РакометДејан Манасков нов ракометар на Еурофарм ПелистерАктуелниот шампион Еурофарм Пелистер го официјализираше денеска трансферот на поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец Дејан Манасков.„Левото крило со богата интернационална кариера целосно се вклопува во мозаикот на тим составен од најдобрите македонски ракометари и елитни странци“, соопшти попладнево битолскиот ракометен клуб во чиј редови во 90-те години од минатиот век со голем успех настапуваше и таткото на Дејан Манасков, Пепи Манасков. Триесетиедногодишниот Манасков претходно настапуваше за матичниот скопски Металург, бундеслигашите Вецлар и Рајн Некар Левен, како и унгарски Веспрем, пред да се врати минатата сезона во македонскиот клупски ракомет како играч на Вардар 1961. За македонската репрезентација одигра 72 натпревари и постигна 279 голови од дебито во 2012 година. „Манасков првиот тренинг со новите соиграчи ќе го има утре, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари“, најави Еурофарм Пелистер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? Сите интитуциите знаеле, но татко и ќерка со години успевале да им пркосат на надлежите и бесправно да стопанисуваат со уникатниот геоморфолошки локалитет „Куклица“ во кратовско. Веста дека семејство го узурпира локалитетот, па дури и наплаќало влезници, предизвика бура реакции во јавноста. Случајот датира од поодамна и веќе е предмет на судска постапка. Екипа на Канал 5 денеска е во Куклица, препознатлива по камените кули. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и ГалиштеВладата е блиску до одлука државата сама да ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште.Владата е блиску до одлука државата сама да ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште – премиерот Христијан Мицкоски вели се работи на физибилити студија за еден од најважните стратешки објекти од областа на енергетиката и одлуката ќе ја носат заедно со раководството на државни електрани. Ваквата најава на Мицкоски доаѓа по години обиди за реализација на овој проект и 14 неуспешни тендери за јавно-приватно партнерство или концесија. Според владините проценки проектот би чинел 1,5 милијарди евра. Мицкоски вели доколку успеат да формираат синдикат на меѓународни финансиски институции а разговорите се во таа насока тогаш владините оечкувања се дека веќе следната година ќе биде ставен камен темелник. „Имајќи ги предвид климатските промени убеден сум дека не само на Македонија туку и на регионот ќе им требаат два резерворари со вода за пиење а токму тие се тие акомулации, така што производството на електрична енергија не е примарен предизвик, имајќи предвид дека под постоечката хидроцентрала Тиквеш се наводнува земјоделско земјиште.. ценам дека овие колични на вода можат да го помогнат овој процес па дури потоа да зборуваме за производство на електрична енергија.. да стиснеме заби....“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Приоритет на Владата е и изградбата на патната инфтраструктура.. Мицкоски очекува целосно пуштање во употреба на автопатот Кичево – Охрид во првиот квартал од 2027 година, додека делот од Извор до Врбјани каде се наоѓааат тунелите да биде готов и пуштен во употреба најдоцна во октомври, а до крајот на овој месец премеирот најави конечно да почнат работите и за изградба на автопатот Скопје – Блаце. „Вчера одбив инфорамција завршена е процедурата за избор, завршени се сите одговори на жалби и поплаки и во прв и во втор степен комплетирана е процедурата и очекувам старт на теренските активности најдоцна до крајот на овој месец.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Премиерот е оптимист дека следната година би почнал и проектот за изградба на нов клинички центар, доколку се се одвива како што треба и државата успее да се договори со сопственикот на земјитешто на Илинденска, во близина на СЦ Борис Трајковски. Според планот Клиничкиот центар би бил поврзан со болницата „8 Септември“ преку подземен премин под булеварот, а во комплексот би биле вклучени и ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а наскоро и лажен лебДодека Брисел по кратка постапка му ги враќа законите затоа што не се во согласност со европските стандарди, Христијан Мицкоски повторно црта на табла.Овој пат објавува „10 милијарди евра за 10 години“ и „57 километри автопат“. Ова не е некаков план туку класична пропаганда која ние денеска ја разобличуваме. Ајде да погледнеме што всушност најавува. Според неговите изјави, во наредните 10 години треба да се изградат и реконструираат патишта, железница, болници, енергетски објекти и други капитални проекти. Сето тоа, велат, вреди 10 милијарди евра. Прво, 57 километри автопат за 10 години. Тоа значи 5,7 километри годишно. Пет километри и седумстотини метри автопат по година. Ова е смешно. Македонија со ова темпо ќе ја гради својата автопатска мрежа уште неколку децении, како што ни ветува дека и ЕУ ќе ја чекаме со децении. Второ, БДП на Македонија изнесува околу 14 до 15 милијарди евра. Најавата за 10 милијарди евра значи 1 милијарда евра годишно само во инфраструктурни проекти. Тоа е 6 до 7 отсто од целиот БДП секоја година. Ова е огромен износ за ваква мала економија. Но, уште поопасно е што нема ниту еден јасен извор на финансирање. Јавниот долг Мицоски веќе го зголеми за преку 2,3 милијарди евра за 2 години. ЕУ фондовите се блокирани, буџетот е празен, а странските директни инвестиции паднаа за 60 отсто. Единственото што останува е ново задолжување - што значи уште поголем товар за граѓаните преку повисоки даноци и поскапи услуги. Трето, во моментот кога Мицкоски тврди дека Македонија е „трета економија во Европа“, граѓаните имаат празни фрижидери. Имаме најниски плати во регионот, најниска минимална плата, а цените на основните производи растат секој месец. Како е можно една земја да биде „трета економија“ кога нејзините граѓани се меѓу најсиромашните во Европа? Четврто, оваа најава доаѓа во моментот кога рејтингот на Мицкоски опаѓа. Затоа повторно гледаме лажни анкети, исто како што Орбан објавуваше анкети дека убедливо води, а на крајот изгуби. Исто како што Вучиќ објавува свои анкети, а не смее да распише избори. Copy-paste модел. Лажен патриотизам, лажни анкети, лажни реформи и сега уште еден слој - лажни економски ветувања. Петто, кога некој кажува „10 милијарди за 10 години“, а не кажува од каде точно ќе дојде тој пари и како ќе се врати, тогаш не се работи за развој, туку за нова должничка замка. Граѓаните ќе плаќаат камати, ќе плаќаат поскапи услуги, а на крајот ќе имаат уште помалку пари во џеб. Мицкоски и неговата криминална организација немаат ниту еден реален резултат. Затоа произведуваат лажни вести, лажни анкети и лажни ветувања. Сè е исто - истата пропагандна машинерија што ја користат авторитарните режими во регионот. Граѓаните не јадат цртежи од табла. Тие јадат поскап леб, плаќаат повисоки сметки и гледаат како нивната иднина се продава за лажен оптимизам. Доста е со оваа измама. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одборКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16