Дел Потро ја постигна првата победа на Мастерсот во Лондон - Канал 5

Дел Потро ја постигна првата победа на Мастерсот во Лондон

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро со победа ги почна настапите на завршниот Мастерс во Лондон.

Дел Потро ја постигна првата победа на Мастерсот во Лондон
Тој синоќа во првиот меч од Б групата беше поуспешен од Французинот Ришар Гаске со 2:1 во сетови.

Иако, го загуби првиот сет Дел Потро успеа да се врати во игра и во клучните моменти имаше повеќе концентрација и ги добиваше поените во завршницата на мечот.

На вториот дуел одигран вчера во рамките од А групата Станислас Вавринка го победи Томаш Бердих со 2:1 во сетови.

Денеска на програмата се нови два меча, кои воедно се реприза на саботните полуфинални дуели од турнирот во Париз.

Во 15 часот во „О2 Арената“ во Лондон ќе играат Рафаел Надал и Давид Ферер (А група), а од 21 часот е пресметката Новак Ѓоковиќ – Рожер Федерер (Б група).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран повторно разменија напади по што се намали бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснец

САД и Иран повторно разменија напади по што се случи „драматичен“ пад на бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснец.

САД и Иран повторно разменија напади по што се намали бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснец

Сад велат дека погодиле 90 воени цели, некои во близина на протокот. Иран вели дека 14 лица се убиени во последните два дена. Државните ирански медиуми, исто така, објавија дека биле погодени цели во близина на нуклеарната централа Бушер, повикувајќи се на заменик-гувернерот на покраината. САД не коментираа за последните напади. Иран соопшти дека како одговор ги таргетирал американските објекти во Кувајт, Бахреин и Катар. Синоќа Техеран започна со повеќе напади врз локации во Кувајт, Јордан и Ирак, објавија државните медиуми.

Нападите се случија откако Иран го погреба својот убиен врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи во светилиште во Машхад, со што заврши една недела погребни поворки и собири. Нападите врз катарските и саудиските бродови претходно оваа недела го нарушија примирјето, а американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека примирјето е „завршено“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На барање на МНР остварена средба со претставник на амбасадата на Албанија

На барање на македонското минстерство за надворешни работи вчера била остварена средба со претставник на амбасадата на Република Албанија во земјава, велат од МНР.

На барање на МНР остварена средба со претставник на амбасадата на Албанија

Во духот на пријателските односи меѓу двете земји, соседи и нато сојузници на средбата беше побарана официјална информација од албанските власти во врска со настанот што се случи на граничниот премин Ќафасан, при кој на државјани на нашата земја не им бил дозволен влез во Република Албанија, информираа од МНР.

Од ВРЕДИ побараа официјален одговор од Тирана откако на 8 јули пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и заменик-генералниот секретар на владата Хасим Муртезани биле задржани еден час на Ќафасан, а граничните власти на едно лице од придружбтата не му дозволиле влез. По ова целата група македонски политичари, во знак на протест, се вратила назад. Во објава на социјалните мрежи пратеникот Ќоку се сомнева дека причина за ваквиот потег е неговата поддршка за протестите против владата во Албанија

Од албанската полиција тврдат дека забраната за влез била за тоа лице а не за пратениците на ВРЕДИ. Се огласи и спикерот Гаши, кој во духот на како што вели добрососедските и братски односи, очекува Тирана целосно да го расчисти случајот со задржувањето на пратениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот

Денеска продолжува  амандманската расправа за ребалнасот на буџетот.

Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот

Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 425,2 милијарди денари. обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат речиси 46 милијарди денари и се зголемени за речиси 5,8 милијарди денари што е зголемување за 14,5 проценти. Економскиот раст е проектиран на 3,5 отсто, инфлација на 4,5 проценти, а буџетски дефицит на 4,1 отсто од БДП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер