Делови од Украина без струја и греење по руските напади врз енергетската инфраструктура - Канал 5

Делови од Украина без струја и греење по руските напади врз енергетската инфраструктура

Во делови на Украина се уште нема струја и греење, откако руската војска изминатата ноќ изврши масовен напад со проектили и беспилотни летала врз повеќе градови - вклучувајќи ги Киев и Одеса - при што на удар беше енергетската инфраструктура.

Делови од Украина без струја и греење по руските напади врз енергетската инфраструктура

Ова беше најголемиот руски воздушен напад врз Украина во последните три месеци, со лансирани 120 проектили и 90 беспилотни летала, при што загинаа седум лица, а предизвикана е и голема штета на електричната мрежа.

Украинскиот претседаел Володимир Зеленски на Телеграм објави дека воздушната одбрана ги пресретнала повеќето проектили и дронови, но призна дека има штети на цивилни објекти и на енергетската инфарстуктура.

- Нашата противвоздушна одбрана уништи повеќе од 140 воздушни цели. За жал, има оштетувања на објекти од ударите и паднатите остатоци од урнатите проектили и дронови, рече Зеленски.

Посочи дека руските напади првенствено биле насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, што резултирало со прекин на електричната енергија во одредени области.

Украинските власти соопштија дека се запалени две станбени згради во Киев, а експлозии се забележани и во Запорожје, Днипро, Криви Рих и Одеса.

Во неколку области, напојувањето е исклучено како мерка на претпазливост за да се спречи потенцијално преоптоварување на мрежата доколку бидат погодени енергетските капацитети.

Руското Министерство за одбрана потврди дека намерно била гаѓана електроенергетската мрежа на Украина, бидејќи целната инфраструктура ја снабдувала украинската индустрија за оружје со електрична енергија.

Денешните руски напади се случуваат на речиси 1000 дена од почетокот на војната во Украина.

Укринформ, повикувајќи се на податоци на Хјуман рајтс воч, објави дека само во изминатиот месец во Украина загинале 183 цивили, а 903 биле ранети. Од почетокот на руската инвазија, пак, убиени се вкупно 12.162 цивили, а 26.919 се повредени./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа.

Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка.

На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер.

На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание.

Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата.

Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи.

За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер