Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
1Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
2Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
Шоу бизДејвид Духовни се прошета низ Њујорк со 33 години помладата девојка (ФОТО)Холивудскиот актер Дејвид Духовни (64) на нашата публика ѝ е најпознат по улогата во сериите „Досиеја Икс“ и „Калифорникација“.Отсекогаш ја имал таа доза на шарм поради која дамите ширум светот „паѓаат“ по него, но неговото срце го заробила младата Моник Пендлбери (31). Разликата меѓу нив е дури 33 години. Неодамна беа фотографирани во Њујорк на мирна прошетка, каде тој беше облечен лежерно додека таа носеше црн блејзер со фармерки и црни чевли. Ова се ретки прилики кога може да се видат заедно бидејќи водат живот далеку од „рефлекторите“ на јавноста. Двојката почнала да се забавува во 2017 година, по разводот на Духовни од неговата сопруга, актерката Тиа Леони, со која има две деца – ќерката Вест и синот Кид, пишува „The People“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаЗапочна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработкаФорумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата.Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји. Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и бизнис-заедницата со цел создавање нови партнерства, размена на знаење и отворање нови можности за регионален раст. Во рамки на свеченото отворање беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, документ кој претставува основа за поинтензивна институционална соработка, размена на искуства и заеднички активности во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој. Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот е создаден со јасна цел – да ги поврзе компаниите од двете земји и да создаде конкретни деловни можности. „Денешниот форум не е само уште една конференција или настан за вмрежување. Тој е создаден со многу конкретна цел – да ги поврзе компаниите, да поттикне директен дијалог и да создаде нови бизнис можности меѓу нашите две земји. Меморандумот што денес го потпишуваме не е крајна дестинација, туку почетна точка за посилна соработка, поголема размена на знаење и повеќе можности компаниите од двете земји да работат заедно“, изјави Димитровски. На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Република Грција во Македонија Н.Е. Софија Филипиду, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и претседателот на SETPE, Анастасиос Манос. Во текот на денот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на презентации, тематски дискусии и над 150 однапред организирани B2B средби насочени кон создавање конкретни деловни партнерства и нови заеднички проекти. Организаторите очекуваат токму овие средби да резултираат со нови соработки и да придонесат за натамошно поврзување на технолошките екосистеми на Македонија и Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решениеЕвропската унија има желба да стимулира дијалог меѓу Македонија и Бугарија, има сериозен интерес за раздвижување на процесите и доколку е искрено ќе има решение изјави утринава Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија.Според него наредната недела е можна средба со бугарската страна и додаде дека несомено е дека треба да има дијалог. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сосВо четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади КостадиновскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 1 морков 1 тиквичка 1 главица кромид 1 страк праз 200 гр. шампињони 3 лажици соја сос малку буковка малку сусам масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook