Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST
2Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST
МакедонијаДел од општина Карпош утре без водаБез вода утре од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом на Град Скопје „Здравко Цветковски“ - Скопје. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“ број 37. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.Тагови: вода Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаСДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во СобраниетоПратеничката група на СДСМ и коалицијата го стави барањето и побара Надзорна расправа во Собранието за скандалот со Алта банка! За улогата на Народна банка, за институционална одговорност за измамата на граѓаните!Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаДиректорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FASTНа состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST. На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција. Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици. Преку обуки, размена на искуства и донации на опрема, проектот придонесува за поефикасна гранична контрола, поквалитетни истраги за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и поуспешно откривање на нелегалните финансиски текови. Јанев ја нагласи важноста од отворена и ефикасна меѓународна соработка, поинтензивна размена на информации и координирани истраги, истовремено истакнувајќи ја посветеноста на македонската полиција на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и заштитата на жртвите на трговија со луѓе. Директорот Јанев упати благодарност до Европската Унија и земјите членки за поддршката, нагласувајќи дека македонската полиција останува активен и рамноправен партнер во зајакнувањето на регионалната безбедност и европската безбедносна соработка.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаСрамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија (ВИДЕО)Тестот за издржливост ја откри реалноста зад новиот „телефон на Трамп“ – а резултатите се полоши од очекуваното.Зак Нелсон, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“, го подложи паметниот телефон „Trump Mobile T1“ на тест за издржливост и целосно го расклопи. Тестот потврди дека, под пластичното куќиште во златна боја, хардверот е практично идентичен со оној на моделот „HTC U24 Pro“. „Trump Mobile T1“ и „HTC U24 Pro“ имаат ист облик и резолуција на екранот, стапка на освежување од 120 Hz, сличен распоред на камерите и главен модул на камерата од 50 MP. Дури и елементите во интерфејсот на камерата се целосно идентични. Стаклото на екранот почнува да се гребе на ниво 6 според Мосовата скала за цврстина, а подлабоки траги се појавуваат на ниво 7 – што е типичен резултат за модерен паметен телефон. Сепак, се покажа дека страничната рамка е изработена од пластика, исто како и задниот панел во златна боја, чиј слој може лесно да се изгребе со сечило. На куќиштето од телефонот, исто така, има погрешно прикажано знаме на САД – со 11 ленти наместо 13. Новинарите ја забележаа оваа грешка уште при првиот контакт со готовиот уред. Расклопувањето откри практично идентичен распоред на матичната плоча, камерите, системот за ладење и другите компоненти, како кај моделот „T1“, така и кај „HTC U24 Pro“. Разликите се главно козметички. Претходно, „iFixit“ понуди уште поубедлива потврда за потеклото на овој паметен телефон: матичната плоча од „HTC U24 Pro“ функционираше во моделот „T1“, па дури и го прикажуваше логото на „HTC“ при вклучувањето. „Trump Mobile“ првично го рекламираше уредот како производ произведен во САД, но подоцна го отстрани тоа тврдење и почна да ја користи фразата „Гордо американски“. Во септември, цената на телефонот исто така се зголеми – од 499 на 749 долари. Тестот на каналот „JerryRigEverything“ не беше првиот што го откри вистинското потекло на моделот „T1“, но јасно покажа до каде одат модификациите: всушност, станува збор за „HTC U24 Pro“ со поинаков пластичен панел, завршна обработка во златна боја и брендирање „Trump Mobile“. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook