Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
1Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
ЗабаваДејан, во 2017, со скршено стапало освојува бронзен медал!„Да се качиш на пиадестал и да се развее македонското знаме, поголемо уживање од ова не постои!” изјави Дејан Георгиевски во „G Carpet”Минатата недела( 08.08.2021) во нашата емисија „G Carpet” гостин беше човекот кој што ја направи целата македонска нација, горда, освојувачот на олимписки медал, Дејан Георгиевски. Дејан е македонски професионален теквондист, тој има освоено бројни медали меѓу кои „Европскиот турнир за олимписки квалификации”, „Купот на претседателот - Европски регион”, „Софија опен”, „Турски опен”, „Грција опен”, „Трофеј Галеб Белград - Србија опен”, „Словенија опен” и т.н. На Олимписките игри во Токио Дејан го освоил сребрениот медал. За своите почетоци со теквондото, Дејан рече дека тоа е боречка вештина која ја тренираат и брат му и сестра му, додаде дека и тие имаат освоено доста медали. „Јас по природа сум многу мирен, но кога ќе се качам на татами, знам дека таму сите се отидени за да победат и никој нема има милост спрема мене, па така нема да имам ниту јас спрема нив. Тоа е слично на начинот на кој Хероите се бореле за нашата држава, јас морам да одам по нивните стапки и нема ништо да ме спречи. Од прва до последна капка крв ќе останам таму и морам да го донесам тоа по што сум отиден.” „Што ти се случуваше пред борбата во полу финалето, кои мисли ти се вртеа во глава, што ти зборуваше тренерот, која мотивација ја имаше?” „Јас цело време бев фокусиран на борбите, една по една, како што доаѓаа. За полу фналето знаев кој ми е противникот, ни беше добро познат. Јас таму отидов да земам медал. Во тој момент не мислев на ништо, се’ ми беше исто, рамно, само знаев дека мора да дојдам до финале.” „Jас немам идол, ги почитувам сите борци но идол никогаш сум немал.” „Што се счучи во финалето?” „Борбата во финалето беше одлична, во прашање се моменти, немаше многу голема разлика, тоа се нијанси кои делеа од победата. Едноставно тоа што се случи беше господова волја. Еден момент во кој што се' се превртува.” „Тоа што го правам за овој спорт не е жртва, тоа е начин на живот. Ние во нашиот клуб сме сите дисциплинирани и посветени, сите може да уживаат во дискотеки за време на викенд, но никој од нив, не може да го доживее уживањето и задоволството од учество на некој ваков натпревар и успех од истиот. Да се качиш на пиадестал и да се развие македонкото знаме, поголемо уживање од тоа, за мене, не постои!” Неговиот тренер, Дарко Костовски, на ова додаде: „Ние во полу финалето се сретнавме со Кореец, теквондото е боречка вештина која потекнува баш од Кореа. Тоа е слично слично како да Македонија да игра фудбал со Бразил, со Англија со таквите земји, значи ние победивме човек од каде што потекнува таа боречка вештина, еден од најдобрите таму. Тоа е едно неописливо, посебно чувство кое никогаш нема да го заборавиме.” „На олимписките игри борците носат електронски оклопи и електронски папучи и сензори во кацигите. Теквондото е спорт со фул – контакт, дозволени се и нокаути и секој удар се мери во сила. Со електронските папучи кога, борецот ќе удри во оклопот, мора да откуца одредена сила, која се мери во џули, за да куцне поен. Тука факторот – судија, е скоро исклучен. За да досуди поен мора да има точен удар и одредена сила. Удар во тело, со нога е 2 бода, во глава, со нога е 3 бода, удар со вртење во тело е 4 бода, а удар со вртење во глава е 5 бода.” „Ударот на Дејан, со вртење, ако погоди некого е со иста сила како комбе во движење да го удри. Јас и брат ми се откажавме од паричната награда и одлучивме да ја земе Дејан сам,од повеќе причини, секако дека овој успех е резулатат на тимска работа, но најголемиот товар го понесе тој сам. Плус во последните 3 години имаше скршеница на рака, скршеница на стапало и тоа се од теквондо. Навистина напорно работеше и многу се вложи, т.е максимално во овој спорт, најголемата заслуга е негова.” „Во 2017 година, првиот поголем медал за текводно, на Европско првенство го донесе токму Дејан, и тоа од Софија, тоа беше бронза. Тој на првата борба скрши стапало, потоа продолжи уште 2 борби, со скршена коска на стапалото, и стигна до бронзен медал. Тоа беше огромен подвиг, неверојатна работа која Деки ја направи.” „Дејан е првиот човек од Македонија, кој што тренирал тука, доаѓа од Македонија, се’ што направил за овој спорт, направил тука и носи медал на нашата земја. Тој е буквално домашен производ. На Олимписките игри, првиот борец кој што Деки го победи, е актуелен светски шампион, Дејан на овие Олимписки игри декласираше се’, a Русинот за теквондото е исто што и Роналдо за фудбалот. „На олимписките игри борците носат електронски оклопи и електронски папучи и сензори во кацигите. Теквондото е спорт со фул – контакт, дозволени се и нокаути и секој удар се мери во сила. Со електронските папучи кога, борецот ќе удри во оклопот, мора да откуца одредена сила, која се мери во џули, за да куцне поен. Тука факторот – судија, е скоро исклучен. За да досуди поен мора да има точен удар и одредена сила. Удар во тело со нога е 2 бода, во глава со нога е 3 бода, удар со вртење во тело е 4 бода, а удар со вртење во глава е 5 бода.” „Ударот на Дејан, со вртење, ако погоди некого е со иста сила како комбе во движење да го удри. Јас и брат ми се откажавме од паричната награда и одлучивме да ја земе Дејан сам,од повеќе причини, секако дека овој успех е резулатат на тимска работа, но најголемиот товар го понесе тој сам. Плус во последните 3 години имаше скршеница на рака, скршеница на стапало и тоа се од теквондо. Навистина напорно работеше и многу се вложи, т.е максимално во овој спорт, најголемата заслуга е негова.” Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фазаАктивностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза! Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности. ✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план. 🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина. Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter