Делегација предводена од министерката Божиновска во посета на термоелектраната Тушимице, Чешка - Канал 5

Делегација предводена од министерката Божиновска во посета на термоелектраната Тушимице, Чешка

 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството и делегација од ЕСМ остварила посета на термоелектраната Тушимице во Чешка. 

Делегација предводена од министерката Божиновска во посета на термоелектраната Тушимице, Чешка

Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по 200 MW.

За време на посетата, како што денеска соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, делегацијата била запознаена со процесите на ископување, преработка и согорување на лигнит, што се добива од локалните рудници Наступ-Тушимице и се транспортира директно до котларницата преку лентов транспортер.

Претставниците на термоелектраната ги презентирале технологиите што се користат за зголемување на ефикасноста и намалување на емисиите, вклучувајќија и модернизацијата спроведена во периодот 2007–2011 година, со цел продолжување на работниот век и подобрување на еколошките перформанси.

Министерката Божиновска ја истакнала важноста на ваквите посети за размена на искуства и најдобри практики во енергетскиот сектор, особено во контекст на енергетската транзиција и интеграцијата на обновливите извори на енергија. Таа ја нагласила потребата од примена на напредни технологии за намалување на емисиите и зголемување на енергетската ефикасност во термоелектраните во Македонија.

- Претставниците на ЕСМ изразија интерес за соработка со чешките колеги во областа на модернизација на постоечките капацитети и имплементација на иновативни решенија за производство на електрична енергија. Новинарските екипи имаа можност директно да се запознаат со функционирањето на термоелектраната, што ќе придонесе за подобро информирање на јавноста за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, се додава во соопштението.

Во периодот од 2007 до 2012 година, Тушимице II била целосно обновена, што ѝ овозможува работа според најновите европски стандарди до приближно 2035 година, кога се очекува исцрпување на рудникот Либоуш. Ефикасноста на електраната е зголемена за шест проценти, што резултира со заштеда на 14 проценти од горивото по произведен MWh. Надградената постројка овозможува согорување на јаглен со понизок квалитет од рудникот Либоуш во иднина. Опремата за десулфуризација на издувните гасови (FGD), изградена во периодот 1994–1997, исто така е надградена и сега ги исполнува најстрогите стандарди за емисии по 2016 година. Намалувањето на штетните емисии е значително.

Во јуни 2024 година било објавено дека Владата ја одобрила идната санација на рудникот преку негово потопување. Ќе биде создаден резервоар за вода Либоуш по завршување на ископувањата во Наступ Тушимице во регионот Хомутов. Според информациите, ископувањето на јаглен би требало да престане во периодот меѓу 2030 и 2040 година.

Оваа посета, се посочува во соопштението, претставува значаен чекор кон зајакнување на билатералната соработка меѓу Македонија и Чешка во енергетската област, со цел постигнување на одржлив и сигурен енергетски систем.

Нов робот-помошник за домашни работи

Норвешката фирма за роботика „1-Икс“ го претстави својот нов човековиден робот, дизајниран за извршување на домашни работи, пишува „Лајф сајенс“ (Live Science).

Нов робот-помошник за домашни работи

Роботот „Нео гама“ (Neo Gamma), инаку покриен со плетен најлон - е двоножен андроид којшто може да ракува со правосмукалка, да пере и дипли алишта и да прави кафе. Во првото видео, роботот е прикажан и како служи чај, исправа рамка за слика, чисти прозорци и презема намирници, додека луѓето - сопственици ручаат, читаат книга итн. Иако компанијата соопшти дека робот сѐ уште не е подготвен за продажба и поширока јавна употреба, овој нов модел е во фаза на ограничено тестирање во неколку домови.

Сѐ ова ќе им овозможи на инженерите да ги тестираат својствата на навигација, говорните команди и вештачката интелигенција на роботот.

YouTube video

- Не е така далечна иднината кога сите ќе имаме свој робот-помошник дома, како 'Рози' или 'Бајмакс'... Човековидните роботи навистина се интегрираат во секојдневниот живот, но мора да продолжат да се развиваат заедно со луѓето, а не во изолација, рече Бернд Берних, извршен директор на „1-Икс“.

Според него, домот го обезбедува реалниот контекст и разновидноста на податоците потребни за роботот да развие интелигенција и самоуправување. Тоа, се вели, го учи и на нијансите во човековиот живот - како да отвора врата за постари, внимателно движење околу домашните миленици и да се прилагоди на непредвидливоста на светот околу нив.

„Нео гама“ бил подучуван со користење податоци добиени од снимање човеково движење, што му овозможило да оди со „природно човечко одење и движење на рацете“, и со способност за наведнување и седење на стол.

Рацете на роботот имаат повеќе зглобови, еластични мотори, како и четири микрофони и вградени звучници за комуникација со луѓето. Плетениот најлон однадвор би требало да ја намали силата на можните удари и влијанија врз опкружувањето и да ја зголеми севкупната безбедност. /МИА

Сане пред нов договор со Баерн

Германскиот крилен напаѓач Лирој Сане (29), чиј договор со Баерн истекува на крајот на јуни, најверојатно ќе остане во баварскиот клуб, објавија денеска германските медиуми.

Сане пред нов договор со Баерн

Истите извори наведуваат дека иако Сане не беше задоволен од понудата на најтрофејниот германски клуб, позициите на двете страни се приближиле околу продолжување на соработката.

Баерн му понуди тригодишен договор со фиксна годишна плата од десет милиони евра и до пет милиони во бонуси. Сане бараше повисока фиксна плата, но најновиот предлог на неговиот менаџер е блиску до она што го нуди клубот од Минхен. Во двата случаи, Сане би заработувал 15 милиони евра по сезона со бонуси.

Сане ја почна својата кариера во Шалке и се пресели во Манчестер Сити во летото 2016 година. По четири сезони во Англија се врати во Германија, а во јули 2020 година потпиша за Баерн, кој плати трансфер од 49 милиони евра. Оваа сезона Сане постигна 13 голови и додаде шест асистенции. /МИА

Социјалистичката партија на Еди Рама со убедливо водство по вчерашните парламентарни избори

Социјалистичката партија на Еди Рама убедливо победи на вчераодржани парламентарни избори во Албанија, со што албанскиот премиер е на пат да добие четврти последователен мандат.

Социјалистичката партија на Еди Рама со убедливо водство по вчерашните парламентарни избори

Според се уште нецелосно пребројаните резултати на албанската Централната изборна комисија, социјалистите во чија коалиција е партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, освоила 52,5 проценти од гласовите, односно 83 пратенички мандати во 140-члениот парламент.

Зад нив, со 34,5 проценти е коалцијата предводена од Демократската партија на Сали Бериша, која освојува 51 пратеничко место. Рама, која според резултатите самостојно ќе може да формира влада, во предизборната кампања фокусот го стави на забрзување на членството во Европската унија, со амбиција Албанија преговорите да ги заврши за две години.

притисни ентер