Дејвид Бекам објави снимка од Франција, сите ѝ се смеат на Викторија: Каков е овој филтер(ФОТО) - Канал 5

Дејвид Бекам објави снимка од Франција, сите ѝ се смеат на Викторија: Каков е овој филтер(ФОТО)

Еден од најпознатите славни парови, Дејвид и Викторија Бекам, често ја покажуваат својата љубов на социјалните мрежи.

Дејвид Бекам објави снимка од Франција, сите ѝ се смеат на Викторија: Каков е овој филтер(ФОТО)

Дејвид неодамна објави фотографија од нивниот состанок во лозјето на која позираа прегрнати.

Открил дека се во Франција и дека, опкружени со лозја, биле воодушевени од ресторанот каде што ручале.

Многу обожаватели, меѓу кои и Викторија, забележале дека поранешниот фудбалер ја уредил фотографијата со необичен филтер, поради што нејзината коса изгледа поинаку од вообичаено. "Што? Зошто мојата коса е портокалова? Дејвид, каков филтер е тоа?" Викторија ја коментира објавата.

Таа со својот коментар ги насмеа нивните следбеници. Некои поради тоа ја нарекоа Џинџер Спајс. Тоа беше прекарот на колешката на Викторија, Гери Халивел, од групата Spice Girls кога настапуваа заедно, а таа е позната по портокаловата боја на коса.

На почетокот на јули, парот помина романтичен викенд на Сардинија пред 25-годишнината од бракот, а објавија и фотографија на која ја рекреираа својата многу позната виолетова облека што ја носеа на денот на нивната венчавка во 1999 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Успешно заврши тендерската постапка за набавка на 100 нови еколошки автобуси за Скопје

Успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!

Ѓорѓиевски: Успешно заврши тендерската постапка за набавка на 100 нови еколошки автобуси за Скопје

Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!

Сакам да упатам искрена и огромна благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до министерот Александар Николоски за силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани.

Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз - помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани.

Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија.

Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје.

За само неколку месеци докажавме дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка - нема невозможни работи!

Кога се сака, сѐ се може!

Скопје го правиме заедно. По скопски!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција го гради „Ахиловиот штит“- договор со Израелците вреден 3,5 милијарди евра

Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра.

Грција го гради „Ахиловиот штит“- договор со Израелците вреден 3,5 милијарди евра

Грција одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана од Израел во вредност до 3,5 милијарди евра, како и купување на неколку видови беспилотни летала и воени транспортни авиони C-390 од бразилската компанија „Ембраер“, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас.

Советот за национална безбедност на Грција (KYSEA) даде првично одобрение за проектот претходно оваа година, а денес ги одобри договорите за набавка.

Грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот

Грција планира да воспостави повеќеслоен систем за одбрана од балистички ракети, воздушни закани и беспилотни летала наречен „Ахилов штит“, каде што јадрото на системот ќе бидат израелски радари и ракети од „Рафаел“ и „Израел аероспејс индустрис“ (IAI).

„Системот ќе биде готов и целосно оперативен во рок од 35 месеци од денес“, рече Дендиас, додавајќи дека грчките компании ќе произведуваат најмалку 25 проценти од компонентите на системот.

Грција моментално користи американски системи „Патриот“ и стари руски системи „С-300“ за заштита на својот воздушен простор, а до 2036 година планира да инвестира околу 28 милијарди евра во модернизација на своите вооружени сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара

Гостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава...

Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара

На таа тема во Гостивар попладнево прес-конференција одржа кризниот штаб каде информираа за актуелната состојба во градот...

Таму е Дејан Трајкоски, Дејан дали е почнато хиперхлорирањето и кога би можеле гостиварци да добијат чиста вода за користење, што велат анализите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер