ЖивотДелфини во Мексиканскиот Залив позитивни на кокаинИстражувачи тестирале 89 делфини во Мексиканскиот Залив и откриле дека 30 од нив имаат одредено ниво дрога во своето тело, а 24 биле позитивни и на лек против болки, којшто е 100 пати посилен од „Морфиумот“.Податоци за местата на концентрацијата на кокаин не се објавени. Новиот труд откри и присуство на „Фентанил“ кај овие морски животни. Седативот „Мепробамат“ и мускулниот релаксант „Карисопродол“, исто така, се најдени во мастите на тестираните животни. Испадна дека тие не ги внесувале дрогата и лековите орално - со пиење вода, туку преку кожата. Стручњакот за цицачи, Дара Орбах рече дека фармацевтските производи и дрогата којашто оди како отпад во водите се сериозни микрозагадувачи на светско ниво. - Нивното присуство е забележано и во слатководните екосистеми, реките и океаните на многу места низ светот. Кога се истражува загадувањето, делфините често се користат како биоиндикатори за здравјето на одреден екосистем бидејќи делфините имаат маснотии богати со липиди што можат да ги складираат загадувачите што ги бараме, појасни Орбах. Хусеин Абдула, професор по Хемија на американскиот Универзитет „А eнд М“ во Тексас, Корпус Кристи, додаде дека овие наводи подигнуваат „црвено знаме“ за опасност. - Резултатите од тестот се она што јас би го нарекол - црвено знаме, ние сме загрижени и треба дополнително да истражиме и да видиме колку е навистина голем проблем ова? Дали е ова само случај со делфините во Мексиканскиот Залив или е, всушност, веќе вообичаено во водите ширум светот?, прашува проф. Абдула. Во јули оваа година, научниците потврдија дека и ајкулите коишто живеат во водите кај Бразил беа позитивни на кокаин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаТранспортерите следниот понеделник излегуваат на протест пред делегацијата на ЕУ во СкопјеИдниот понеделник македонските превозници излегуваат на двочасовен протест пред делегацијата на ЕУ во земјава. Бараат изнаоѓање на преодно решение за проблемот на професионалните возачи со престојот во Шенген зоната. Простестот како што посочија од асоцијацијата Макам Транс, се одржува ден пред состанокот на работната група во Брисел на кој треба да се разговара токму по ова прашање. Пред канцелариите на ЕУ според најавите ќе има минимум 20 возила и голем број сопственици, возачи и други вработени, а двочасовни протести од 12 до 14 часот ќе се одржат и во Србија, Босна и Црна Гора. „Со сите превозници од Западен Балкан се договоривме да направиме еден симболичен протест на 31.08 со почеток во исто време во 12 часот ќе трае два часа со цел да испратиме порака до надлежните органи во Европската унија за изнајдување на преодно решение додека да се смени визната стратегија бидејќи самите признаа, што ќе се случува по натаму ќе зависи од состаноток во Брисел ние сите разговараме правиме анкети и анализи и ќе бараме најоптимално решение кое не би довело до штета на нашите држави.“- Биљана Муратовска – МАКАМТранс. Од транспорт и денеска повторија дека како надлежна институција имаат целосно разбирање за македонските трнаспротери и се превземаат сите активности за изнаоѓање на решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Ресорниот министер Александар Николоски најави склучување на нови договори, посочувајќи дека на тој начин земјава самостојно го решава проблемот. „Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени. Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија...“ -Александар Николоски – министер за транспорт. И додека властите преговараат со земјите членки поединечно, од асоцијацаијта макам транс, велат доколку на состанкот на први септмеври не се доенсе преодно решение, на 14 ти е можен нов протест но на граничните премини... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаПожарот на Китка, меѓу Студеничани и Зелениково го обви во чад и Скопје Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба. Граѓаните од претпладнето се жалат на чадот, кој е раширен буквално во сите населби. Во центарот на градот е Афродита Рамос. Афродита се знае ли точно на што се должи ваквата состојба? -Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, ЦУК. Во моментов во Македонија се активни неколку пожари. Каде се има жаришта и каде е најкритично? -Најкритично меѓу Студеничани и Зелениково Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПопладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветерТоплото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слично време се очекува и во Скопје. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15