Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење
2Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ТенисДелириум на Србите во Аделаида: Ѓоковиќ заигра оро на теренот, публиката на трибините (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ и Ник Киргиос приредија спектакл на хуманитарниот егзибициски натпревар во Род Лејвер Арената, кој се одржа како увертира на Австралија Опен.Пред 15.000 гледачи двајцата одлични шоумени приредија шоу за паметење. По загубениот сет, Ѓоковиќ му пришол на Кирјиос и му побарал пијачка, по што заедно наздравија. Делириумот на трибините, каде што имаше многу Срби, почна кога засвири ужичко оро преку системот за јавно обраќање. На мелодијата што ја знае секој Србин, започна танцувањето на трибините, но и на теренот. Ѓоковиќ играше во ритам и замавна со пешкирот, што ги доведе во транс и онака делириозните Срби. Srbi cepaju kolce na tribinama Rod Lejvera pic.twitter.com/NFXxogrQAA — Kalabaster (@KalabasterJak) January 13, 2023 Ѓоковиќ потоа му кимна со главата на својот тренер Горан Иванишевиќ и му рече: „Горан, не ми требаш повеќе!“ Ова го слушнаа сите на трибините и прснаа од смеење, меѓу кои и Иванишевиќ. When you even the score 🕺🏻@djokernole grabs the second set 4-2 against Kyrgios to level the match.#AusOpen • #AO2023 pic.twitter.com/c7i1OrtNsh — #AusOpen (@AustralianOpen) January 13, 2023 Ѓоковиќ и Киргиос одиграа два сета, по што беше 1:1, а во последниот сет им помогнаа играчи во инвалидски колички и деца. Fan involvement is reaching new heights 😂@DjokerNole • #AusOpen • #AO2023 pic.twitter.com/qonGzSpqxN — #AusOpen (@AustralianOpen) January 13, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаУчениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музејГрадоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка.Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во Природонаучниот музеј. Согласно договорот, учениците од основните училишта во Карпош во текот на учебната 2026/2027 година ќе имаат можност за неограничен број посети на Музејот, со обезбедени групни влезници. Дополнително, за учениците ќе се организираат тематски работилници, предавања, презентации и практична настава, реализирани од стручни лица и експерти од областа на природните науки. Целта на оваа соработка е да се поттикне интересот кај учениците за природните науки и природното наследство, но и наставните содржини да се изучуваат на поинтересен, подинамичен и практичен начин. Со оваа иницијатива, Општина Карпош продолжува да вложува во современо образование и создавање нови можности за учење и развој на најмладите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗасилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возењеСо учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштат.Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL. Во текот на акцијата, полициските службеници континуирано ја следеа и мереа брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина. При контролите беа констатирани 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL. Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај.Тагови: ROADPOL Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочесна артилериска стрелба по повод Денот на АрмијатаНа 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата. Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија. Тагови: артилериска стрелба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21