Делегација на СДСМ им оддаде почит на загинатите бранители кај Карпалак - Канал 5

Делегација на СДСМ им оддаде почит на загинатите бранители кај Карпалак

По повод 20 годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили, делегацијата на СДСМ денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак.

Делегација на СДСМ им оддаде почит на загинатите бранители кај Карпалак

По повод 20 годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили, делегацијата на СДСМ во состав Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ, Александар Бајдевски, претседател на градска огранизација на СДСМ во Скопје и Марија Иванова, потпретседателка на СДММ, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак.

На тој трагичен ден, животот го загубија: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски. Вечна им слава!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното море

Романија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.

Романија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното море

НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај.

Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки.

Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објект

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа.

Кривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објект

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа при легализација на бесправно изграден објект во струмичкото село Куклиш.

Од министерството за внатрешни работи информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство во Струмица. Покрај Костадинов, опфатени се и поранешната раководителка на секторот за урбанизам во општина Струмица и управител на правно лице од Битола, кое во меѓувреме е ликвидирано.

Според МВР, во 2022 година Костадинов и поранешната раководителка, злоупотребувајќи ги своите службени овластувања, му овозможиле на физичко лице од Куклиш да легализира објект изграден без соодветна документација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милановиќ го осуди величењето на нацизмот во Сплит: Ова е срамно и недозволиво

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го осуди однесувањето на дел од навивачите на Торцида, кои вчера во Сплит, пред фудбалскиот натпревар Хајдук и Ајакс во Конференциската лига, извикуваа пароли со кои ги величеа нацистичкиот и усташкиот режим.

Милановиќ го осуди величењето на нацизмот во Сплит: Ова е срамно и недозволиво

„Недозволиво, срамно и за секоја осуда е однесувањето на дел од навивачите на Торцида во Сплит. Извиците и постапките со кои отворено се слават нацистичкиот и усташкиот режим бараат итна и систематска реакција од хрватската полиција, државното обвинителство и, на крајот, судовите. Ги повикувам сите надлежни институции крајно сериозно да пристапат кон истрагата за овој срамен настан, за такво нешто повеќе да не се повтори“, порача Милановиќ.

Тој нагласи дека осудите од владата повеќе не се доволни и побара конкретни мерки и санкции.

„Зборовите на осуда што ги слушаме од владата повеќе не се доволни. Потребни се мерки и санкции што ќе покажат дека во хрватска нема место за величење на нацизмот и усташтвото“, истакна хрватскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер