МакедонијаДелегација предводена од претседателот Костадиновски на билатерална средба во Уставниот суд во РоманијаДелегација на Уставниот суд предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски денеска, во Букурешт oдржа билатерална средба со претставници на Уставниот суд на Романија.Во фокусот на средбата беа улогата и надлежностите на уставните судови во заштитата на супрематијата на Уставот, како и на перспективите за билатерална соработка. Заедничка тема на средбата беше: „Јавната комуникација на уставните судови”. Покрај претседателот Костадиновски, дел од делегацијата беа судиите проф. д-р Ана Павловска Данева, м-р Фатмир Скендер, Генералниот секретар на Судот м-р Виолета Георгиевска и Љубица Гаџовска, шеф на Кабинетот на претседателот на Уставниот суд. На почетокот на средбата, претседателката на Уставниот суд на Романија, Елена-Симина Танасеску упати поздравно обраќање, во кое истакна дека оваа работна средба е знак на длабока заемна почит и истовремено, автентичен израз на заложбата за градење и зацврстување блиски односи меѓу двата уставни суда. „Сметам дека ваквите средби се уште поважни во време кога уставните судови се повикани да одговорат на сè посложени предизвици и кога заштитата на владеењето на правото, уставната демократија и основните права бара не само институционална цврстина, туку и дијалог, заедничко размислување и размена на добри практики“, изјави Танасеску. Таа, исто така, истакна дека Уставите на Романија и на Македонија биле донесени во 1991 година, во историски контекст длабоко обележан со трансформацијата на Централна и Југоисточна Европа и со воспоставувањето нови темели на владеењето на правото и уставната демократија. Претседателката, исто така, посочи дека избраната тема на разговорите е особено актуелна, бидејќи во општество во кое информациите се движат со досега невидена брзина и во кое од јавните институции постојано се очекува да ги објаснуваат своите одлуки, комуникацијата повеќе не може да се смета за секундарен елемент од работата на еден уставен суд. „За еден уставен суд, јавната комуникација мора да постигне деликатна рамнотежа: од една страна, почитување на правната природа и авторитетот на уставната одлука, а од друга страна, легитимната потреба на граѓаните да го разберат образложението и значењето на одлуките кои можат директно да влијаат врз нивниот живот. Во суштина, станува збор за довербата. А јавната доверба не може да се наметне. Таа се гради со текот на времето, преку професионализам, независност, транспарентност и способност на институцијата на ригорозен и јасен начин да ја објасни улогата што ја има во уставната архитектура“, истакна претседателката на Уставниот суд на Романија. На средбата, од страна на Уставниот суд на Романија,покрај претседателката Танасеску, која е и претседателка на Асоцијацијата на франкофонските уставни судови, учествуваа и судиите Георге Стан, Михаела Чиокина, Михаи Бусуиок и Асталош Чаба Ференц, како и Бенке Кароли, прв судиски асистент, Кристина Титиришка, судиска асистентка и директорка на Кабинетот на претседателката. Претседателот на Уставниот суд на Македонија, д-р Дарко Костадиновски, го истакна големиот предизвик со кој денес се соочува традиционалното сфаќање според кое „судовите зборуваат само преку своите одлуки“. „Тоа не е затоа што судските одлуки ја изгубиле својата централна улога, напротив, тие и понатаму остануваат главната и најавторитетната форма на комуникација на еден суд. Меѓутоа, начинот на кој денес се создаваат, пренесуваат и толкуваат информациите суштински ја промени средината во која функционираат уставните судови“, изјави претседателот Костадиновски. Во таа насока, во своето обраќање тој издвои неколку суштински аспекти: Од транспарентност кон активна институционална комуникација; Судот треба да биде извор на информации, а не само тема во медиумите; Целта не е популарност, туку јасност; Отсуството на одлуки или институционалниот молк не се секогаш неутрални; Транспарентноста мора да има јасно утврдени граници; Формата може да се менува, но правната суштина останува непроменета; Дигиталната комуникација е и двонасочен процес; Нашето искуство потврдува дека постои вистински интерес кај јавноста за директно информирање; Отвореноста може да биде и средство преку кое независноста станува видлива. Следниот чекор во овој процес беше воведувањето директен пренос на седниците на Уставниот суд; Комуникацијата не може да го замени независното и висококвалитетно судско одлучување. „Транспарентноста и јавната комуникација не се идентични поими. Поголемата транспарентност не значи дека уставните судови треба да влегуваат во јавна дебата. Постои суштинска разлика меѓу тоа да се објасни една одлука и таа јавно да се брани. Критиката на судските одлуки е легитимен елемент на секое демократско општество. Улогата на Судот не е да ја задушува критиката, туку да обезбеди јавната дебата да има пристап до точни информации за тоа што Судот навистина одлучил. Токму затоа рамнотежата е многу тешка: отвореност без политизација, достапност без популизам и комуникација без нарушување на судската воздржаност“, истакна претседателот Дарко Костадиновски. Во рамки на билатералната средба, судијата Асталош Чаба Ференц имаше презентација на тема: „Дали се менува јавната комуникација на уставните судови? Дилеми и предизвици“. Работната средба се одвиваше во дух на отвореност и пријателство, а двете страни особено ја оценија подготвеноста за развивање вистински судски дијалог и размена на искуства меѓу двата суда. На крајот од средбата, претседателот Костадиновски беше поканет да се потпише во Книгата на честа на Уставниот суд на Романија, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапуваЗа влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ, мора да има и кривична и политичка одговорност.СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески. Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски. Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност. Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка. Скопје, 25.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
БалканБугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондовиЕвропската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата. Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто. Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен теренКралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите. Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода. Cherki equalized for Manchester City. https://t.co/UXHRSCkNF5 — Nirel (@Nirel01) November 24, 2026 Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1. Лига на шампиони, 5. коло вторник Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2 Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77 Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55 Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57 Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76 РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58 Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57 среда 18:45 Сабах - Барселона 18:45 Славија - Виљареал 21:00 Атлетико Мадрид - Викинг 21:00 Клуб Бриж - Ливерпул 21:00 Интер - Штутгарт 21:00 Лил - Баерн 21:00 ПСЖ - Рома 21:00 Шахтјор - Фенербахче 21:00 Спортинг - Манчестер ЈунајтедТагови: Лигата на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook