Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветење
2Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветење
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ТенисДејвис куп: Хусеиновиќ го отвора дуелот на македонските тенисери против КипарВо Никозија денеска беа одредени двојките за дуелот од Дејвис купот од Втората светска зона во кој македонските тенисери ќе играат против Кипар.Во воведниот натпревар за македонската репрезентација ќе настапи Амар Хусеиновиќ, а негов противник, в сабота, ќе биде домашниот тенисер Мелиос Ефстатиу. Во вториот меч од утрешната програма, Стефан Мицов за ривал го има Фотос Фотиадес. В недела на програмата се три дуели, а ќе стартува со дуелот во парови. За македонскиот тим се пријавени Амар Хусеиновиќ и Стефан Мицов, а за Кипар, Ефстатиу и Елефтериос Неос. Во продолжение се предвидени другите два сингл меча: Мицов – Ефстатиу и Хусеиновиќ – Фотиадес. Воведните натпревари в сабота и недела стартуваат во 10 часот по македонско време и се играат во два добиени сета. Тагови: Дејвис куп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31
МакедонијаМицкоски на средба со претставници на американската воена индустријаПремиерот Мицкоски, во рамки на посетата на Соединетите Американски држави се сретна со претставници на американската воена индустрија, како и со официјални претставници на американската администрација задолжени за оваа област.„Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети“,напиша тој на Фејсбук. Претходно, Мицкоски оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау, на која присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, во чиј ресор спаѓаат и балканските држави. Премиерот објави видео од средбата со државниот секретар Марко Рубио, што според него претставува важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31
МакедонијаБожиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветењеКатегорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се нарушат мојата чест, углед и професионален интегритет.Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со „Руднап“. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби. СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација. Нема да дозволам преку партиски прес-конференции да се фрлаат невистини во јавноста и потоа да се очекува тие да останат без одговор. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед. Затоа, наместо политички конструкции и измислени „мрежи“, од СДСМ барам во рок од 24 часа јавно да ги повлече невистинитите тврдења и да ми се извини за нивното изнесување. Во спротивно, ќе следуваат конкретни правни чекори. Ќе ги искористам сите расположливи правни механизми за заштита на мојата чест, углед и професионален интегритет, вклучително и судска постапка и соодветни пријави до надлежните институции. Јавноста заслужува факти и докази, а не политички конструкции. Јас сум подготвена за секој факт да одговорам и да го докажам. Истото го очекувам и од оние што денес изнесуваат вакви сериозни обвинувања. Сања Божиновска Министерство за енергетика, рудраство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКнижевен настап на Стефан Марковски во ПаризМакедонскиот писател и истражувач на литературата Стефан Марковски на 24.09 ќе настапи на книжевната вечер Paris Lit Up која се одржува од 2012-та година во историскиот бар „Култур Рапид“ во 20-от париски арондисман на улица Жилиен Лакроа.Во овој бар, кој е дел од книжевната историја на Париз како родно место на француската слем поезија од 1980-тите, сè уште се одржува познатиот Меѓународен слем фестивал секој мај. Македонскиот книжевник ќе прочита свои поетски творби од англиско-македонскиот избор „Ветена земја“, каде се застапени песни од четири поетски книги на Марковски, „Хипербог“, „По трагата на белиот грифон“, „Сиво сјаат вселените“ и „In Nomine“. Книжевните вечери Paris Lit Up (PLU) се основани од авторот Џејсон Френсис Мекгимзи и Кејт Ноукс, етаблирана поетеса, членка на Велшката академија за книжевност и уредничка на поетската рубрика на истоименото списание, а водител е Крис Њуенс, британски писател и новинар. На вечерите во минатите изданија имаат гостувано Ненси Столман, американска писателка на флеш-фантастика, музичар и основач на настаните поврзани со читање флеш-фантастика Fbomb, њујоршкиот поет и музичар Стив Далачински, добитник на наградата „Франц Кафка“, ирско/италијанско-американската поетеса Кимберли Кампанело и други. Вечерите се познати како репрезент на повеќејазичната уметничка сцена и литература која се создава во Париз. Во рамки на својот престој, Марковски ќе оствари и посета на Универзитетот „Сорбона“.Тагови: Стефан Марковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook