Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
1Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураДела на Пикасо во Скопје - отворена изложба во МКЦ, влезот бесплатен!Македонската публика на оваа изложба ќе има можност да види збирка од четириесет и шест графички дела на Пабло Пикасо – факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година. Во сржта на збирката се наоѓаат комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес претставуваат ретко видени и ретко достапни дела.Вчеравечер /19.02.2016 година, петок/ во галеријата на Младинскиот културен центар пред огромен број посетители беше отворена изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на МКЦ, Златко Стефковски. Македонската публика на оваа изложба ќе има можност да види збирка од четириесет и шест графички дела на Пабло Пикасо – факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година. Во сржта на збирката се наоѓаат комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес претставуваат ретко видени и ретко достапни дела. Збирката „Двојна флејта“ (“Flute Double”), 1967, содржи шеснаесет литографии направени според цртежи и лавирани акварели од периодот меѓу 1932 и 1955 година. Заедничката тематика ја претставуваат женски и машки актови, мотиви со минотаури и баханалии од 30-те и 40-те години на 20 век, појадок на трева, шпански мотив според Веласкез, како и портретот на сопругата, Жаклина. Збирката „Фауна и флора од Антиб“ (“Faunes et Flore d’Antibes”), 1960, е мапа што претставува девет литографии, со текст на Хаиме Сабартез. Оваа изложба е организирана од страна на МКЦ во соработка со приватната галерија Висконти од Љубљана, Словенија. Продуцент на изложбата е Михајло Несторовиќ, а делата се во сопственост на Жива Шкодлар Вујиќ и Лазар Вујиќ од галеријата Висконти во Љубљана, Словенија. Влезот е бесплатен а изложбата ќе трае до 16 март. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска ТрајчевскиМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија. Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови. На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВидео: Брутален нокаут на хокеј Натпреварот во американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона. Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи. По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра. Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка. По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт. „Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај ПутинЏаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“. Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“. Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски. Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро. Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите. Извор: Б92Тагови: Виткоф и Кушнер Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook