Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
1Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
МакедонијаДелчево ги слави заштитниците на градот Светите браќа Кирил и МетодијДелчево денеска го слави 24 Мај, Ден на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј кои се заштитници на градот. По тој повод епископот Делчевско-каменички г. Марко во сослужение со делчевските свештеници одржа Света архиерејска литургија на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На литургијата, епископот на делчевско-каменичката епархија пред верниците ја истакна важноста на мисијата на сесловенските просветители. -Влијанието што светите браќа го извршиле ние до ден денеска го имаме и го развиваме и понатаму. Тоа бил црковно словенскиот јазик на кој што светите браќа ги превеле литургијата и светото писмо, а потоа и богослужбените книги кои дотогаш постоеле, истакна г. Марко, кој потоа додели благодарници и признанија на истакнати поединци и граѓани кои со својата работа имаат дадено значаен придонес во зајакнувањето на мисијата на црквата. Во рамки на настанот беа доделени и дипломи на учениците кои посетувале курсеви по англиски и германски јазик во црковното јазично училиште. По завршувањето на литургијата беше одржана и света литија од храмот Св. Кирил и Методиј до параклисот Св. Климент Охридски по што беше послужен Славски колач за верниците. Во рамки на програмата за одбележување на 24 Мај - Ден на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ беше промовиран Палеографски албум на јужнословенско кирилично писмо од проф. Владимир Мошин, а синоќа беше одржан и концерт на фолклорната група при НУЦК „Н.Ј.Вапцаров" Делчево. Тагови: Свети Кирил и Методиј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаГермански политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите. Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба. Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција. Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица. Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини. Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. „Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. Со неприфаќањето на електронската нараквица убивте уште една жена! Билјана пријавила насилство и смртни закани, девојка од 17 години бегала од насилникот и живеела во страв! И сега пред нас се болни и тешки прашања на кои надлежните мора да дадат одговори. Што работат институциите кога една девојка ќе пријави дека некој ѝ се заканува животот?“, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. ЛДП само во последната година два пати го достави предлогот за електронска нараквица за сторителите на семејно насилство во Собранието. Наместо како досега, без соодветен надзор, на насилниците со електронската нараквица ќе им се контролира движењето и навремено ќе ги известува жртвата и надлежните служби доколку тоа е различно од судската наредба. „Со одбивањето на нараквицата на совест имате уште една жена! Најстрога казна за злосторниците е задолжителна. Но и таа не е доволна. Казната мора да ги стигне и оние кои можеа да го спречат ова злосторство, но свесно и со умисла, одлучија дека глупави изговори се доволни за одбивање на предлогот за електронската нараквица. Казна за соучесништво мора да има и за тие кои не постапувале! Без тоа, правдата нема да биде задоволена”, децидна е претседателката Зајкова. ЛДП бара целосно расчистување на грозоморниот случај во Богданци, проверка на постапувањето на надлежните институции и одговорност доколку се утврдат пропусти. Уште колку Ивани, Росици и Билјани треба да ни се случат за конечно институциите да почнат да функционираат и да ги заштитат оние на кои заштитата им е најпотребна! Доста е од декларативна заштита на жените! Доста е со изразување сочувства по трагедиите! На жените не им требаат празни ветувања, потребни се држава и институции кои ќе ги заштитат пред да биде предоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во БелгијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија.Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции. За Сиљановска-Давкова, географската дистанца не значи и духовно оддалечување од татковината, оти човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него. Таа посочи дека врските со дијаспората мора да се негуваат, да се шират и да се продлабочуваат, без оглед на етничкото потекло, јазикот или генерацијата на која ѝ припаѓаат иселениците. Дел од присутните ја истакнаа подготвеноста, преку различни проекти, да ги споделат стекнатите знаења и искуства со македонските граѓани, како и својата експертиза и професионалните контакти да ги стават во функција на унапредувањето на трговската размена и поефикасното користење на европските фондови. Претседателката потенцираше дека дијаспората не смее да биде само набљудувач на општествените процеси, туку активен и рамноправен партнер во нивното обликување, преку институционално поврзување, размена на знаења и искуства и непосредно учество во креирањето политики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00