Дејли мејл: Албанските трговци со луѓе профитираат двапати - Канал 5

Дејли мејл: Албанските трговци со луѓе профитираат двапати

Британскиот таблоид Дејли мејл тврди дека албанските трговци на луѓе профитираат двапати. 

Дејли мејл: Албанските трговци со луѓе профитираат двапати

Еднаш со носење илегални мигранти во Велика Британија, а потоа помагајќи им на бараните криминалци, вклучително и на убијци, да избегаат преку каналот Ла Манш.

Исто така се наведува дека Албанците дрско рекламираат итни патувања во задниот дел на камионите за „луѓе кои имаат проблеми и сакаат што поскоро да ја напуштат Англија“.

- Луѓе со проблеми кои сакаат да излезат од Англија што е можно побрзо со одење во Франција или Белгија во задниот дел на камион. Цена 2500 фунти, гласи една од рекламите на ТикТок до која дошол таблоидот.

Еден од инволвираните лица изјавил дека можел да побегне од Велика Британија за 3.000 фунти.

Додека друг тик-токер рекламира услуга за 17.500 фунти. Тој нуди бегство на криминалец со фалсификувани документи, кој би патувал како втор возач во кабина на камион.

Британската полиција во моментот трага по најмалку 38 албански криминалци, меѓу кои девер за убиство, двајца за силување и еден обвинет за напад врз дете.

- Меѓу другите осомничени Албанци, кои се во бегство е еден за измама во висина од три милиони фунти, еден за семејно насилство, потоа производител на канабис, дилер на кокаин и бегалец од затвор. Најверојатно некои од нив можеби веќе ја напуштиле илегално Велика Британија, наведува Дејли мејл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер