3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
КултураДекември - месец на јубилеи и филмски класици во КинотекатаДекември во Кинотека ветува богат филмски репертоар кој ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на седмата уметност. Овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови. Во рамки на јубилејни проекции на македонски филмови декемвриската програма ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со проекции на „До Балчак“, „Бал-Кан-Кан“, „Мис Стоун“, „Како убив светец“, „Тони Манџа“, „Бубачки“, „Големата вода“, „Созерцание“ и „Илузија“, публиката ќе има можност повторно да се потсети на овие маестрални дела, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот. Покрај јубилејните остварувања, на големото платно ќе бидат прикажани и два од најактуелните годинешни фестивалски хитови, „Супстанца“ и „Анора“, кои продолжуваат да освојуваат признанија и да ја одбележуваат кинематографијата на меѓународната сцена. Месецот ќе биде дополнително збогатен со одбележување на два големи филмски јубилеја - 35 години од култниот југословенски филм „Како пропадна рокенролот“, кој со својата уникатна нарација и хумор останува неизбришлив дел од регионалната поп-култура. Дополнително, ќе бидат одбележани и 25 години од премиерата на иновативниот филм „Да се биде Џон Малкович“ – ремек-дело на Спајк Џонз, филм кој револуционизираше жанровски одредници и ја преобликуваше модерната кинематографија. -Кинотека на Македонија ве поканува да станете дел од оваа незаборавна филмска авантура, која низ призма на класиката и новитетот нуди ретроспектива на минатото, но и поглед кон иднината на кинематографијата. Секој филм носи уникатна приказна, но заедничка нишка е љубовта кон уметноста која поврзува генерации, стои во соопштението. Следува целосната филмска порграма на Кинотеката за месец деклември. 2 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. НА СÈ ДОАЃА КРАЈ (Svemu Dodje Kraj) Игран филм, Хрватска, 2024, 89 мин., колор, ДЦП Режисер: Рајко Грлиќ (Rajko Grlic) Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мирослав Крлежа (Rajko Grlic, Ante Tomic, Miroslav Krleza) Улоги: Jелена Ѓокиќ, Борис Исаковиќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Живко Аночиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски (Jelena Đokić, Boris Isaković, Emir Hadjihafisbegovic, Živko Anočić, Janko Popović Volarić, Ksenija Marinkovic, Marina Redjepović, Petar Arsovski) Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој ги губи својот партнер и клиенти, а сопругата го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани. Возрасна категорија: 12 години Влезница: 150 денари 5 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч. 35 ГОДИНИ КАКО ПРОПАДНА РОКЕНРОЛОТ (Како је пропао рокенрол) Игран филм, Србија 1989, 98 мин., колор, ДЦП Режија: Зоран Пејановиќ, Горан Гајевиќ, Владимир Славица Сценарио: Бранко Вукојевиќ, Билјана Пајкиќ, Александар Баришиќ Улоги: Срѓан Тодоровиќ, Аница Добра, Небојша Бакочевиќ, Велимир Бата Живоиновиќ „Како је пропао рокенрол“ е југословенски омнибус филм што мајсторски ја спојува сатиричната критика на општеството, апсурдниот хумор и духот на една културна епоха. Со три приказни што се занимаваат со влијанието на рокенролот врз младите, филмот не само што го слави, туку и го деконструира митот за рокенролот како симбол на слободата, побуната и индивидуализмот. Омнибусот е составен од три сегменти, секој режиран од различен автор, но со заедничка тема: како рокенролот, метафората за слободата, се губи во судирот со секојдневните апсурди на животот. Во првата приказна, група млади музичари тргнуваат во апсурдна борба со дискографскиот систем. Овој сегмент е истовремено комичен и трагичен портрет на искривената индустрија што ги експлоатира идеалите на младоста. Втората приказна следи еден рокер во постарите години, кој се обидува да го поврати својот некогашен животен стил и да