По штрајкот на вработените во Државното правобранителство, од утре околу 3500 вработени од ДЗС, од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски и економија и труд излегуваат на 30 минутни протести пред министерствата со барање за зголемување на платите за 30% и потпишување на колективен договор.
По ваквите најави, од Владата соопштија дека до нив не е пристигнато вакво барање од страна на синдикатите, но и дека зголемување од 30% во овој момент е надвор од можностите на Буџетот. Но од УПОЗ велат овие вработени со години барале повисоки плати кои не ги добиле, а сметаат и дека станува збор за мал број на вработени, па без разлика на состојбата на Буџетот би можело да се најде решение.
- Не е голема бројката на вработени што ги бараме овие права. Како што кажав не се од вчера барањата, Владата добро ги знае плус имавме подршка од страна на ресорните министри. Сите ресорни министри пред носење на Буџетот пратија предлог колективни договори до Министерството за финансии и мислам дека тука можеше да се најде начин како да се слушнат нашите барања и некој модус да се изнајде да ги добиеме овие 30% што ги бараме со години наназад,- Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ.
Од Владата изразија загриженост и за можна политичка мотивираност, бидејки како што велат синдикатите веднаш најавиле штрајк без прфетходно да бидат исцрпени останатите механизми, за што Деаноски вели дека единствената мотивираност на синдикатите била материјална. Според него не станува збор за штрајк, туку за протест бидејки вработените ќе протестираат само половина час, а во остатокот од денот ќе ги завршуваат своите работни задачи
- Се работи за вработени кои што земаат најниски плати во државата и оние 30% што ги бараме ке значат покачување на плата од помалку од 100е. Доколку тоа е политичка мотивација, не знам што треба да биде за да не биде политичко. Секогаш сме обвинувани ако можам така да кажам дека нашите протести се политички, што воопшто не е случај и ова не е штрајк ова е протест, се работи за половина час во текот на денот и Владата ова треба да го сфати како апел за конечно да се најде решение за проблемот,- Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ.
Инаку, недоамна со согласност на министерството за финансии за реализација на колективните договори, за 30% повисоки плати добија Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, дел од здравство, образование и финансии.