Дејан Дуковски: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ има многу важна улога за мене како автор - Канал 5

Дејан Дуковски: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ има многу важна улога за мене како автор

Уште како студент учествував со „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, текст кој имаше многу напади од типот дека сум против македонската кауза. 

Дејан Дуковски: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ има многу важна улога за мене како автор

Но, се појавија неколкумина на фестивалот што застанаа зад претставата и текстот и јас ја добив наградата за најдобар текст. Фестивалот имаше голема улога во моето растење како автор - рече Дејан Дуковски, вчера на разговорот посветен во негова чест како автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Топла атмосфера, многу почит кон Дуковски можеше да се сведочи меѓу присутната публика. Пред разговорот, беше отворена изложба на 75 театарски плакати од претстави работени според драмите на Дуковски низ цел свет. Автор на изложбата е Јасмина Алексова.

-Изложбата на театарски плакати обединува две уметнички практики драмска и ликовна. И овие плакати се само дел од вкупниот број плакати па работени по претставите на Дејан. И плакатот сам по себе претставува еден вид визуелен сублимат на драмскиот текст и неговото поставување на сцена или на филмското платно. И самата улога му е да најави, да информира, да ја испровоцира публиката да го види делото - рече Алексова.

Во разговорот на Дуковски со Стојаноска, тој се потсети на неговиот учител, Горан Стефановски, за кого вели дека инсистирал да читаат драми, Шекспир... Тој ни велеше, сè е напишано во античката драма и дека ние треба да рециклираме драми, односно да ги разработуваме истите теми.

На прашањето какви искуства имал со режисерите, посебно со тие со кои работел прв пат, Дуковски истакна дека не секогаш имал среќа.

-Некогаш се случува некои претстави да бидат и подобри од самиот текст, отвориле нови нивоа, нови стојалишта. Многу пати се изгубени дури и оние основните нешта. Тоа е една од вистините кога пишуваш драма, не знаеш каков ќе биде крајниот производ на сцена. Јас секогаш ги затворам текстовите после претставите, односно после интерпретацијата на актерите. Многу пати во самиот процес некои реплики доаѓаат, па пак се прифаќаат, форма, затоа што е важно да поминат низ филтерот на актерите. Тие најдобро ги детектираат зборовите и чувствата. Драмата не е уметност на самите зборови, драмата е уметност на контекстите и на чувствата кои тие зборови ги носат во претставата - рече Дуковски.

На моите студенти кога редовно им предавам за Дуковски, им напоменувам дека постојат драмски автори коишто се еве, академски драмски автори. Главниот терет на драмата го носат актерите и начинот на кој што режисерот ќе ја направи претставата, истакна Стојаноска.

-Драмата ја гледаме и вистински ја разбираме во мигот кога ќе ја видиме на сцена. Пред десетина години напишав еден текст „Колку ме боли кога те нема“, според реплика „Маме му е... кој прв почна“, односно последната песна, во којашто цело време размислувам за сликата на љубовта во драмите на Дејан Дуковски. Кога ги гледате во претстава, тоа не е типична љубовна изјава, тоа е травестија на љубовта, едноставно излегува настрана. И токму мислам дека е тоа многу важно кога ги читаме драмите, да не го заборавиме тој контекст на сценското што го бара баш Дејан. Овој контекст важи и при пишувањето, меѓутоа и при поставувањето на претставата во оваа форма - рече Стојаноска.

Дуковски тврди дека кога репликите ќе се кажат на сцена, тие добиваат поширок контекст и значење.

Какво беше првото поставување на „Црно злато“, претстава што в петок ќе гостува на фестивалот, на затворањето и ќе биде убава прилика за македонската публика да ја види.

-Мислам дека Оливер Фрлјиќ во моментов е еден од поинтересните режисери на овие простори. Мислам дека самата претстава носи автентичен израз, прилично свеж. Претставата не е така ангажирана како што вообичаено се очекува од Фрлјиќ. Мислам дека ова е една фаза негова посмирена во драмска смисла. Фрлјиќ работи многу убаво тимски - рече Дуковски.

Актерката Катерина Коцевска го сподели впечатокот од премиерата во Белград и истакна дека публиката не поделила куртоазен аплауз, туку многу искрен. Таа истакна дека е голем потег тоа што Стојаноска годинава ја носи претставата во Прилеп.

Во однос на темата поставување и поддршка на новите текстови, Дуковски рече дека смета дека треба да се организираат повеќе драмски читања.

На прашањето дали замислувал кога бил студент дека ќе дојде ден кога неговото дело ќе биде славено на фестивалот од калибарот на „Чернодрински“, тој вели дека токму од Прилеп се лансирал како автор.

-Уште како студент учествував со „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, текст кој имаше многу напади од типот дека сум против македонската кауза. Но, е појавија неколкумина на фестивалот што застанаа зад претставата и текстот и јас ја добив наградата за најдобар текст - рече Дуковски.

Оливера Ќорвезироска од име на издавачот „Арс Ламина“ ги промовира двете книги драми на Дејан Дуковски, посочувајќи дека станува збор за прапромоција на делата објавени во едицијата Македонски книжевни класици. Таа направи убав пресек не само на делото и значењето на Дуковски, но и поширока компаративна анализа за македонската постмодерна на која и тој и припаѓа.

-Ова двотомно издание е значајно и јасно видливо од која точка и да се погледне. Како крупните, маркантни објекти што постојано ги гледаме, колку и да сме оддалечени од нив. Како ориентир што ни дава сигурност дека нема да се изгубиме сè додека го имаме во очите, како чувство дека сме таму каде што треба да бидеме. Значајно е за Дејан Дуковски; значајно е за едицијата и за издавачот; уште позначајно е за сите нас, зашто на едно место и со најнов авторски препрочит (што е исклучително важно и возбудливо!) имаме десет драми, сосе најновата „Црно злато (Опиум или Пари)“; а најзначајно е, сепак, за македонската драма, за македонскиот театар, за македонската книжевност и за македонскиот широк културен контекст - рече Ќорвезироска.

Драмите на Дуковски не се остров сред морето на современата македонска книжевност, туку цврсто копно втемелено заедно со другите жанрови. Тие не се ниту одделени и изолирани од современата книжевност, иако лично сметам дека премалку зборуваме и се занимаваме со тоа, со единството на уметноста создадена, во нашиов случај – напишана, на македонски јазик. Новиот жанр во Македонски книжевни класици дополнително го збогати опсегот на едицијата и на тоа сме мошне горди, истакна таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер