Дел од Куманово вечерва без вода поради вградување мерна опрема

Дел од граѓаните на Куманово вечерва ќе се соочат со недостиг на вода, а жителите од ниската зона со намален притисок на вода, информира јавното претпријатие „Водовод" .

Вечерва од 23 часот времено ќе биде затворена водата за ниската и средната водоводна зона поради вградување мерна опрема и замена на старите затворачи со нови во кругот на фабриката за преработка на вода за пиење (Филтер станица).

Во повисоките делови на ниската и средната водоводна зона ќе има недостиг на вода, додека во пониските делови ќе биде намален притисокот. Во високата зона водоснабувањето ќе биде редовно.

Од „Водовод" информираат дека активностите ќе бидат завршени во краток рок, со што водоснабдувањето ќе се нормализира уште во раните утрински часови.

Вградувањето на мерната опрема и замената на затворачите се реализира во рамки на проектот „За употреба и одржување на водоснабдителниот систем на Куманово", кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски. Изведувач на проектот е фирмата „ЦМЦ" од Скопје./МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер