ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката
2ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката
Шоу бизДејвид и Викторија Бекам имале корона , па заразени си оделе по забави Дејвид и Викторија Бекам имале коронавирус, според британските медиуми. На почетокот на март, додека биле заразени, тие престојувале во САД и Велика Британија.Дејвид и Викторија се плашеле дека се супер-ширители на заразата затоа што неколку нивни вработени добиле коронавирус. Двојката поминала време со децата од 5 до 19 март патувајќи од Лос Анџелес во Лондон и Котсволдс и во Мајами, сето тоа време не знаејќи дека се заразени со коронавирус. View this post on Instagram Saturday sunshine walk but someone isn’t overly impressed with my hat 🤨 I obviously love it 😆 @victoriabeckham 🤔 A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on May 30, 2020 at 3:43am PDT Семејството исто така организирало голема прослава на 21-от роденден на синот Бруклин. На забавата присуствувале Никол Пелц, Ема Бантон, Холи и Тане Рамзи и други јавни личности. Во Мајами, Дејвид бил на весела забава каде се ракува и се поздравува со пријателите и фановите. По враќањето во Велика Британија, семејството Бекам започнало да се чувствува лошо и Викторија имала болки во грлото и висока температура. View this post on Instagram Staying at home for the ones that we love 🏠. Thank you @kevinbacon for nominating me. I’m staying at home for Victoria and our kids, including Cruzie who’s made his way into this photo 😂 Let’s stop the coronavirus spread together ♥️ Share your own #IStayHomeFor photo with a sign like mine and tag six of your friends asking them to do the same. I nominate @BrooklynBeckham @DavidGardner @Gneville2 @RosemaryFerguson_ @GordonGram and @J_Corden A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on Mar 19, 2020 at 6:40am PDT "Тоа беше сценарио за кошмар. Тие присуствуваа на неколку посетени настани затоа што Дејвид имаше промотивни должности и се ракуваше и ги бакнуваше фановите", изјави извор за „Сан". View this post on Instagram We had a visitor in the night ♥️ #HarperSeven ♥️ @victoriabeckham A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on Sep 6, 2020 at 8:02am PDT Тој исто така додаде дека неколку лица од персоналот, вклучително и возачи и телохранители, се заразиле, а некои од нив биле сериозно болни. Според изворот, Викторија навистина се испаничила и го принудила целото семејство да оди во изолација повеќе од две недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
АвтомобилизамДали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат? Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици. Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже. Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото. Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето. Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла. Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот. Извор: Б92Тагови: кочење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банкатаДавор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај. Наскоро повеќе информации. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банкатаБанкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните.Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси. Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари. Така, располагајќи со информации кои и го дозволуваше позицијата министер за финансии, Ангеловска неколку дена пред да пропадне Еуростандард банка во 2020 година, си ги повлече своите 250 илјади евра, додека заштедите на граѓаните пропаднаа заедно со банката. И да не заборавиме како банката дојде до неликвидна ситуација. Долго време на компании одобрувала ризични кредити без соодветно покритие, меѓу кои и 29 струмички меѓу кои имало и фирми блиски до Заеви. Дел од нив освен што зеле кредити без соодветно покритие, истите и не ни ги враќале на банката. Сето ова се случувало додека СДС беше на власт и нормално не реагираа навреме и не ги заштитија парите на граѓаните, затоа најголем интерес од тоа имаа фирмите на Заеви и на лица блиски до нив. Но затоа пак, Нина Ангеловска своите пари си ги спаси. Сега државата и надлежните институции се на страна на граѓаните, преземаат соодветни мерки и се грижат за нивниот интерес, а не како во време на СДС кога пропаѓаа банки, а оние кои треба да го штитат јавниот интерес и парите на граѓаните, како министрите за финансии пет дена пред банката да оди во стечај да ги вадат своите пари. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45