Дејан Милошевски официјално признаен за македонски карате амбасадор - Канал 5

Дејан Милошевски официјално признаен за македонски карате амбасадор

Уште едно големо признание за нашиот светски карате судија, Милошевски кој живее и работи во САД. 

Дејан Милошевски официјално признаен за македонски карате амбасадор

Неговиот континуиран успех и успешното промовирање на Македонија во САД и во светот преку каратето му го донесe најголемото признание оваа година од конзулатот на Македонија во Чикаго, САД. Му беа доделени сертификати за благодарност и признание за македонски карате амбасадор.

Овие сертификати следат затоа што Дејан позади себе има огромни резултати.

„Оваа цела година во континуитет бев навистина фокусиран да го дадам максимумот и да направам големи спортски резултати. Покрај тоа успеав да бидам присутен и на сите поголеми интернационали натпреварувања во САД и на светското карате натпреварување во Будимпешта“, вели Милошевски.

„Немам зборови со кој би можел да ја искажам мојата благодарност до нашиот конзулат во Чикаго, што го препознаа мојот труд и континуираните успеси на моите ученици во клубот. Како македонски карате амбасадор ќе продолжам да ја претставувам Македонија гордо во најдобро светло секаде и секогаш“, истакна на крајот Милошевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер