Дејан Дуковски ќе ги отвори „Лица без маски“ - Канал 5

Дејан Дуковски ќе ги отвори „Лица без маски“

На сцената на Театар Комедија утре /18 април/, во 20 часот, Дејан Дуковски ќе го отвори 8. Издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, пред почетокот на изведбата на неговата култна претстава „Буре барут“, на бугарскиот театар „Николај Бинев“ и „Креди арт“ продукција, во режија на Ана Батева.


Драмските текстови на еден од нашите најплодни автори, познато е дека се поставувани на театрските штици секаде низ светот, но ретка е можноста истите да бидат видени и од македонската публика.

Како и секоја година претставите ќе ги оценува три членото жири, а годинашново е во состав: Таци Илиева-Велјиќ-актерка, режисерот Бојан Трифуновски и новинарката и театарски проследувач Сребра Ѓорѓијевска.

Утре, по свеченото отворање, во 22 часот во тоалетите на Театар Комедија, ќе биде изведена и претставата „МОРАМ ДА ТИ КАЖАМ НЕШТО“, на Џузепе Бонифати, од Италија.

Следната фестивалска вечер, на 19 април е резервирана за македонската независна продукција. Во 20 часот на МАЛАТА СЦЕНА на МОБ, ќе биде изведена претставата „СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ“ во режија на Ангелчо Илиевски, а во 22 часот истиот ден на „Мала сцена“ на Универзална сала, ќе гостува претставата „К“, во режија на Хана Миленковска.

На 20 април, од 20 часот, на МАЛАТА СЦЕНА НА МОБ ќе биде изведена претставата „КОПИЛИЊА ВО УМОТ“, на победниците на „Лица без маски“ од пред две години театарот „Софија Амендолеа“, а последниот фестивалски ден, 21 април, од 20 часот, е посветен за „МАШИНАТА ЈАН БИБИЈАН“, на режисерот Петар Пашов и театарот „Ателје 313“ од Софија, Бугарија.

Сите љубители на театарот билетите за претставите може да ги купат на касата на Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот. Цената на билет за секоја претстава одделно чини 150 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер