Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснејхан во новиот филм за Супермен - Канал 5

Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснејхан во новиот филм за Супермен

Младиот американски глумец Дејвид Коренсвет е следниот што ќе ја нагрне црвената наметка на Супермен. Веста ја потврди режисерот на следниот филм за суперхеројот, Џејмс Ган.

Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснејхан во новиот филм за Супермен

Инаку, 29-годишниот Американец е познат по улогите во неколку успешни проекти, меѓу коишто и „Холивуд“ и „Политичар“ од продукцијата на „Нетфликс“, „Ние го поседуваме овој град“ од „Ејч-би-о“ и „Бисер“ на „Јуниверзал“. Дејвид Коренсвет ќе глуми во суперхеројскиот филм „Супермен: Наследство“ (Superman: Legacy).

Според наводите, Рејчел Броснејхан ќе ја глуми новинарката Лоис Лејн - љубовта на Супермен, т.е. Кларк Кент. Филмот, продуциран од „Ворнер брос“, треба да се прикажува во 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конески: УМС доби нов Извршен комитет, ќе бидеме посветени на креирање нови иницијативи и политики за младите

Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија.

Конески: УМС доби нов Извршен комитет, ќе бидеме посветени на креирање нови иницијативи и политики за младите

Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија.

Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат можност да го продолжат својот професионален пат во јавните здравствени установи, своето знаење и стручност да ги вложат во здравствениот систем и да придонесат кон подобри услови за граѓаните.

Ова претставува директна инвестиција во младите медицински кадри, но и сериозен чекор кон решавање на предизвикот со недостигот од специјалистички кадар. Со создавањето услови младите лекари да останат и да се развиваат во својата држава, се гради стабилен и одржлив здравствен систем.

Особено значајно е што со оваа мерка се опфатени и здравствените установи надвор од Скопје, со што се овозможува рамномерен развој на здравството и подобра достапност на специјалистичките услуги за граѓаните во сите делови на Република Македонија.

Ова е пример дека кога се инвестира во младите, се инвестира во иднината на државата. Секој млад човек кој добива можност да го надградува своето знаење, да напредува професионално и својата иднина да ја гради дома, е придобивка за целото општество.

Како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, верувам дека младите не се само иднината на државата, туку и нејзината сегашност и најголем развоен потенцијал. Затоа, нашата обврска е да ги слушаме нивните потреби и да работиме на политики кои создаваат реални можности за нивниот развој.

Токму со таква визија започнува работата на новоизбраниот Извршен комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е тим составен од млади луѓе со знаење, енергија и желба за работа, кој во наредниот период ќе биде поставени на креирање нови иницијативи, предлози

и политики насочени кон младите.

Нашата цел е Унијата на млади сили да биде организација која ги слуша младите, ги препознава нивните потреби и активно работи на создавање услови за нивен личен и професионален напредок.

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука за избор на новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на млади сили.

За генерален секретар е избран Дамјан Коњановски.

За заменик генерален секретар е избран Стојан Пандов.

За потпретседатели се избрани Борис Шамбевски, Илија Ристески и Тијана Тесалоника Шишкоска.

За организациони секретари се избрани Антоанета Лазаревска, Денис Пановски, Иван Димитриевски и Мартин Ивановски.

За претседател на Градскиот комитет на УМС е избран Љупчо Ристески, додека меѓународен секретар ќе биде Луна Стефаноска. За членови на Извршниот комитет се избрани: Лина Рангелова, Софиа Даштевска, Марио Николовски, Иван Коцев, Филип Анастасов, Виктор Петков, Стефан Здравески, Филип Милев, Трајче Стојановски, Марио Стојчевски, Петар Младеновски, Георги Петков, Анастазија Георгиева, Јована Спасеноска, Петар Мицкоски, Александра Николовска, Тамара Трајковиќ, Дамјан

Ивановски, Горјан Смилков, Стефан Стојчевиќ, Михаела Ристеска, Христијан Ефтимов и Верица Ценева.

Ни претстои период на многу работа, многу активности и голема одговорност. Со посветеност, тимска работа и конкретни резултати ќе покажеме дека младите се важен фактор во развојот на општеството и активни носители на позитивните промени во Република Македонија.

Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

55. Семакедонска средба Трново 2026!

Во 1971 година за првпат е одржана Иселеничка Средба во македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново во организација на Матицата на иселениците од Македонија.

55. Семакедонска средба Трново 2026!

Утре, на 2 август, на големиот христијански празник Свети Пророк Илија - Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 55. Светска Македонска Иселеничка Средба и 46. Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како Една и единствена СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2026!

Организатори на 55. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

Во 1971 година за првпат е одржана Иселеничка Средба во македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново во организација на Матицата на иселениците од Македонија. Во 1981 година, на истото место, една недела пред 2 август, за првпат започнува да се одржува и Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола. Од 1998 година Средбата е преименувана во Светска Македонска Иселеничка Средба во организација на Светскиот Македонски Конгрес. Во 2014 година, 34-та Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 43-та Светска Македонска Иселеничка Средба се обединија во една и единствена Семакедонска Средба под покровителство на градоначалникот на Општина Битола.

На Семакедонската средба 2026 се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија, од светот и татковината.

Од 7.30 до 10.30 ќе се одржи света богослужба во црквата “Успение на Пресвета Богородица“, на која чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Петар, Митрополит Преспанско-Пелагонсики.

Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба.

Македонската национална химна “Денес над Македонија“ ќе ја отпее оперскиот пеач Никола Зачевски.

Средбата ќе ја благослови Неговото Високопреосвештенство г. Петар Митрополит Преспанско-Пелагониски.

Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски како покровител на Средбата, претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

Посебно слово за Македонците во светот ќе одржи проф.д-р Васил Тоциновски.

На Семакедонската средба ќе присуствуваат градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски, градоначалникот на општина Прилеп Дејан Проданоски и градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски, како и пратениците од Битола Пеце Милевски, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, советниците во Советот на општина Битола, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола Горан Исков и членот на УМС Мартин Ивановски.

Се очекува присуството и на отец Никодим архимандрит Мегленски од Егејскиот дел на Македонија, копретседателот на ОМО Илинден ПИРИН проф.д-р Стојко Стојков од Пиринскиот дел на Македонија, претседателот на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција м-р Васил Стерјовски, претседателката на Македонската заедница во Србија и на Македонското здружение “Кочо Рацин” во Белград Лидија Демниева и претседателот на Македонското друштво “Преспа” Едмонд Темелко.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД “Гоце Делчев“ од Битола и Хорот “Сирма војвода“ од Битола.

Од Битола до Трново и назад има организиран автобуски превоз.

Организаторите упатуваат јавна покана за масовно присуство на Семакедонската средба до сите Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината! Повелете!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштита

Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштита

Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги.

Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова значи поголема поддршка за семејствата, за најранливите категории граѓани и за сите оние на кои им е потребна сигурност и стабилност.

Здравството добива дополнителни околу 1 милијарда и 811 милиони денари, затоа што граѓаните заслужуваат подобри услуги, модерна опрема и функционални здравствени установи.

Образованието со повеќе од 1 милијарда денари дополнителни средства, инвестиција во училиштата, студентите, учениците и иднината на нашата држава.

Паралелно, се обезбедуваат повеќе средства за земјоделците, за железничкиот сообраќај, за породилното боледување, за МОЈ ДДВ и за поддршка на ученичкиот и студентскиот стандард.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството добива дополнителни 1 милијарда и 331 милион денари.

Министерството за земјоделство добива речиси 300 милиони денари повеќе, со засилување на средствата за водостопанство и стабилност на земјоделското производство.

Овој Ребаланс не е само збир на бројки. Ова се реални средства зад кои стојат реални луѓе родители, пензионери, земјоделци, работници, наставници, здравствени работници и млади кои ја градат својата иднина.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер