Делегација на МАЕИ во посета на Муфтиството во Корча - Канал 5

Делегација на МАЕИ во посета на Муфтиството во Корча

 По повод големиот празник Рамазан (Фитр) Бајрам делегација на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, денеска беше во посета на муфтиството во Корча.

Делегација на МАЕИ во посета на Муфтиството во Корча

Според Стерјовски на срдечната, пријателска средба, во празнична атмосфера, од свое име, од име на партијата и Македонците во Албанија, на Муфтијата Ледиан Цикалеши а преку него и на сите муслимански верници им го честитале овој голем празник.

-Му посакавме на муфтијата овој свет ден да донесе здравје, радост, среќа, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, информираше за МИА, Стерјовски.

Исто така посочиме, рече тој, дека толеранцијата и меѓурелигискиот соживот се вредности што нè обединуваат и нè збогатуваат како општество.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!

Легендите на светскиот тенис Грег Руседски и Џим Куриер се согласуваат: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а неговата статистика го потврдува тоа.

Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!

Поранешните тенисери Грег Руседски и Џим Куриер, кои сега работат како тениски аналитичари и новинари, во подкастот „Off Court With Greg Rusedski“ разговараа за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња – но сосема накратко.

Немаше простор за полемики, бидејќи тие се согласија дека тоа е Новак Ѓоковиќ, што е поткрепено со многубројни аргументи.

Ѓоковиќ има најмногу освоени гренд слем титули (24) и мастерс титули (40), а исто така поминал и најмногу недели на врвот на АТП-листата (428) во најсилната тениска ера во историјата. Покрај тоа, тој има освоено и олимписко злато, а во меѓусебните дуели е поуспешен и од Федерер и од Надал.

Сепак, и покрај овие факти, многумина се обидуваат да наметнат други аргументи, како што се елеганцијата, влијанието врз тенисот и џентлменското однесување – категории што не можат објективно да се измерат или потврдат.

Токму затоа, и Руседски и Куриер истакнуваат дека таквите аргументи не можат да бидат релевантни во спортот, каде резулатите се оние што одлучуваат.

Во врска со констатацијата дека некои застануваат на страната на Федерер, поранешниот грен слем освојувцач Џим Куриер објаснува дека тоа зависи од личните преференции, но дека тоа не може да послужи како аргумент дека некој е подобар:

„Па, тоа целосно зависи од поединецот. Тоа е една од оние работи што се поврзани со левата и десната хемисфера на мозокот. Како го гледате светот? Дали сте емотивна личност или повеќе се потпирате на бројки?“, вели Куриер.

„Јас сум емотивен, но во вакви дискусии повеќе се потпирам на бројките. Едноставно, ја ставам мојата ’адвокатска капа‘. Како би можел да добијам дискусија ако од едната страна ги имаме Рафа, Пит, Роџер или Род Лејвер, а од другата – статистичките показатели на Новак? Мислам дека бројките на Новак секогаш би победиле“, нагласува Куриер, додавајќи дека не постои аргумент што може да го „оспори“ она што оди во прилог на Новак Ѓоковиќ.

„За мене, Новак е најдобриот тенисер на сите времиња, а неговата константност е клучна. Никогаш немам видено некој на 39-годишна возраст да игра на толку високо ниво како него. Притоа, тој играше против различни генерации тенисери. Беше тука во времето на Енди Мари, кога тој и Рафаел Надал доминираа, а Новак рече: ’Не, не, јас ќе најдам решенија‘. Претходно имаше проблеми со дишењето, имаше проблеми со физичката подготвеност, но најде начин да ги надмине“, изјави Руседски.

„Покрај тоа, тој секогаш се бореше за она во што веруваше како човек. За време на пандемијата на коронавирусот, тој не играше бидејќи одби да ја прими вакцината, иако можеше да избере полесен пат. Има толку многу работи кај Новак што ги ценам. А оваа година имаше можност да ја освои својата 25-та гренд слем титула.“ На крајот, Руседски вели: „Ако стигне до 25, тогаш веќе нема да има простор за дискусија, но тоа е малку веројатно. Сепак, кога ќе кажете дека нешто е малку веројатно за еден од големите шампиони, понекогаш тој знае да ве изненади.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НОВАТА OPEL CORSA GSE ЈА ОВОИ НАГРАДАТА ‘ЗЛАТЕН УПРАВУВАЧ 2026‘

„Најдобар мал автомобил“: Најмоќната Corsa досега уште еднаш го потврдува статусот на Corsa како водечки модел во класата на мали автомобили. 

НОВАТА OPEL CORSA GSE ЈА ОВОИ НАГРАДАТА ‘ЗЛАТЕН УПРАВУВАЧ 2026‘

„Најдобар мал автомобил“: Најмоќната Corsa досега уште еднаш го потврдува статусот на Corsa како водечки модел во класата на мали автомобили.

Мотоспорт ДНК: 207 kW (281 КС), вртежен момент од 345 Nm и забрзување од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди, побрза од кој било друг актуелен сериски модел на Opel.

Успех низ годините: Досега, производителот од Rüsselsheim има освоено вкупно 23 награди.

Комбинирани вредноси за Opel Corsa GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 16.0-17.0 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A

Комбинирани вредноси за Opel Mokka GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A

Во Opel, кратенката GSE означува „Grand Sport Electric“ или со други зборови, возбуда, брзина и емоции. Новата Opel Corsa GSE е уште една потврда за тоа. Најмоќната верзија досега на овој бестселер во класата на мали автомобили ги надмина своите конкуренти и ја освои наградата „Златен управувач 2026“ во категоријата „Најдобар мал автомобил“. Со освојувањето на ова престижно признание на јубилејното, 50-то доделување на наградите „Златен управувач“, Corsa GSE на импресивен начин потврдува дека ја пренесува спортската традиција на Opel во светот на hot hatch моделите во електричната иднина, истовремено нудејќи разновиден спортски автомобил за секојдневна употреба, достапен за широк круг возачи. Новата Corsa GSE, која веќе е достапна за нарачка, го импресионираше експертското жири на „Златниот управувач“, исто како што неодамна предизвика воодушевување кај претставниците на медиумите и пошироката јавност за време на своите претставувања на саемите во Париз и Цирих.

„Нашите нови GSE модели ги претставуваат високоперформансните верзии во широката понуда на Opel. Тие покажуваат колку електричната мобилност може да биде возбудлива и динамична, а истовремено да ги привлече сите категории купувачи. Им благодариме на читателите и на експертското жири на AUTO BILD and BILD am SONNTAG што ја доделуваат наградата „Златен управувач“ на модел од семејството GSE, овојпат на Opel Corsa GSE. Ова е јасна потврда за тоа колку нашите спортски автомобили за секојдневна употреба оставаат силен впечаток и инспирираат“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl.

„Нашите нови GSE модели ги претставуваат високоперформансните верзии во широката понуда на Opel. Тие покажуваат колку електричната мобилност може да биде возбудлива и динамична, а истовремено да ги привлече сите категории купувачи. Им благодариме на читателите и на експертското жири на AUTO BILD and BILD am SONNTAG што ја доделуваат наградата „Златен управувач“ на модел од семејството GSE, овојпат на Opel Corsa GSE. Ова е јасна потврда за тоа колку нашите спортски автомобили за секојдневна употреба оставаат силен впечаток и инспирираат“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl.

Минатата година, Opel Mokka GSE го означи почетокот на низата награди за моделите GSE на манифестацијата „Златен управувач“. И тој беше прогласен за „Најдобар мал автомобил“. На годинешното јубилејно издание, новата Corsa GSE сега убедливо го повтори овој успех. Откако читателите на AUTO BILD and BILD am SONNTAG го изгласаа овој спортски hot hatch во финалето, целосно електричниот спортски автомобил за секојдневна употреба помина низ серија строги тестирања и ригорозна евалуација од страна на стручното жири на „Златниот управувач“, на патеката DEKRA Lausitzring. Резултатот: Corsa GSE освои импресивни вкупно 4.261 поен, со што ја обезбеди победата пред силната конкуренција. Особено се истакна во категориите за оценување како што се однесувањето при тргнување, забрзувањето, испораката на моќноста и агилноста, а истовремено остави одличен впечаток и во однос на прегледноста, положбата на седење и практичноста.

Од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди: ниту еден друг актуелен сериски модел на Opel не забрзува побрзо.

Новата Opel Corsa GSE на тој начин го обединува најдоброто од двата света: исклучително динамичен спортски карактер и докажани практични предности. Со спуштена шасија, Torsen диференцијал со ограничено пролизгување, моќност од 207 kW (281 КС) и вртежен момент од 345 Nm, впечатливата високоперформансна верзија на најпопуларниот мал автомобил во Германија и Велика Британија овозможува исто толку електрична моќност како Mokka GSE. Но, Corsa GSE ги покажува своите спортски способности уште поизразено. Од 0 до 100 km/h забрзува за само 5,5 секунди, побрзо од кој било друг актуелен сериски модел на Opel! На слободен дел на автопат, возачите можат да достигнат максимална брзина до 180 km/h. Перформансите дополнително се нагласени со активниот спортски звук, развиен ексклузивно за новата Corsa GSE, кој го следивозачкото доживување во зависност од забрзувањето и брзината на возилото. На тој начин, перформансите стануваат видливи, опипливи и звучно доживеани како за возачот, така и за патниците.

Истовремено, Corsa GSE не е наменета само за оние кои сакаат спортско и забавно возење, туку претставува и практичен автомобил за секојдневна употреба, како и удобен придружник на подолгите патувања. Како и секоја електрична Corsa, и оваа спортска верзија овозможува багажен простор со капацитет до 1.042 литри. Деталите од сериската опрема, како што е функцијата за греење на седиштата и управувачот, како и 180о камерата за возење наназад, придонесуваат за уште поголема удобност при патување. Доколку возачите на Corsa GSE сакаат да напојуваат надворешни електрични уреди, тоа можат да го направат со користење на енергијата од батеријата на возилото, благодарение на двонасочниот вграден полнач (V2L).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Сојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања ...

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го освои историското четврто место на ЕП во Литванија во 2011 година

Сојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања и придонес во развојот и унапредувањето на спортот.

На денешната свеченост, која се одржа во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“, беа доделени девет награди, на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Извршниот одбор на Сојузот.

За најдобар спортист е прогласен каратистот Матеј Белистојаноски, кој оствари одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Тој освои прво место на натпреварувањето Серија А во Тбилиси, златен медал на Европското првенство во карате за У21 во Лимасол, како и златен медал на Медитеранските игри во Таранто.

Меѓу добитниците на наградите е Дејан Боневски, професор по физичко образование и спорт во ООУ „Наум Наумовски Борче“, за својот придонес во областа на спортот и образованието.

Признание добија и Силвана Карбеска и Марија Илиева, меѓународна ракометна судиска двојка. Тие се меѓународни судијки за ракомет на плажа и ракомет во сала, а од 2009 година судат на светски и европски првенства, како и на највисоките натпреварувања во организација на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Наградата му беше доделена и на Сашо Кузмановски, спортски новинар со богата спортска кариера, кој веќе 25 години ја извршува функцијата програмски уредник на Спортското радио 90.3.

Меѓу наградените е и Ирена Митровска, претседателка на Федерацијата за дигање тегови и секретарка на Кик-бокс федерацијата, за нејзиниот придонес во спортското организирање и развојот на овие спортови.

За посебните достигнувања во спортот, особено во текот на оваа година, награда доби и Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Признанието следува по исклучителниот успех на експедицијата „Врело 2026“, реализирана во периодот од 11 до 17 октомври, со врвно организирана нуркачка екипа. Во рамките на експедицијата беа поставени неколку нови светски рекорди: истражување на најдлабоката пештера во светот во која човек досега навлегол, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко нуркање на отворени води. Во експедицијата учествуваа вкупно 15 членови од Македонија, Полска и Италија.

Признание доби и Александар Кузмановски, карате-тренер во Карате клубот „Олимпик Скопје“, во кој членуваат некои од најдобрите спортисти, меѓу кои Матеј Белистојаноски и Вероника Костовска. Кузмановски воедно е и селектор на македонската А-репрезентација во карате, во дисциплината борби.

Наградата за животно дело во областа на спортот му припадна на Марин Докузовски, професионален кошаркар и тренер, кој важи за најтрофеен селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Под негово водство, Македонија го освои историското четврто место на Европското првенство во кошарка во Литванија во 2011 година.

Наградите „13 Ноември“ се доделуваат од 1970 година, во чест на ослободувањето на градот Скопје. Тие се доделуваат за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот, врвни спортски достигнувања, како и за придонесот на заслужни спортисти, тренери, професори по спорт, спортски новинари и спортски работници, вклучително и за животно дело во областа на спортот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер