Делчевски фирми во акција за изработка на заштитни маски - Канал 5

Делчевски фирми во акција за изработка на заштитни маски

Делчевски фирми експресно одговорија на повикот на општина Делчево и се вклучија во набавката и изработката на платнени маски за лице за потребите на граѓаните во насока на заштита од заразата од КОВИД-19.

Делчевски фирми во акција за изработка на заштитни маски

Како што информираа од општината фирмата Алпин-ком донираше материјал за изработка на 4.000 маски, а во акцијата се вклучуваат и други конфекции.

-Во акцијата се вклучува и конфекцијата „Дамјанов" која ќе ги изработува маските, додека „Фротирка" помогна во набавката на потребните репроматеријали. Деновиве и конфекцијата „Игматоми" која има свој погон во с. Разловци изработи маски за лице и ги подели бесплатно на жителите во селото, а во тек е акција на фирми од Делчево со која се собираат средства за набавка и на други потребни материјали за заштита, соопштија од општината.

Акцијата според градоначалникот Горан Трајковски е вистинска реакција на одговорни и солидарни луѓе во време на криза.

-Јас изразувам јавна благодарнот за солидарноста на овие фирми и следејќи го овој пример очекувам поддршка во борбата за зачувување на здравјето на нашите сограѓани и од други фирми и поединци. Сега е време за сериозни одлуки и постапки, сега е време да си помагаме едни на други и да обезбедиме заштита за сите наши граѓани, истакна Трајковски.

Основните заштитни средства за заштита против зараза од КОВИД-19, кои ќе бидат изработени во рамки на оваа акција, според планираното ќе бидат наменети за надлежните служби кои се на првите линии во борбата со заразата како и за сите граѓани на Делчево. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 12. август 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 12. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 12. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

И да одите чекор напред па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна.

Кариера

Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски , уметнички и креативно подобрување на работата.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања.

Кариера

На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале.

Здравје и совет

Само продолжете со зададените активности.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите , ќе се побуните , а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен.

Кариера

На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање.

Здравје и совет

Имате доволно слобода , без грижа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе , а до зближувањето ве дели еден мал чекор.

Кариера

Ќе се ослободите од некаква нејаснотија , што ќе ја видите пред да ја забележат другите.Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите.

Здравје и совет

Бидете разбрани.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Оние кои се вљубени , би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом .

Кариера

Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата.Ќе успеете.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадење и пиење.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно.

Кариера

Добро ќе соработувате со сите , но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни.

Кариера

Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација.Ќе ви тргне од рака.

Здравје и совет

Можни се преоптоварувања.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор.Не изразувајте што мислите , ако тоа не можете да го промислите.

Кариера

Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите.

Здравје и совет

Добро ќе маневрирате.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат.Тоа ќе биде напредок и благо олеснување.

Кариера

Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение.

Здравје и совет

Одморете,наспијте се.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт , но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело.

Кариера

Пред вас е порака, понуда или слично , која што доаѓа од странство.Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност.

Здравје и совет

Засега анализирајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи , доколку не предложите и некои конкретни решнија.

Кариера

Верувајте дека можете подобро и повеќе.Имате право , но не треба од себе да го барате неможното.И вие сте само човек.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро ,а осамените заведуваат.

Кариера

Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефиинирани , ниту готови.

Здравје и совет

Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Марјановиќ во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Ана Марјановиќ.

Ана Марјановиќ во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерик Трамп објави фотографија од својот татко, луѓето мислат дека е вештачка интелигенција

Објава од Ерик Трамп на Инстаграм, која требаше да прикаже семеен момент од неговиот татко Доналд Трамп со неговите внуци, предизвика бројни реакции поради необичен детаљ.

Ерик Трамп објави фотографија од својот татко, луѓето мислат дека е вештачка интелигенција

Корисниците на социјалните мрежи веруваат дека фотографијата е дигитално изменета, а некои од нив се сомневаат дека е создадена со помош на вештачка интелигенција.

Ерик Трамп објави неколку фотографии од турнирот „LIV Golf“ што се одржа минатиот викенд во Националниот голф клуб Трамп во Бедминстер, Њу Џерси. Тој се појави на турнирот со своите деца, а на една од фотографиите Доналд Трамп е со две внучиња. Оваа конкретна фотографија стана предмет на дискусија на социјалните мрежи.

Вниманието го привлече стапалото видливо во позадина, кое не е јасно кому му припаѓа. Корисниците почнаа да споделуваат зголемени верзии на фотографијата на социјалните мрежи и предупредија на други можни неправилности, како што се чудни контури на мебел и деформации на лицата и телата на луѓето.

Сомнежи за автентичноста на фотографијата

Реакциите беа бројни. „Чија е таа нога?“ беше еден од коментарите на социјалната мрежа „X“, додека профилот „PatriotTakes“ праша: „Кој е избришан од фотографијата?“

Некои корисници веруваат дека станува збор за лошо уредување во Фотошоп. Други пак се сомневаат дека фотографијата е изменета со помош на алатки за вештачка интелигенција. Досега нема официјална потврда дали фотографијата е обработена, ниту пак имало независна проверка дали е креирана со помош на технологијата на вештачка интелигенција.

И уште една фотографија од Трамп под лупа

Во текот на истиот викенд, беше дискутирано и за друга фотографија од Доналд Трамп од голф теренот. Споредувајќи ја таа објава со други фотографии од настанот, некои корисници тврдеа дека изгледот на Трамп е дигитално изменет за да изгледа помлад, потенок и поелегантен.

Ерик Трамп не коментираше за деталите од семејната фотографија. Затоа, останува нејасно дали станува збор за дигитална обработка, употреба на вештачка интелигенција или само необичен агол на снимање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер