МакедонијаДелегација на Собранието учествуваше на Рос-Рот семинар во ЕреванСеминарот беше организиран од ПС НАТО и Ерменскиот парламент, со финансиска поддршка на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) и Владата на Швајцарија.Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, во состав Драган Ковачки, шеф на Делегацијата и Беким Сали, член, учествуваше на 108. Рос-Рот семинар, што се одржа вчера и денеска во Ереван, Република Ерменија. Семинарот беше организиран од ПС НАТО и Ерменскиот парламент, со финансиска поддршка на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) и Владата на Швајцарија. На семинарот, како што соопшти собраниската прес-служба, учествуваа голем број парламентарци од земјите членки на ПС НАТО и придружните членки, како и од земјите партнери, високи функционери и претставници на меѓународни организации, невладиниот сектор, универзитетите, владите и претставниците на јавното мислење. Семинарот го отворија Маркос Перестрело Де Васконселос, претседател на ПС на НАТО, Андраник Кочарјан, шеф на Ерменската делегација во ПС на НАТО, Сурен Папикјан, министер за одбрана на Република Ерменија и Андреа Бауман, амбасадор на Швајцарија во Република Ерменија. Како главни воведничари беа Рубен Рубинјан, потпретседател на Парламентот на Република Ерменија и Бурчу Сан, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО за оперативни активности. -Своите излагања тие ги посветија на актуелните прашања за безбедноста и одбраната од страна на земјата домаќин, заедничките демократски вредности во областа на Јужен Кавказ, како и меѓународниот поредок во овој поглед. Се презентираа моменталните одбранбени капацитети на Ерменија во контекст на обезбедување на безбедноста на граѓаните и нивниот имот, како и преглед на потенцијалните ризици и закани во контекст на безбедносните предизвици кои се од интерес на НАТО, се наведува во соопштението. Парламентарците, како што стои во соопштението, имале уникатна можност да разменат мислења и да имаат дискусија за прашања што се однесуваат на „Мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан: патот напред и преостанатите предизвици; Геополитичката конкуренција и внатрешните предизвици во областа на Јужен Кавказ”; „Ерменија и Јужен Кавказ во светот што се менува: Зајакнување на демократијата и регионалната безбедност“, „Геополитичка конкуренција и внатрешни предизвици во Јужен Кавказ“, „Партнерството на Ерменија со НАТО и Европската Унија“, „Зајакнување на демократската отпорност во Ерменија и пошироко“, „Безбедност и хибридни закани во Ерменија и регионот“, „Економски предизвици и соработка во областа на Јужен Кавказ“ и „Зајакнување на демократското управување со безбедносниот сектор во рамките на партнерските области: предизвици, пристапи и лекции“. Учесниците дискутирале и по прашањата за споделените демократски вредности, меѓународниот поредок базиран на правила и мерките за зајакнување на парламентарните демократии, регионалниот развој и динамика, како и прашањето за политичката ситуација во Грузија и перспективите за решение на моменталната ситуација меѓу Ерменија и Азербејџан. Тагови: собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 4. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 4. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас. Кариера Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат. Здравје и совет Почастете се со нешто што го посакувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување. Здравје и совет Согледувајте ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце. Кариера Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите. Здравје и совет Ќе бидете прифатени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно. Кариера Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво. Здравје и совет Здрави сте и весели. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа. Кариера Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници. Здравје и совет Не може се да биде совршено. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри. Кариера Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете. Здравје и совет Не е забрането ако сакате да се опуштите. Овен 21.3-20.4. Љубов Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги. Здравје и совет Дишете длабоко. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. Самците засега ќе останат осамени. Кариера Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка. Кариера На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте. Здравје и совет Малку пополека и обмислено. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат. Кариера Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби. Здравје и совет Би можеле да поместите планини. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа. Кариера Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите. Здравје и совет Во право сте целосно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува. Кариера Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи. Здравје и совет Излезете на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16