Дел од државните претпријатија се „дават“ во долгови - Канал 5

Дел од државните претпријатија се „дават“ во долгови

Експертите преку детална анализа ги претставија најголемите загубари кај јавните претпријатија во земјава. 

Дел од државните претпријатија се „дават“ во долгови

На врвот на листата како најголем должник се најде МРТ телевизија со долг од 8,5 милиони евра. По нив следат македонските железници, со долг од 5,5 милиони евра, ЈП Стрежево Битола 3,5 милиони евра, а во првите се и Комунална Хигиена и Пошта.

Владата решение за дел од овие загубари гледа во приватизација или јавно-приватно партнерство. Вицепремиерто Битиќи вели дека негативните финансии се акумулирани со години наназад.

Еконскиот експерт Павле Гацов вели дека во одредени ЈП вложување на капиталот не се исплати, и тешко е да се очекува интерес од приватните компаниии, бидејќи за поврат на ивестицијата би требало да чекаат и илајдици години.. Сепак, за дел од претпријатија е оптимист дека може да се спасат преку јавно-приватно партнерство..

-Ако вложите капитал во национални шуми ќе ви се врати целосно за 1867 години, значи отприлика во времето на Исус Хрисот да вложите па да ви се вратати капиталот онолку колку што сте вложиле... + јавно Ако плати да заработи

Најпрофитабилно државни претпријатие е ЈП Државни Патишта кое 2019 ја завршиле со нето добивка од 47 милиони евра. Гацов вели дека е изненаден од ваквата бројка, но континуитетот веќе неколку години наназад е позитивен. Второ најпрофитабилно претпријатие е МЕПСО со 7 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи

Конгоанскиот институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на околу 5000 случаи. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја надмина претходната по бројот на случаи и стана најголема во историјата на земјата според тој показател. За овој сој на ебола нема одобрени вакцини или лекови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите

Сојуз на одгледувачи на овци апелира до владата и до надлежните институции за итно преземање мерки поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите, како и за заштита и помош на сточарите.

Апел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите

Насер Џемаил претседател на Сојуз на одгледувачи на овци изјави дека 40 семејства останале без приходи поради угинување на овците, тие од државата бараат обештетување и да обезбеди вакцини за заштита од болеста која ги коси овие домашните животни. Информаираат дека месото нема да биде штетно за јадење по вакцинација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран има нова мета?

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.

Иран има нова мета?

Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми.

Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним.

„Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер