Дела на уметникот Крстевски во музеј во Јапонија - Канал 5

Дела на уметникот Крстевски во музеј во Јапонија

 На меѓународниот фестивал на модерната карикатура во Саитама, Јапонија, каде се промовира „манга" културата, со две дела учествува и македонскиот уметник Златко Крстевски, во селекцијата од 89 автори од 33 земји.

Дела на уметникот Крстевски во музеј во Јапонија

Темата на Фестивалот беше „Тетсудо" или во превод, железничка станица.

Делата се публикувани во албумот „The Best Cartoons of Nippon" на 100 страници во боја, двојазично, на англиски и на јапонски, проследени со биографски референци. Како што информира Крстевски, според директорот на фестивалот Фуми Секигу, секоја година се откупуваат дела за колекцијата на Музејот. Оваа година ќе биде откупено делото на Крстевски.

-Делото беше работено во живописното место Гарбатка Летниско, Полска и потоа беше испратено во Јапонија. Делото содржи надреални елементи, помеѓу сонот и јавето, транспортирани во старата добра локомотива, објаснува Крстевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер