Дела од шест македонски автори застапени во проектот „Сто словенски романи“ - Канал 5

Дела од шест македонски автори застапени во проектот „Сто словенски романи“

Во Центарот за словенски култури во Москва во рамките на прославата на 24 Мај - Денот на словенското писмо се одржа литературна средба посветена на проектот “Сто словенски романи” во кој се застапени и дела на македонски книжевници.

Дела од шест македонски автори застапени во проектот „Сто словенски романи“

Присутните на литературната средба учесници на проектот зборуваа за чувственоста, за словенската душа што е клучна тема на словенските романи.

Македонските автори на настанот ги претстави Олга Панкина, промотор на македонската книжевност во Русиjа и преведувач, коjа констатира дека од вкупно 20 романи преведени на руски, шест се македонски. Станува збор за: “Вежби за ибн Пајко” на Оливера Николова, “Дива лига” на Влада Урошевиќ, “Азбука за непослушните” на Венко Андоновски, “Разговор со Спиноза” на Гоце Смилевски, “Недела” на Ермис Лафазановски и “Бродот. Конзархиjа” на Томислав Османли.

-Словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. “Словенската екумена” крие во себе многу важни вистини и идеи, кои можат да им бидат интересни на сите, оти словенскиот свет се одликува токму со тоа што впива многу нешта од другите традиции и култури – и не се раствора, не се губи, туку напротив - ги восприема влијанијата и создава нова културна реалност, подвлече Панкина.

Литературната средба што се одржа вчера, ја инициираше Словенскиот културен форум создаден за соработка меѓу словенските земји на културен план.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Овие ролери немаат никаква врска со возачите, но решаваат еден необичен проблем.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Сообраќајните знаци на холандските автопати имаат друга, прилично необична улога - тие привлекуваат бувови, кои ги користат за набљудување додека ловат глувци покрај патот.

Ова може да биде многу опасно. Кога був ќе одлета од знак и ќе се спушти врз својот плен, тој може да заврши пред возило. Судирот може да биде фатален за птицата, но може да предизвика и сериозна штета на автомобил или камион.

Затоа на некои сообраќајни знаци се инсталирани специјални ротирачки ролери. Тие ги спречуваат бувовите да слетаат на знакот и да останат на него, пишува „Revija HAK“.

Оваа заштита е инсталирана првенствено на делови каде што се регистрирани голем број смртни случаи на бувови. Ова навидум едноставно решение истовремено ги штити птиците и го намалува ризикот за учесниците во сообраќајот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Летото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си.

Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени.

Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба.

Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер