Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
2Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
ЗабаваДејвид Бекам се обидел да се смири со синот Бруклин: Добил одговор дека нивната врска е завршенаНајстариот син на славниот фудбалер Дејвид Бекам и екс членката на Спајс грлс, Викторија Бекам, Бруклин Бекам, ја прослави Новата година во ноќен клуб во Јужна Флорида со својата сопруга Никол Пелц.Најстариот син на славниот фудбалер Дејвид Бекам и екс членката на Спајс грлс, Викторија Бекам, Бруклин Бекам, ја прослави Новата година во ноќен клуб во Јужна Флорида со својата сопруга Никол Пелц, без да реагира на најновиот обид на неговиот татко за помирување. Додека Дејвид Бекам објави фотографија со својот син на Инстаграм со емотивна порака, Бруклин го прослави доаѓањето на 2026 година во клубот E11EVEN со музиката на 50 Cent, опкружен со сопругата и пријателите, оставајќи впечаток дека не обрнал внимание на пораките од своето семејство. Според изворите, Бруклин објавил дека неговата врска со неговите родители е завршена, што дополнително го продлабочило семејниот раскол што трае веќе некое време. Сепак, како што раскажува извор за The Mirror, тој сè уште има силна љубов кон своите баба и дедо, со кои неговата емоционална врска останала недопрена. Во исто време, Никола Пелц објави фотографија од своите пријатели и семејство на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на луѓето во нејзиниот живот, без никакво споменување на семејството на нејзиниот сопруг, што многумина го протолкуваа како дискретна порака во врска со месеците на тензија. Во последните месеци, Бруклин и Никол не присуствуваа на семејните собири, вклучувајќи го и 50-тиот роденден на Дејвид и други важни настани, што дополнително ги поттикна гласините за отворен конфликт во семејството Бекам. Бруклин наводно престанал да ги следи своите родители и брат на социјалните мрежи, додека братот Круз изјавил дека Бруклин ги блокирал, вклучувајќи ги и неговите родители. Иако Дејвид и Викторија продолжуваат јавно да ја изразуваат својата љубов и да се обидуваат да се помират, Бруклин и Никола остануваат посветени на нивниот заеднички живот.Тагови: Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача: „Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов. Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44