се врати на сцената. Ова е емотивен и искрен поглед на времето, носталгијата и помирувањето со реалноста. Третиот сегмент е апсурден и надреален, каде што рокенролот буквално се судира со бирократскиот свет. Со својот надреален хумор, оваа приказна го илустрира судирот помеѓу бунтовниот дух на рокот и репресивните структури на општеството. Филмот ги истражува темите на генерациските судири, разочарувањето од младешките идеали и компромисите што животот ги носи. Преку хумор и сатира, го прикажува начинот на кој рокенролот – некогашен симбол на револуцијата – станува дел од истиот систем против кој се борел. Срѓан Тодоровиќ и Аница Добра го носат филмот со својот шарм и харизма, додека легенди како Велимир Бата Живоиновиќ додаваат тежина и длабочина. Глумците успеваат да го доловат балансот помеѓу апсурдноста на ситуациите и автентичните емоции. Музиката е срцето на овој филм. Со песните на југословенските рок-икони, филмот го оживува духот на ерата. Саундтракот е незаборавен, вклучувајќи ги култните изведби што ја доловуваат енергијата и страста на рокенролот. „Како је пропао рокенрол“ не е само филм за рокенролот, туку и филм за младоста, идеалите и судирот со реалноста. Неговата комбинација на апсурд, хумор и меланхолија го прави безвременско дело што продолжува да резонира со новите генерации. Како омнибус, тој е приказ на духот на југословенската кинематографија, која умешно ги спојуваше забавата и критиката. 5 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч. КАРИРАН НИНЏА 2 (Ternet ninja / Checkered Ninja) Игран анимиран филм, Данска, 2021, 86 мин., колор, ДЦП Режисер: Андерс Матесен и Торбјорн Кристоферсен (Thorbjørn Christoffersen, Anders Matthesen) Сценарио: Андерс Матесен (Anders Matthesen) Во „Кариран Нинџа 2“ повторно ги следиме Алекс и неговата карирана нинџа кукла во нивната мисија против злобниот Филип Еперминт. Кога Еперминт ќе успее да ја избегне затворска казна во Тајланд, карираниот нинџа повторно оживува и го наоѓа Алекс. Заедно, со помош на семејството на Алекс, тие заминуваат за Тајланд за да го изведат злосторникот пред правдата. Алекс и неговата нинџа кукла ќе се впуштат во опасна мисија каде што нивното пријателство ќе биде ставено на сериозен тест. Возрасна категорија: 8 години Влезница: 150 денари 6 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 19:00 ч. БОЖИЌНО ТАНГО (The Christmas Tango/To tango ton Hristougennon) Игран филм, Грција, 2011, 102 мин., колор, ДЦП Режисер: Никос Кутелидакис (Nikos Koutelidakis) Сценарио: Вагелис Насис, Јанис Ксантулис (Vagelis Nassis, Giannis Xanthoulis) Улоги: Јанис Безос, Јанис Станкоглу, Антиноос Албанис (Giannis Bezos, Giannis Stankoglou, Antinoos Albanis) „Божиќното танго“ е дел од серијата филмски проекции насловена „Ајде да се запознаеме“, организирана од Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Скопје, со цел да се прикажат современи грчки филмови кои што беа многу сакани не само од публиката во Грција, но и во странство. Базиран на најпродаваниот роман на Јанис Ксантулис, „Божиќното танго“ е романтична драма која се одвива за време на подготовките за Божиќниот бал во еден грчки воен камп во градот Еврос, во 1970-тите години. Поручникот Стефанос Караманидес е еден строг војник кој има само една желба – да ја покани на танц својата тајна љубов, Зои, сопругата на полковникот Манолис Лонгос. За остварување на таа цел, Стефанос Караманидес ќе побара помош од еден млад, срамежлив и чувствителен војник, од Лазарос, да му одржи часови по танго. Нивната кратка, но пресудна средба ќе биде поттик за низа настани кои ќе кулминираат со танго... Божиќното танго, еден ден кој ќе ги промени засекогаш животите на тројцата главни ликови. Филмот постигна голем успех на кино благајните и доби три награди од Грчката филмска академија. Возрасна категорија: 12 години Влезот е бесплатен 7 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 18:00 ч. 10 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч. ПРАЗНИ МРЕЖИ (Empty Nets/ Leere Netze) Игран филм, Германија, Иран 2023, 101 мин., колор, ДЦП Режисер: Бехруз Карамизаде (Behrooz Karamizade) Сценарио: Бехруз Карамизаде (Behrooz Karamizade) Улоги: Хамид Реза Абаси, Садаф Асгари, Кејван Мухамади (Hamid Reza Abbasi, Sadaf Asgari, Keyvan Mohammadi ) Амир и Наргес, двајца млади во своите дваесетти години, се чини дека ја пронашле вистинската љубов во родниот крај на брегот на Каспиското Море. Но во денешен Иран, љубовта сама по себе не е доволна за да создадат заеднички живот, па затоа нивната врска мора да остане во тајност. За да ја добие наклоноста на богатото семејство на Наргес и да собере пари за соодветен мираз, Амир е принуден да заработи набрзина. Притиснат од околностите, тој прифаќа работа во локалниот рибен пазар, каде што се вовлекува во опасниот, но профитабилен свет на шверцот со кавијар. Во меѓувреме, Наргес купува време и се обидува да го одложи договорениот брак што нејзините родители го планираат за неа. Дали нивната љубов, надежите и соништата ќе успеат да опстојат во заплетканата мрежа на традиции, корупција и социјална хиерархија која и понатаму ги контролира животите на новата генерација во Иран? Возрасна категорија: 12 години Влезница: 150 денари 7 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч. 20 ГОДИНИ КАКО УБИВ СВЕТЕЦ (How I Killed A Saint) Игран филм, Македонија, Франција 2004, 82 мин., колор, 35мм Режија: Теона Стругар Митевска Сценарио: Теона Стругар Митевска, Метју Бардин (Matthew Bardin) Улоги: Лабина Митевска, Милан Тоциновски, Џевдет Јашари (Xhevdet Jashari, Łabina Mitevska, Milan Tocinovski) КАКО УБИВ СВЕТЕЦ е филмско деби на една од најплодните македонски режисерки Теона Стругар Митевска. Приказната во филмот е лоцирана во предвечерјето на етничкиот конфликт во Македонија, кога по тригодишно отсуство, главната хероина Виола се враќа дома од Америка и наидува на реалноста на животот во Македонија, која изгледа дека ќе експлодира со сите војници, корумпирани измамници и терористи идеалисти. Возрасна категорија: 12 години Влезница: 150 денари 10 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. 20 ГОДИНИ ГОЛЕМАТА ВОДА (Great Water) Игран филм, Македонија 2004, 93 мин., колор, 35мм Режија: Иво Трајков Сценарио: Владимир Блажевски, Иво Трајков Улоги: Апостоловски Митко, Мето Јовановски, Верица Најдоска, Ристо Гоговски, Сашо Кекеновски, Николина Кујача , Маја Станковска Филмот е базиран од мотиви од истоимениот роман на Живко Чинго во кој се зборува за тешката транзиција во Македонија по Втората светска војна. Филмот започнува во сегашноста кога стариот Лем (Мето Јовановски) – македонски политичар кој доживува срцев удар и додека го носат во болница и го прегледуваат и го поврзуваат – има ретроспективи на сеќавањата на неговото детство во 1945 година и на „Сиропиталиштето“, каде сирачињата се деца на непријателите на новиот режим. Таму учи како да се прилагоди на улогата на послушно перење мозок. Тој станува маѓепсан од новото дете Исак, убаво и харизматично момче. Борбите кои тивко ја потценуваат целата активност на површината на логорот се многу: дихотомијата на комунистичката идеологија која ја отстранува Црквата од постоење со народ зависен од духовните вредности на религијата, прашањето Сталин/Тито, прилагодувањата на политиките на комунистичкиот режим во земја во која владееше жестоката национална гордост и обезличувањето на децата во политички пиони и покрај потребата од примери и луксузот да растат со пријатели и доверливи луѓе. Работен според истоимениот роман на Живко Чинго ГОЛЕМАТА ВОДА е еден од ретките македонски филмови што се занимава со критичко преиспитување на комунистичкото минато. Режисерот Иво Трајков го прави тоа преку очите на едно момче од домот за сираци, раскажувајќи ја приказната на еден навидум реалистичен начин, но со вметнување на елементи на надреализам и магичен реализам во суровата реалност на повоеното комунистичко општество. Впечатливи се и актерските изведби, улогите на децата Лем (Кекеновски Сашо), и Исак (Станковска Маја) се едни од најдобите детски карактери во современата македонска киномтеграфија, додека улогата на возрасниот Лем е една од највпечатливите улоги на познатот македонски актер Мето Јовановски. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 11 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч. 15 ГОДИНИ СОЗЕРЦАНИЕ (Sozercanie) Игран филм, Македонија 2009, 90 мин, ДЦП Режија: Иво Трајков Сценарио: Божена Немцова, Иван Арсењев, Јан Штехлик Улоги: Давид Свехлик, Карел Зима, Верица Недеска, Магдалена Сидонова Јосифовото раѓање е проследено со пророштво: дека ќе умре на 29 години. Тоа е точно годината кога неговите жена и син го напуштаат и кога целиот негов свет се руши. Иако пријателство со Габриел му дава ново значење на неговиот живот, тоа истовремено претставува и извор на сè поголеми проблеми. Се чини дека неговата нова љубов ќе му помогне да ја пронајде смислата на животот, но секвенци од драматични настани ќе му помогнат да се промени себеси и неговата верба. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 11 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч. 20 ГОДИНИ ИЛУЗИЈА (Mirage) Игран филм, Македонија 2004, 103 мин., колор, 35 мм Режија: Светозар Ристoвски (Svetozar Ristovski) Сценарио: Светозар Ристoвски (Svetozar Ristovski) Улоги: Владо Јовановски, Марко Ковачевиќ, Мустафа Надаревиќ, Никола Ѓуричко (Vlado Jovanovski, Marko Kovachevikj, Mustafa Nadarević, Nikola Đuričko) ИЛУЗИЈА е дебитанско филмско остварување на македонскиот режисер Светозар Ристовски од 2004 година. Во основа на приказната е распадот на едно семејство како резултат на транзицијата и воените дејствија низ кои минува Македонија (тоа може да биде и било која друга земја во регионов). Тинејџерот Марко расте во сосем нездрава средина: татко алкохоличар, мајката одамна изгубила контакт со реалниот свет, сестрата е егоист која ги гледа само своите интереси… Единствената личност која му дава надеж за иднината е професорот по македонски јазик кој го охрабрува Марко да пишува поезија. Но, и оваа ситуација се покажува несоодветна за очекувањата на Марко. Неговото познанство со еден криминалец ќе го научи како да го земе законот во свои раце. Во овој филм, семејството и училиштето се користат како метафора за болното општество кое го уништува сето она што било добро и невино во Марко, одземајќи му ги соништата до толкава мерка што момчето, во еден момент, ќе сака да се одмазди. Возрасна категорија: 12 години Влезница: 150 денари 12 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 16:00 ч. 13 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 16:00 ч. ПОБЕДНИЦИ (Sieger Sein) Игран филм, Германија 2024, 119 мин., колор, ДЦП Режија: Солин Јусеф (Soleen Yusef) Сценарио: Солин Јусеф, Хајде Швохоу (Soleen Yusef, Heide Schwochow) Улоги: Дилекја Агирман, Андреас Долер, Шерин Мераи (Dileyla Agirman, Andreas Döhler, Sherine Merai) 11-годишната Мона и нејзиното семејство од курдско потекло пребегнале од Сирија во Берлин. Но таму сè е поинаку, а Мона копнее по својот дом и по другарчињата со кои играла уличен фудбал, а посебно по тетка ѝ Хелин. Кога еден амбициозен наставник ќе го препознае нејзиниот извонреден талент за фудбал и ќе ја избере за женскиот тим, работите тргнуваат на полошо наместо на подобро. Мона брзо добива епитет на аутсајдер, што го отежнува нејзиното вклопување во тимот со другите девојки. Секоја од нив води сопствена битка, но наскоро ќе сфаќаат дека можат да победат само ако играат заедно, како вистински тим. Возрасна категорија: 8 години Влезница: 150 денари 13 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 19:30 ч. 20 години БУБАЧКИ (Bugs) Игран филм, Македонија 2004, 15 мин, колор, ДЦП Режија и сценарио: Игор Иванов Изи Улоги: Ѓорѓи Крстевски, Владимир Јачев, Лабина Митевска Што станува со еден млад човек кој живее целосно во својот свет? Меланхолични и моќни слики ги враќаат спомените од минатото на момчето, додека ја откриваат неговата контемплација за сегашноста. „Бубачки“ е македонски краткометражен игран филм од 2004 година по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи, во продукција на Сектор Филм Скопје. „Бубачки“ е номиниран за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски вестивал во 2004 година и е добитник на престижниот „Златен леопард“ на фестивалот во Локарно. Бубачки успева да се пласира помеѓу девет кратки филмови во трката за „Оскар“, но не се здобива со номинација. Улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Крстевски, Оливер Митковски, Лабина Митевска, Владимир Јачев и Јелена Богојевиќ. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 13 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 20:30 ч. ДО БАЛЧАК (To the Tilt) Игран филм, Македонија 2014, 165 мин, ДЦП Режија: Столе Попов Сценарио: Горан Стефановски, Столе Попов Улоги: Инти Сирај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев Во 20.30 часот ќе се одржи Q & A со режисерот на филмот Столе Попов. ДО БАЛЧАК е последното остварување на доаенот на македонскиот филм Столе Попов. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која македонската кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот. Антивестерн, пандан на традиционалниот Амerican Western или нешто што слободно би можеле да го наречеме Маcedonian Eastern, филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација… Дејствието на филмот се случува во 1907 во Отоманска Македонија, неколку години по крваво задушеното Илинденско востаниe. Приказната ги следи случувањата на комплексен љубовен четириаголник помеѓу Крсто – бескомпромисен и идеалистичен комита, Музафер – безмилосен турски офицер, Филип – опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа, и Тереза – слободоумна Европејка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици. ДО БАЛЧАК бил прикажан во Шведска, во рамките на „Balkan New Film Festival“, учествувал на фестивалот „Febiofest“ во Прага, а бил прикажан и во Минхен, во рамките на 10-тите Денови на Балканот . Награди: • Награда на публиката за најдобар филм на Balkan New Film Festival (Stockholm, Malmo, Sweden 2016) • Најдобра женска улога – Инти Шрај(LIFFE, Serbia) • Номиниран за Македонски Кандидат за Оскар Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 16 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 19:00 ч. 20 ГОДИНИ СПИСОКОТ НА ТОНИ МАНЏА Документарен филм филм, Македонија 2004, 31 мин, ДЦП Режија и сценарио: Марија Џиџева „Списокот на Тони Манџа“ во режија на Марија Џиџева е еден од највпечатливите македонски кратки документарци кој својата премиера ја имаше пред точно 20 години. Во ноќта на 10 мај 1998 година, 18-годишниот Тони Манџа бега од затвор со намера да ги убие сите луѓе од неговата листа. Гевгелија, тивкото гратче на југот од Македонија, одеднаш веќе не е толку тивко. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 16 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. 20 ГОДИНИ БАЛ-КАН-КАН (Bal-Kan-Kan) Игран филм, Македонија, Италија 2004, 89 мин., колор, ДЦП Режија: Дарко Митревски Сценарио: Дарко Митревски Улоги: Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска, Бранко Ѓуриќ, Тони Михајловски, Никола Којо „Бал-Кан-Кан“ е македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ Балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Оваа необична мисија го води низ различни земји и култури, додека се соочува со разни комични и трагични ситуации. Филмот вешто ги прикажува апсурдите и трагикомичните аспекти на животот на Балканот. Сценариото на Митревски е интелигентно и полно со остри дијалози. Филмот успешно ги комбинира комичните и драматичните елементи, создавајќи приказна која е истовремено забавна и трогателна. Сцените се внимателно осмислени за да ги истакнат апсурдните и често суровите аспекти на животот на Балканот. Музиката на филмот е уште еден силен елемент, со разновиден саундтрак кој дополнително ја збогатува атмосферата на филмот. Традиционалната балканска музика е вешто интегрирана, што придонесува за автентичноста и културниот контекст на приказната. „Бал-Кан-Кан“ е филм кој не само што забавува, туку и поттикнува на размислување за комплексните политички и социјални прашања на Балканот. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал одржан во 2005 година. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 17 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. СУПСТАНЦИЈА (The Substance) Игран филм, Велика Британија, САД, Франција 2024, 140 мин., колор, ДЦП Режисер: Корали Фарже (Coralie Fargeat) Сценарио: Корали Фарже (Coralie Fargeat) Улоги: Деми Мур, Маргарет Квуели, Денис Квејд, Хуго Диего Гарсиа (Demi Moore, Margaret Qualley, Dennis Quaid, Hugo Diego Garcia) Сте сонувале ли некогаш за подобра верзија на себе? Треба да го пробате овој нов производ: Супстанција. Ми го промени животот. Со Супстанција можете да создадете друга верзија на себе: помлада, поубава, посовршена… Само дајте го своето време. Една недела за едната, друга за другата. Совршена рамнотежа од седум дена. Лесно, нели? Ако ги следите инструкциите, што би можело да тргне наопаку? Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 18 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 19:00 ч. 19 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 19:00 ч. АНОРА (Anora) Игран филм, Велика Британија, САД, Франција 2024, 139 мин., колор, ДЦП Режисер: Шин Бејкер (Sean Baker) Сценарио: Шин Бејкер (Sean Baker) Улоги: Јури Борисов, Рос Бродар, Мајки Медисон, Линдзи Нормингтон, Карен КАрагулиан, Ајву Волк, Марк Ејделштајн, Ваче Товмасјана (Yuriy Borisov, Ross Brodar, Mikey Madison, Lindsey Normington, Karren Karagulian, Ivy Wolk, Mark Eydelshteyn, Vache Tovmasyana) „Анора“ e последниот филм на новото големо име на американскиот и светскиот филм – Шин Бејкер. Филмот е победник на канскиот фестивал и добитник на една од најпрестижните кинематографски награди, Златната палма. Филмот е приказна за љубовта, страста, парите и незаситната желба за среќа и уживање. Анора е млада стриптизета од Бруклин која набрзо по запознавањето се мажи за Вања, син на руски олигарх. Кога веста ќе стигне до Русија, родителите на младоженецот тргнуваат за Њујорк, решени да го поништат бракот. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 20 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч. СЕЗОНА НА КЛАСИЧНИ ФИЛМОВИ МИС СТОН Игран филм, Македонија 1958, 97 мин., колор, 35мм Режисер: Живорад Жика Митровиќ Сценарио: Ѓорѓи Абаџиев, Трајче Попов Улоги: Никола Антовски, Дарко Дамески, Драги Костовски, Владимир Медар, Илија Милчин, Тодор Николовски, Драган Оцокољиќ, Петре Прличко, Драги Крстевски-Амфи, Олга Спиридоновиќ Филмот „Мис Стон“ е инспириран од вистински настан што се случил во 1901 година – киднапирањето на американската протестантска мисионерка Елен Стоун и нејзината сопатничка Катерина Цилка од страна на четата на Јане Сандански, кои за нивно ослободување бараат откуп што треба да служи за финансирање на македонската револуционерна борба. Своевремено, „Мис Стон“ беше меѓу најскапите и најамбициозни југословенски продукции, прв македонски филм во колор, но и во тоталскоп техника – како што тогаш ги снимаа костимираните историски епопеи во филмското студио Чинечитаво во Рим, Италија. Филмот, во режија на тогаш едно од најголемите режисерски имиња во Југославија, Живорад Жика Митровиќ, беше отскочна штица на „Вардар филм“, во која се докажа пред конкурентните, поискусни и подобро екипирани филмски претпријатија на југословенскиот филмски пазар, а во исто време даваше приказ на македонското историското минато за кое дотогаш ретко се истражуваше и јавно пишуваше, и за кое многу малку се знаешe. Главните улоги ги толкуваат Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Тоциноски, Илија Џувалековски, Петре Прличко и др. Филмот е снимен во колор синемаскоп техника, што своевремено била новина во југословенската филмска индустрија, а Олга Спиридоновиќ и Петре Прличко за своите улоги – Елен Стон и Манданата – биле наградени со „Златна арена“ за најдобра актерка и најдобар актер на филмскиот фестивал во Пула во 1959 година. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари 21 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 18:00 ч. 25 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч. ДА СЕ БИДЕ ЏОН МАЛКОВИЧ (Being John Malkovich) Игран филм, САД 1999, 115 мин, колор, ДЦП Режија: Спајк Џоунс (Spike Jonze) Сценарио: Чарли Кауфман (Charlie Kaufman) Улоги: Џон Кјузак, Камерон Дијаз, Џон Малкович (John Cusack, Cameron Diaz, John Malkovich) Приказната на филмот го следи животот на Крег Шварц (Џон Кјузак), неуспешен куклар кој открива чудесен портал во неговата канцеларија што води директно во умот на актерот Џон Малкович. Овој портал не само што им дозволува на ликовите буквално да „влезат“ во телото на Малкович, туку отвора и теми како контролата, желбата за живот на другите и губењето на сопствениот идентитет. Режијата на Џоунс е елегантна, но истовремено инвентивна. Локацијата на канцеларијата на „седум и пол кат“ е метафоричен и визуелно комичен момент што совршено ја одразува чудноста на светот што го создава Кауфман. Филмот „Да се биде Џон Малкович“ е ремек-дело на кинематографската апсурдност и метафизичката комедија. Во својот игран филмски дебитант, режисерот Спајк Џоунс создава фасцинантно и уникатно дело што се одликува со несекојдневна премиса, маестрална глума и инвентивен визуелен стил. Заедно со сценариото на Чарли Кауфман, кое е оригинално и надреално, филмот успева да ги истражи најдлабоките аспекти на човечката егзистенција, идентитет и амбиција. 23 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч. ТИИИТ ФЕСТИВАЛ 24 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. 25 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч. 26 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч. АСТЕР ФЕСТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаМакрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка. На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи. Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил. Брегзит во центарот на разговорот Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи. Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок. Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста. Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста. Камерон предупредува за враќање во ЕУ Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата. Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот. „Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг. Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“. Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили. Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит. „Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас. Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“. Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата. Спор околу слободата на движење Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија. Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ. Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ. Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум. Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум. Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат. „На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам. Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници. „Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател. Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.Тагови: Емануел Макрон премиерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook