Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураДелата на кумановскиот уметник Кашавелски презентирани во светските метрополиДелата на кумановскиот уметник Кашавелски презентирани во светските метрополи, рангиран меѓу најдобрите десет реалисти во светот Летово беше исклучително успешно за уметникот од Куманово, Синиша Кашавелски за кого кумановци со гордост велат дека е светско, а наше. Речиси и да не постои награда, меѓународно призната која не ја освои, ниту пак салон во кој не беше презентирано негово дело во светските метрополи. Како врвен уметник, рангиран меѓу најдобрите десет реалисти во светот во интервјуто за МИА го открива процесот на креирање дела, кои несомнено се автентични и моќни, невообичаено привлекуваат публика, светска и домашна. Како дојде до успехот што го доживувате оваа година со учеството на значајни салони и изложби и добивањето награди? - Оваа година навистина е посебна за мене и мојата уметност. Фокусот беше ставен на учеството на многу престижни интернационални салони и изложби каде што освоив многу награди. Тие се резултат на неколку фактори. Прво, континуирана работа и посветеност на мојот креативен процес, кој постојано еволуира и се усовршува. Второ, поддршката од моите пријатели, семејството и колегите кои веруваат во мене и ме инспирираат да продолжам напред. И трето, отвореноста кон нови идеи и експериментирањето со различни техники и пристапи, кои ми овозможуваат да ја проширам мојата уметничка визија и да креирам дела кои резонираат со публиката. Од последните неколку награди и настани во овој период, кои можете да ги издвоите како позначајни? - Сите ми се подеднакво скапоцени и тешко е нешто конкретно да издвојам, бидејќи сите се врвни, нешто што сè уште ми изгледа надреално. Но, ако веќе морам да направам избор, тоа е наградата на конкурсот „ModPortrait“ – најпрестижната интернационална изложба за реализам и портрет. Не само што бев меѓу финалистите што изложуваа, туку добив и награда, која високо ме позиционираше во светот на актуелните автори во доменот на реализам. На конкурсот „ModPortret“ во MEAM Gallery во Барселона наградена беше сликата „Somniantis‘. Која e приказната што ве инспирираше да го насликате ова платно? Соништата се многу налик на цртежи кои содржат најразлични идеи, кои во некое дадено време на некој волшебен начин се претвораат во реалност. Тие можат да бидат големи, мистериозни и недофатливи, меѓутоа без нивното постоење, не може да се очекува да се направат внатрешни промени во секоја индивидуа кои последично ќе се рефлектираат врз целокупното општество. Една многу мала, понекогаш можеби и наивна нишка е потребна за да започне приказната, на овој начин менувајќи го светот со нашите најчисти мисли, бидејќи тие се дел од нештата кои го креираат универзумот. Освојувањето на наградата е многу значајно достигнување. Дали чувствувате дека тоа ќе има влијание врз вашето уметничко патешествие во иднината? - Кога и да добијам некоја награда на некој конкурс или салон, чувствувам дека тоа е големо признание за мојата работа и за фазата во која се наоѓам во тоа време. Секое од овие достигнувања придонесуваат за вашиот статус и се инспирација за стремеж да се стигне до некои повисоки уметнички дострели. Како вашиот личен „background“ и животни искуства влијаат врз пристапот на вашата работа и како ги вклучувате овие перспективи во вашето творење? - Мојот ’background‘ има големо влијание за време на креативниот процес затоа што доаѓам од земја која има многу богато историско и културно наследство кое се простира далеку во еоните на времето. Нешто од тоа е генетички вградена во мојата душа, и заедно со моите животни искуства низ кои поминувам во текот на времето, се создава спој, односно се креира една многу моќна библиотека од која течат идеите кои подоцна ги пренесувам на платно. Енергијата и фреквенциите на боите играат многу значајна улога во процесот на творењето. Дали свесно си играте со енергијата на боите или пак сте повеќе интуитивни во нивниот избор? - Бидејќи целиот универзум функционира врз принципите кои ги диктираат енергијата, вибрациите и фреквенциите, овие принципи се кодирани во секој аспект од нашиот живот и околината во која обитуваме. Последователно, секоја боја, па ако сакате, и секоја нијанса поседуваат своја сопствена енергија и адекватна вибрациона фреквенција, кои заедно имаат огромно влијание врз крајниот изглед на делото кое го креирате. Ако свесно „играте“ со енергијата на боите, претставете ни како тоа изгледа во вашиот креативен процес? - Пред да започнам со работа на некое определено дело, постојат поголем број на чекори низ кои поминувам пред да се започне со творењето. Некои од нив се приказната и композицијата кои стануваат носачи на платното. Еднаш кога ова ќе биде созреано, сè ова мора да помине низ мојот внатрешен свет, каде јас ја визуелизирам палетата на боите кои ќе бидат најефективни, најсоодветни и во тотална хармонија со крајниот изглед на делото. Дали некогаш го започнувате делото и потоа во текот на творењето одлучувате да направите промени со цел да се потенцира неговиот дух? - Да, се случува многу пати и зависи од менталната состојба во која сум во тоа време. Некогаш се случува да почувствувам дека некоја невидлива рака ме води низ целиот креативен процес. Се чувствувам како да сум во бестежинска состојба, при што сè се случува спонтано од самиот почеток па до крај. Во некоја рака, тоа е чувство на Божја интервенција која интуитивно го води умот. Меѓутоа, ваквите состојби не се можни секој ден, што значи дека многу често мора да се ’игра‘ со боите и композицијата следејќи ја имагинарната идеја. Дали имате некакви ритуали или навики кои ви помагаат за време на креативниот процес? - Да, во текот на годините, имам експериментирано со повеќе ритуали обидувајќи се да најдам кој најмногу ќе го стимулира мојот креативен процес. Во текот на последните години, некако најприкладна ми е една церемонија која ја практикувам секогаш кога ќе влезам во ателјето. Палам темјан, кој во нашата традиција е познат и како „бел чад“. Тој обично се користи за време на монастичките ритуали и има многу моќно значење кога станува збор за животот и смртта. Штом белиот чад ќе почне да го исполнува просторот во моето ателје, полека почнувам ментално да се движам низ лавиринтот на моите медитациски ритуали. На ваков начин, навлегувам во сфери кои се поврзани со визуелниот процес кои ми помага да го достигнам најдоброто што посакувам да го пренесам на платното. Вештачката интелигенција полека започнува да го доминира светот. Некои автори започнуваат да ја користат како решение во нивниот креативен процес. Какво е вашето мислење за оваа нова технологија, односно дали е позитивна или негативна во сферата на уметноста? - Вештачка интелигенција доколку се употребува како што треба, може да биде мошне корисна во голем број на креативни полиња. Искрено, не сум голем љубител на вештачката интелигенција и целата трансхуманистичка агенда која започнува да се обвива околу скоро секој сегмент на човечкиот живот. Лично, чувствувам дека со текот на времето таа ќе замени многу креативни работи, а со тоа и генијалноста која е дел од уметничкиот еснаф. Сепак, човечкиот гениј и допирот кој доаѓа од душата не можат да бидат заменети со нешто што е вештачки артикулирано. Постои дела кои се креираат со умот на уметникот. Тие можат да бидат добри и прифатливи за широкиот аудиториум, но оние кои се креирани и течат од длабочината на душата се оние ингениозните коиостануваат запаметени. Со подемот на NFT и зголемениот интерес за дигиталната уметност, кое е вашето мислење, дали уметничкиот свет ќе се вклучи во оваа нова технологија? Бидејќи целата планета е веќе скоро дигитализирана, неизбежно е оваа нова технологија да навлезе и во светот на уметноста. Последователно, многу луѓе, особено од помладите генерации ќе фатат приклучок со ова ново поле, додека некои ќе останат на страна на конзервативизмот и ќе се држат до принципите на уметноста кои важат од дамнина. Лично за мене, ќе треба да помине доста време додека овој концепт не ми легне како што треба. За сега, ќе продолжам да чекорам по патеката којашто е кодирана во мојата душа во текот на сите овие години. Во светло на наградите што неодамна ги добивте, која би била пораката до вашиот аудиториум? - Пораката до мојот аудиториум, дали дома или во светот, е едноставна. Ќе останам вистинољубив, оригинален и чесен во својата работа, бидејќи овие принципи се во хармонија со универзумот и не држат поврзани со креаторот. Само на ваков начин може да се твори нешто што ќе резонира со луѓето кои обитуваат на исто фреквентно ниво на кое и сами егзистирате./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСудир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница. Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта. По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници. Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени. „Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“. Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај. Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот. „Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter