Дејан Пројковски добитник на Награда за најдобра режија, „Брачно советувалиште“ најдобра претстава на 12. фестивал „Гола месечина“ - Канал 5

Дејан Пројковски добитник на Награда за најдобра режија, „Брачно советувалиште“ најдобра претстава на 12. фестивал „Гола месечина“

Претставите годинава ги избра Роберт Ристов, а наградите беа доделени на последната фестивалска вечер, за кои одлучи жири во состав Кристина Ласовска, Оливер Јосифовски и Мирјана Поповска Ристов.

Дејан Пројковски добитник на Награда за најдобра режија, „Брачно советувалиште“ најдобра претстава на 12. фестивал „Гола месечина“

Македонскиот режисер Дејан Пројковски за претставата „За нас почнува живот“ доби Награда за најдобра режија, а „Брачно советувалиште“ на Театар Јазавац од Бања Лука е добитник на Награда за најдобра претстава на 12. Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, што од 10 до 13 овој месец се одржуваше во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром.

Претставите годинава ги избра Роберт Ристов, а наградите беа доделени на последната фестивалска вечер, за кои одлучи жири во состав Кристина Ласовска, Оливер Јосифовски и Мирјана Поповска Ристов.

Награда за најдобра машка улога жирито му ја додели на актерот Иван Томашевиќ за улогата на Данило Сречковиќ во претставата „Вонбрачна комедија“ на Сцена Маска - Србија. Томашевиќ, како што се наведува, со совршена избалансираност на енергичност, емоцијоналност и луциден хумор, изгради комплексен и слоевит лик, кој и покрај сложеноста, го изведе со завидна леснотија и артистичка прецизност, од самиот почеток па се до крајот на претставата.

Оваа година жири-комисијата одлучи за Најдобра женска улога да ја додели на актерките Глориа Дубељ и Ива Шимиќ Шакороња, од претставата „Ива и Глориа“ на Театар Керекеш - Хрватска кои, како што се наведува, со неверојатна брзина на трансформации и неизмерна сценска енергија, оживеаа повеќе препознатливи типизирани ликови од нашето секојдневие, оставајќи впечаток на убедливост во секој момент од претставата.

Наградата за најдобра режија ја доби македонскиот режисер Дејан Пројковски за претставата „За нас почнува живот“.

- Пројковски маестрално креира еден кохерентен и комплексен сценски свет, каде секој елемент е внимателно избалансиран помеѓу трагичното, комичното, радоста, болката, зависта, стравот од непознатото, трансформирајќи ја претставата во уметничко доживување со длабочина, се вели во одлуката на жири-комисијата.

Награда за споредна улога се доделува на актерот Душан Симиќ за улогите на Миша, Чеде и Мите во претставата „Вонбрачна комедија“ на Сцена Маска - Шабан, Р. Србија. Симиќ, според жири-комисијата, преку извонредното актерско мајсторство, оживеа три сосем различни лика, трансформирајќи се со силна, експресивна и многу прецизна актерската игра, која внесе во сцените дополнителна живост и комични моменти.

- Наградата за најдобра претстава на фестивалот се доделува на претставата „Брачно советувалиште“ на Театар Јазавац - Бања Лука заради исклучителната уметничка целина, каде режисерската прецизност во јасно заокружениот концепт, колективна актерска игра и впечатливото визуелно обликување, создадоа незаборавно уметничко доживување во целост, посочува жири-комисијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени

Се обидел со голема брзина да ги претекне, ги удрил во задниот дел од возилото и ги исфрлил од патот во дол.

Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени

Се обидел со голема брзина да ги претекне, ги удрил во задниот дел од возилото и ги исфрлил од патот во дол – две лица, 49 и 71 годишен, кои по судирот излетале од автомобилот опел корса, го загубија животот во фаталната собраќајна несреќа која синоќа се случила на автопатот кон Скопје, кај кумановското Агино Село. 65 годишниот скопјанец со Мерцедесот, кој ги удрил, завршил во банкината на неколку метри од местото на судирот.

Токму над мене е автопатот каде што излетала опел корсата и се превртила на покрив, завршувајќи во овој двор, притоа рушејќи ограда за на крај да запре при удар во дрво.

За страотната несреќа, покрај деловите од облеката и обувките на сопатниците во Корсата кои го загубија животот, сведочат и испокршените делови по коловозот и во дворот каде што автомобилот. кој екипата на Канал 5 го затекна додека службите ја отстрануваа од самото место.

Ова е состојбата на Опел Корсата по фаталната несреќа, во која животот го загубија две лица.

По судирот, бројни граѓани од Агино село и полициски службеници веднаш се впуштиле во помош и извлекување на остатите три лица кои ја преживеале несреќеата од автомобилот, а за кратко време дошла и итната медицинска помош. Меѓу повредените има и жена во деветиот месец од бременоста. Сите тројца се пренесени во комплексот клиники Мајка Тереза.

Веднаш по сообраќајната несреќа, возачот на мерцедесот е приведен и во моментов е во притовор во Куманово. Допрва истрагата ќе треба да утврди како точно дошло до судирот.

-Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на ЈО, М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава--СВР Куманово.

Трагичната ноќ не заврши кај Агино Село. 17 годишна девојка загина, а четворица се повредени по сообраќајна несреќа која се случила на патот Битола – Прилеп, кај местото викано „Туланата“. Возилата ги управувале 28 годишник од прилепско Канатларци и 48 годишен жител од Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило и седум годишно дете.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме - Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со директните средби со граѓаните и отчетот за преземената одговорност во Владата и Собранието.

Пред граѓаните во Велес, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека политиката мора да биде во функција на државата и интересот на граѓаните, а не борба за позиции.

„Не влеговме во Владата за фотелји. Влеговме затоа што веруваме дека Македонија може да биде подобро место за живеење и дека државата мора да се гради со работа, морал, одговорност и резултати.“ истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека отчетноста не смее да биде само политичка фраза, туку обврска на секој што ја добил довербата од граѓаните. „Ние не се криеме зад партиски фрази и дневнополитички партиски соопштенија. Она што сме го направиле ќе го покажеме. Она што не сме го направиле ќе го кажеме. А она што останува пред нас ќе го завршиме. Македонија нема време за уште едни изгубени години“ порача претседателот на ЗНАМ.

ЗНАМ е единствената политичка партија во Македонија која по две години пред граѓаните излегува со конкретен отчет за својата работа и резултатите што ги постигнала, без коруптивни скандали, афери и лични интереси зад себе. Со тоа покажуваме дека политиката може да се води поинаку, со работа, одговорност и чесност.

На панел-дискусијата свое излагање за постигнатото во изминатите две години имаа и потпретседателот на ЗНАМ и пратеник, Павле Арсоски, кој се осврна на работата на Собранието и законските решенија, како и потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој говореше за мерките и политиките кои се спроведени за македонското земјоделство и домашното производство на храна.

Димитриевски порача дека за функционерите на ЗНАМ во Владата претстои уште многу работа, но и дека ЗНАМ ќе продолжи да биде политичка сила која ќе поддржи се што е добро за државата, но и ќе биде коректор, и ќе предлага нови сопствени решенија. Исто така ЗНАМ ќе биде отворена и за критики, сугестии и мислења од граѓаните. Затоа што ЗНАМ е формирана од граѓаните за граѓаните. За ЗНАМ Македонија е вредност, обврска и наша заедничка иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц, по изборниот дебекл пред две недели на изборите во Саксонија-Анхалт и во период на зголемен притисок врз германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Мерц го откажа планираното патување во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, а раководството на неговата Це-Де-У вечерва ќе одржи состанок по објавувањето на првите резултати.

Особено неизвесна е ситуацијата за партијата на Мерц во Мекленбург-Западна Померанија, каде последните анкети покажуваат тесна трка меѓу Социјал-демократска апртија и екстремно десничарската алтернатива за Германија, додека Це-Де-У е блиску до изборниот праг од пет проценти. Доколку остане под прагот, партијата првпат би останала без пратеници во покраинскиот парламент.. Во Берлин, пак, партијата на Мерц според анкетите е на второто место за германската левица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер