичните резултати од истрагата покажуваат дека пожарот започнал на вториот кат, но точната причина сè уште се утврдува. Истрагата ја спроведуваат заеднички полицијата и канцеларијата на државниот обвинител.

Тусис е град во алпскиот регион Граубинден, популарна туристичка дестинација во источна Швајцарија позната по своите зимски спортови и летни активности на отворено.

Фото: ФБ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница

Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница, Филипче и Заев го менуваат Законот за градење за да можат да ги изградат модуларните болници.

Лефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница

Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница.

Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата.

Предметот фати прашина во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за да сега по 5 години, да се затвори судскиот процес, без да има истрага.

Ова е тоа корумпирано и корозирано судство и обвинителство, кое работи под диригентските палки на СДС и ДУИ.

Зошто сметаме дека Филипче е директниот виновник во ово случај? Затоа што пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го промениле Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава Министерството за здравство, односно тогашниот министер, Венко Филипче.

Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од владата за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.

За овие работи, има евиденција во проектната единица во Министерството за здравство и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023.

И по ова, Абази вели дека случајот треба да се затвори, затоа што не постои сомнение за злоупотреба на службена положба.

Поради вакви корумпирани поединци како Абази, Филипче наместо да одговара, тој ќе се смее од партиската говорница и ќе ужива на јахтата на Заев.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер