Дел од експлодираното летало на Маск разнесе ТВ комбе (ВИДЕО) - Канал 5

Дел од експлодираното летало на Маск разнесе ТВ комбе (ВИДЕО)

Starship, најмоќната ракета некогаш изградена од SpaceX, денеска го заврши делумно успешното пробно лансирање.

Дел од експлодираното летало на Маск разнесе ТВ комбе (ВИДЕО)

Ракетата била во воздухот околу четири минути пред да почне да се врти, а потоа завршила како огнена топка, пишува Телеграф. Тимот на компанијата SpaceX, кој е во сопственост на милијардерот Илон Маск, но и експертите кои во живо го следеа лансирањето, сепак пробниот лет го сметаат за успешен.

Ракетата не ја преживеа целата тест фаза, но ниту блиското комбе на кое беа прикачени камери за снимање на лансирањето.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа моментот кога дел од ракетата по експлозијата удрил во задното стакло на комбето.

- Почивај во мир комбе, ќе ми недостигаш - порачаа водителките во директниот пренос.

Експлозијата се случила затоа што, според неофицијални информации, првата и втората фаза од ракетата-носач не успеале да се разделат.

„Starship“ е најголемата и најмоќната ракета во историјата. Леталото од 120 метри е повисоко од Статуата на слободата и беше лансирано од базата на компанијата во Бока Чика, Тексас, САД.

Целта на денешната мисија беше „Ѕвездениот брод“ да полета, потоа горниот дел од леталото да се откачи и да направи круг околу Земјата пред да слета во океанот во близина на Хаваи.

Компанијата SpaceX планираше да го искористи „Starship“ за испраќање астронаути и товар на Месечината и на Марс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер