Стивен Џерард бил воодушевен од него и Виља успеа да го договори трансферот со Барселона.
Така Барса конечно се ослободи од играчот за кој во јануари 2018 година на Ливерпул му плати дури 135 милиони евра. Бразилецот никогаш не ги оправда очекувањата и постигна 25 гола и забележа 14 асистенции на 106 натпревари. Тој исто така беше на позајмица во Баерн, па дури и постигна гол за Барса во ремито во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а клубот од „Камп Ноу“ постојано бараше начин да се ослободи од него.
Кутињо на крајот се смести во Астон Вила откако изрази желба повторно да игра во Премиер лигата. Но, за да го постигне тоа, морал да се откаже од огромните приходи. Дејли Мејл објави дека Кутињо ќе заработува околу 7,5 милиони евра по сезона во Астон Вила, што е за 70 отсто помалку од 24 милиони евра по сезона што ги имаше во Барселона.
Астон Вила, очигледно, не можеле да му понудат ниту блиску до таа сума, но на крајот сите три страни се задоволни од овој трансфер. Виља затоа што доби одличен играч, Кутињо затоа што најде клуб во кој се чувствува добро и Барселона затоа што ја симна огромната плата од буџетот и со тоа отвори можност подобро да плати потенцијален нов играч.
Но, Кутињо ќе остане запишан како најголем неуспех на Барселона. Клубот загуби 115 милиони евра само на обештетување и нешто помалку од 100 милиони евра од платата на играчот сите овие години. Усман Дембеле е втор на таа листа, но Французинот целосно се разбуди под водство на Чави и најверојатно ќе остане уште долго во Барселона.