Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб - Канал 5

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Иницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска.

Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески.

Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост.

Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност.

Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 14 јули нови правила за „Giveaway“ со новиот Закон за игрите на среќа

„Лајк, сподели и означи тројца“ пријатели за да добиеш патување, мобилен телефон или било каква друга награда од 14-ти јули ќе биде под лупа на институциите .

Од 14 јули нови правила за „Giveaway“ со новиот Закон за игрите на среќа

„Лајк, сподели и означи тројца“ пријатели за да добиеш патување, мобилен телефон или било каква друга награда од 14-ти јули ќе биде под лупа на институциите – она што досега изгледаше како обична игра за следбениците на „инфлуенсерите“ на социјалните мрежи добива нова рамка и правила – министерството за финансии ги регулира со закон популарните „giveaway – и“ кои сега ќе бидат дефинира како игри на среќа.

Целта е, според надлежните, да се знае кој организира, а кој и на каков начин добива награди, па, инфлуенсерите и компаниите, пред да ги организираат дарувањата ќе треба да ги исполнат новите административни услови за да ја добијат дозволата, која треба да ја побараат 30 дена пред почетокот на играта од министерството.

-Доколку организатор на подарувањето е трговец поединец, кон барањето за издавање дозвола доставува правила на подарувањето, докази за потекло на наградите, документ за регистрација изваден од централниот регистар, информација за економско-финансиската состојба врз основа на последната годишна сметка, доколку вршел деловна активност, доказ за платен надоместок за поднесување на барањето во износ од 100 евра во денарска противредност, како и доказ за подмирени јавни давачки по основ на даноци, царини и придонеси,- – Министерство за економија.

Во ред е да се регулираат награди како автомобили, станови и други поскапи работи, но не и цвеќари кои нудат букет како награда – вели инфлуенсерката Јелена Спенџарска за Канал 5. Според неа, потребна е регулатива, но истата треба да биде соодветно воспоставена според вредноста на објавата.

-Бутикот кај мене во „маало“ кој што навистина сака да подари три фустанчиња на некој на кој можеби навистина му требаат, или цвеќарата која што сака да подари букет за да се сподели некој „лајк“ или чисто да се направи некој „brand awareness“ на некоја мала компанија мислам дека треба да се направат отстапки токму за овие луѓе. Министерството тука пореално ги согледа работите, во случај на giveaway со станови, нели станови се дела или автомобили или не знам било што, тука законот треба да важи. Тука е секако во ред, поддржувам, не можеш туку така стан да добиеш – можеш ама треба да има некои процедури.-Јелена Спенџарска – Инфлуенсерка.

Законот воедно предвидува, правилата на играта да бидат јавно објавени пред истата да започне, а резултатите, односно добитниците, да бидат објавени најдоцна три дена по извлекувањето. Наградите, парични или стоковни, ќе треба да бидат доделени во рок, не подолг од 60 дена од објавените резултати.

Дополнително, во правилата задолжително ќе треба да бидат наведени организаторот, производите или услугите кои се рекламираат, условите за учество, времетраењето на играта, начинот на извлекување на добитниците и вредноста на наградите, а ќе има и постапка за приговор, како и забрана за учество на вработените кај организаторот „giveaway-от“ и неговото потесно семејство. Од здружението на инфлуенсери засега нема официјален став.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 август лекот „Фостер“ ќе биде достапен со партиципација од 280 денари

Од 1 август инхалаторниот лек за астма и ХОББ Фостер ќе биде достапен без доплата, само ќе се плати партиципација од 280 денари. 

Од 1 август лекот „Фостер“ ќе биде достапен со партиципација од 280 денари

Претставникот на постојаниот бренд достави известување дека ја прифаќа новата рефернтна цена, која ќе почне да се применува по исцрпувањето на веќе доставените количини, изјави првиот човек на фондот за здравство Сашо Клековски.

Од фондот најавија дека сериозно ќе се контролираат аптеките во делот на неиздавање на лекови на рецепет кои се на пријави на граѓани.

Фондот во иднина ќе воведе мерки со цел да се намали цента на лековите. Тоа е воведување на повеќе лекови на позитивната листа и конкуренција преку генерички лекови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР: Нерамномерна распределба на над 23 милиони евра за вработување во АВРМ во 2024 година

Нерамномерна распределба на средствата за вработување и субвенционирање,  краткотрајни договори на дело, хонорари кај само еден адвокат за повеќето услуги- ова се само дел од забелешките на ревизорите за Агенцијата за вработување за 2024та годи.

ДЗР: Нерамномерна распределба на над 23 милиони евра за вработување во АВРМ во 2024 година

Според извештајот, од направената анализа е утврдено дека се фаворизирале неколку градови во кои се исплатени поголемиот дел од парите и се надминувала утврдената квота дури четири пати.

-За активните мерки за вработување во 2024 година се исплатени 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05% од мерката самовработување и над 50% од мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се реализирани во само неколку градови Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, додека останатите добиле значително помал удел.

Слабости се утврдени и во користењето на паричните средства за други услуги- повеќе од 90 илјади евра биле исплатени за адвокатски услуги, медијација, вештачења и судски такси, од кои најголемиот дел завршиле кај само еден адвокат.

-77,46% од расходите за адвокатски услуги се реализирани преку еден адвокат. Извршени се исплати без целосна поткрепувачка документација и без соодветна контрола на фактурираните услуги. Дополнително, за вештачења во износ од 881 илјада денари не е спроведена постапка за јавна набавка, а за 740 илјади денари не е обезбедена документација за извршените услуги.

Во извештајот е наведено и дека членовите на Управниот одбор земале надоместоци во износ од околу 6 илјади евра, за периоди кога воопшто не одржувале седници. Констатирани се слабости во системот на мониторинг, ретки теренски контроли, ниска ефикасност на обуките за ИТ вештини... Од ДЗР потенцираат дека наспроти овие бројни неправилности со финансиските средства во Агенцијата, посебниот фонд за вработување на инвалидни лица не ги добивал сите средства кои му следуваат согласно законот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер